|
||||
Саво Костадиновски: Четврти дел од романот |
И односот кон природата во Тибет, Кина и Индија се гледа низ призмата на религијата – од будизмот е благословена секоја материја на светот. Соживотната филозофија на поларитетите на Јунг и Јанг со правилното восприемање ма космичките енергии се одраз и врз здравјето на човекот, за едно совршено благотворение на телото и нежно чествување на духот и разумот, во хармонично созвучје од атомот до универзумот, како најдобар пример на библиската максима со исконско значење: во почетокот беше зборот. Со природата човекот општи со разумот и самиот го избира патот како ќе си ја постави сопствената живејачка. Сам си ја бира мисијата на животот со сите благодети што сака да му ги донесе тој. Само ако е свесен за сопственото битие ќе знае колку судбината му е судбинска, а колку случајноста случајна. С# друго природата богогласно го определила во него. А таквите состојби најдобро ќе ги уочи на поодминати години, кога погледот наназад му е јасен, а продорен во секоја животна филозофија. Јас на моите педесет години и осознавав и јасно можев да погледнам зад себе... Природата во човекот е рамна на природата на светот, пред четирите елементи од кои е создаден тој до величествен дух, за да ги распознава доброто и злото, убавото и лошото и еден цел ред од разлики дадени во правилата на старите таостички симболи Јинг и Јанг. Со оглед на таквите сознајби, да се прогледа низ духовното око со самосвеста и самодовербата, во чиј отсјај сам може да ја види својата уметност на животот, значи да ја достигне мудроста благотворно да балансира во светот во којшто живее за да не остане обезличен пред својата книга на животот. А отсекогаш сум ја претпочитал книгата на животот.
|