|
||||
Мариово - „Мирна земја“ (2) |
„Мариовскиот говор е премногу чист од странски зборови и промеси. За неговата чистота следните околности им помогнаа најмногу: планинскиот карактер на земјата ја прави тешко достапна и изолирана за страни посетители или од соседството; нема ниту Турчин, ниту Грк, ниту Влав, ниту Србин, ниту Албанец, ниту пак Циган (Ром – н.з.). Маровецот не знае и за емиграцијата (гурбет). Тој е толку цврсто поврзан со родниот крај што никакви услови и околности не можат да го одведат од него. Во време на последната војна Мариово беше фронт, земјата се претвори во пепелиште, но Мариовецот не замина од овој крај ниту како бегалец, ниту во странство (Америка и во други места) за печалба или прехрана.“ – пишува Георги Траjчев во својата книга за „Мариово“. Георги Трајчев во книга „Мариово“, чие второ издание се печати во 1923 година, во својот опис на Мариовци кои живеат изолираното во т.н. „Мирна земја“, за нивното образование, говор и традиции ќе го забележи следното: „Во културно-образовен однос, Мариово е многу заостанато. Населението е едноставно, наивно и неуко. Живее патријархално во мали куќи заедно со стоката. Целата земја да "хуриетот" имаше само 1-2 училишта. Земјата е лишена од интелигентни сили. Од Мариово, само еден млад човек го завршил четвртото одделение на Солунската гимназија пред 35 години и уште еден друг има завршено свештенички курс во Скопје. И свештенството на овој крај се одликува со својата едноставност. Неговото образование било во училиштето во Витолиште, кое постоело уште од 1829 година под водство на калугерот Лунгур (?), роден во селото Кокре (Мариво) и воспитаник на Света Гора. Учебните предмети беа: наусница, псалтир и евангелие. Витолишкото училиште како расадник на културно образовниот процес во Мариово е многу назад. Од таму излегуваа ѓаци и попови, иако со ограничени знаења. Ваквото училиште, во стари времиња, имало во Чебренскиот манастир (Мариово). Иако овие училишта давале на земјата ѓаци и попови, едноставноста и незнаењето како во свештенството, така и кај населението, се премногу типични. Населението, во верска смисла, е многу суеверно... Во повеќето села старите цркви се ниски, мали и темни само со по една-две дупки, наместо прозорци. Едноставноста и незнаењето на Мариовците создале неколку анегдоти... Еднаш еден Мариовец дојде во градот да купува по повод свадбата на својот син. Влегол во бакалница и му се пожали бакалинот на високите трошоци. Бакалинот го поткрепил тврдењето на Мариовециот со своите додавки велејќи дека трошоците потребни за свадба - мадба: вино- мино, ракија - манија, чалгија - малгија и др. така што Мариовецот се исплашил од двојните трошоци што треба да ги направи за мадба, мино, мапија, малгија и др. и решил да се откажат од свадбата. Во друг дуќан, сепак, му направиле поедноставна сметка, без овие додатоци, па Мариорамот се смирил и ги направил потребните купувања за свадбата. Друго. Мариовец е почестен со кафе, во кое намерно е ставена сол наместо шеќер. Тој го испил кафето без мрморење, а на прашањето: дали кафето е убаво, - тој вели дека е малку соленко. Градското население смета дека Мариовецот е синоним за .. “прост" и го нарекува "торлак". Тиквешани пак го нарекуваат Мариовецот со името "дујка". Голема одговорност за тоа незнаење на Мариовецот, паѓа на црковно-училишните власти (Прилепско црковно-училишна општина, пелагониската митрополија и Егзархијата). Целосната незаинтересираност од страна на овие власти беше во врска со културното просветлување на овој заборавен крај. Ногата на владиката ретко беше таму. За просвета ниту збор не стануваше низ канцелариите на поменатите фактори до "Хуриетот", кога се создаде инспекторскиот институт. И тогаш дури, Егзархијата дејствуваше многу слабо. Требаше грчката пропаганда, потикната од турската власт, да ги зајакне своите агитации преку своите агенти: наставници, учителки, доктори, четници, поткуп; мораше да сме неми сведоци на погрчувањето на овој чисто ... (македонски – н.з.) крај, мораше да помине година време за да си ги отвориме очите и ја спасиме земјата со контра-мерки. Сега (1909 година) направивме се за да ја надоместиме загубата, а владиката почна почесто да го посетува тој крај и отворивме училишта во многу села; и во селото Витолишта се отвори архиерејско намесништво; како и училиште со III класа беше отворено со економски интернат. за образование во земјата. Говорот на Мариовецот е близок до Тикешкиот. Акцентот секогаш паѓа на вториот слог, не оди подалеку од третиот слог. Примери: воденица, валавица и др., со член воденицата, тепавицата и т.н., акцентот е на третиот слог. Енклитичните форми на мариовскиот говор не влијаат на акцентот. По синтакса и етимологија, овој говор е ист како и Прилепскиот. Во речникот, мариовскиот говор задржал многу стари форми и зборови кои јасно го разликуваат од сите соседни говори. Мисур велат на јадење (чинија европска) паленица (паница) и други. Мариовскиот говор е премногу чист од странски зборови и промеси. За неговата чистота им помогнаа најмногу следните околности: планинскиот карактер на земјата ја прави тешко достапна и изолирана за страни посетители или од соседството; нема ниту Турчин, ниту Грк, ниту Влав, ниту Србин, ниту Албанец, ниту пак Циган (Ром – н.з.). Маровецот не знае и за емиграцијата (гурбет). Тој е толку цврсто поврзан со родниот крај што никакви услови и околности не можат да го одведат од него. Во време на последната војна Мариово беше фронт, земјата се претвори во пепелиште, но Мариовецот не замина од овој крај ниту како бегалец, ниту во странство (Америка и во други места) за печалба или прехрана Тој го знае и познава само градот, каде еднаш неделно слегува на пазарот. Мариовецот е исто така тврд и конзервативен кон јазикот, верувањето и обичаите. Тој и по 50 и 100 години не може да усвои и да научи ниту еден едноставен српски збор.“ (продолжува) |