|
||||
ЧЕТВРТИ ДЕЛ ОД РОМАНОТ |
Човекот во мисијата на животот се менува биолошки, социолошки и психолошки. Никогаш не останува сосема ист. Промените подзапираат кај педесеттата, тогаш се стабилизира, ги сумира животните ускуства. Тогаш возраста можеби најмногу доаѓа до израз како зрелост. Не може с# во животот да се третира како судбина, случајност или карма. Потребно е на животот да му се погледне низ духовното око. Дури на таа возраст најмногу мислев на советите на Дедо Јанко. Јас го знаев од приказните, но го запознав во зрели години. Го слушав и му верував, зашто с# што кажуваше дедо Јанко беше вистина. Ми велеше дека на зрели години во светот нема ништо помило од родниот крај. Туѓина можеш да си смениш, ама родниот крај не можеш да го смениш, тој е еден и единствен. Така ми зборуваше од своето животно искуство. Така ми зборуваше оти таква е вистината. А сиот живот е вистина, но сиот живот е непредвидлив. Никогаш не знаеме што носи и до каде ќе н# донесе. И во што ќе се испреплете. Чудни се некогаш патиштата во животот. Животот сам ги носи изненадувањата. Тоа е судбината. Наместо како привилегиран син на воен инвалид со стипендија од Титовиот фонд да учам во родната земја, јас учев и печалбарев во земјата на оние кои го раниле татко ми. Наместо во една, сум заминал во друга земја. Наместо да се вратам во родната, јас сум останал во втората татковина... Всушност, животот е полн со непредвидливи моменти... Таков е животот. Навистина носи и многу опасни мигови. Носи премрежиња. Сега само можам да си припомнувам за неколкуте случаи од детството до денес кога за влакно сум го спасил животот. По таквите моменти го чувствувам како дар, како божја дар, како повеќе од судбина... Јас се чувствувам како преживеан филмски јунак... Сите важни моменти се спомени. Спомените се составен дел од животот, ако не се тие исто како да не бил животот. Тие се дел од мојот живот, без разлика дали ќе ги чувам само за себе, ќе & ги раскажувам на ќерка ми или ќе ги споделувам со многумина... А велат дека животот е богат ако е полн со спомени. Дедо Јанко некогаш многу ми раскажуваше. Кога сум со ќерка ми и јас многу раскажувам. Можеби е така со луѓето што го напуштиле родното огниште и заминале далеку да печалат, односно да живеат и да работат. Моите спомени се мојот свет, мојата појдовна точка кон сиот свет околу мене, кон сите страни и меридијани... Сите спомени не може да се запишат. Голема е книгата на животот.
|