Среда, 31 Јануари 2018    PDF Печати Е-пошта
Мариово „Мирна земја“ (3)

vitoliste

„Во земјата на пословичната едноставност на мариовецот, природата пак великодушно го надарило мариовското население со чудесна убавина и прекрасна - витка става, особено женскиот пол. Целото население се одликува со висока стројна фигура, складно тело и убави црти на лицето. И при оваа телесна убавина, ако се придодаде и шарената, гиздава женска селска носија, украсена со секаков вид сребрени и други накити, имаме убавици, какви ретки се среќаваат.“ –  пишува Георги Траjчев  во својата книга за „Мариово“ (1923).

Во овој дел од својата книга за Мариово, авторот Трајчев се осврнува на прекрасната мариовска носија, на убавината на маривската жена, за безаконието кое владее врз незаштитенито население и насилното поторчување на мариовските моми. Овде тој ќе истакне дека и покрај бунтувањето на населението, ваквата состојба ќе остане се до појавата на Македонската револуционерна организација. Во својот опис за насилството врз мариовската жена кое го вршеле турските бегови и аги во изолираната т.н. „Мирна земја“,тој ќе забележи:

„Жените (во Мариово – н.з) сакаат да си го нашминкаат лицето со разни белила и кармини... Оригинални се крстните имиња: Брајан, Стале, Бино, Китан, Зојка, Крајо и други. Уште пооригинална е мариовската носија - женска и машка.

Мариовката косите ги плете на многу ситни плетенки, кои пред очите покрај челото, ги засуква дел од нив за да го заврзат поцлето, - волнени плетеници ..., украсено со 3 - 4 реда тенеќиени жолтици и со други калаени и сребрени монети. Пред ушите ја подсекуваат косата како муслиманка. Кошулата е долга, од домашно дебело платно, со многу шари и везове. Над кошулата носат шајак, волнена облека без ракави, долга до половината, начичкана со разни шари. Таа облека се опашува со појас, плетен од волна, долг 5-6 метри. Напред “тургат“ фута (престилка). Над неа се заврзува друга престилка, везана со срмено и алово предиво, а врз неа тургат сребрени пафти.

Врз тоа облека се навира ресачка, шаечна облека без ракави, долга до појас, везена од страна со разни шари. На грлото се носат ѓердани, од 2-3 реда нанижани сребрени и калаени пари. На ушите имаат ушници, долги и тешки, од стари сребрени пари. На главата стават сокај, слично на епитрахил, широк 2 педи и долга тканина до подколена, украсен со разни дрнкала тенеќени, калаени. На рацете, од рачниот зглоб до лактот, носат наракавници, плетени од волна, со црвена боја. На нозете, од глуждовите до колената, носат палци, исто така, плетени со шарено волнено предиво.

И машката носија е прилично оригинална. Кошули од домашно дебело платно со бочници (плисе) на половината, јака со разни везови... Бечви, гаќи од шајак - бели или црни. Појас, волнен, црвен, пристегнат со ремен и тока. Ќурдија, шајачна, украсена и долга до појас. Ресачка, шајачна, .. црна или бела, долга до над колена. Над ресачката ставаат кусале, шајачна кратка до појасот облека без ракави, како ќурдијата и ресачката. Чорапи волнени, дебели, подврзани под колена со подвезки, ткаени алови коланчиња. На главата носат плетено капче..., обвиено со црна или бела платнена чалма, долга 1,50 - 2 метри.

Многу од момчиња до тинејџерска возраст не ја стрижат косата, но ја плетат во една или две плетенки и ги носат пуштени како жените, или се свиткани под капа како поповите. Постарите мажи ја бричат целата глава или оставаат дел од главата небричен.

Во земјата на пословичната едноставност на мариовецот, природата пак великодушно го надарило мариовското население со чудесна убавина и прекрасна - витка става, особено женскиот пол. Целото население се одликува со висока стројна фигура, складно тело и убави црти на лицето. И при оваа телесна убавина, ако се придодаде и шарената, гиздава женска селска носија, украсена со секаков вид сребрени и други накити, имаме убавици, какви ретки се среќаваат.

За несреќа, бидејќи земјата е планинска и малку е продуктивна, истата таа убавица е принудена повремено да слегува во градот и за 5-6 гроша дневно да станува аргатка по турските чифлици, каде често пати по неволја, беше приморана ди го даде телото на проклетите  агарјани. А не беа ретки и случаите на присилно потурчвање. Секое лето бевме сведоци на неколку потурчвања.

Често пати овие насилства даваа повод за конфликт меѓу двете вери - муслиманската и христијанската. Помнам како мало дете, кога за едно такво потурчване стана на нога целото ... население од градот и на најдемонстративен начин бараше од власта предавање на насила потурчена мариовска мома. Разбунтуваниот народ се смири само откако се предаде момата во рацете на нејзините родители.

Не помалку разврат се внесе во овој крај и од таканаречените спахии. Разните агалари и бегови се натпреваруваа за тоа кој да закупи спахилак во мариовско, со единствена цел да блудствува и развратничи со целата своја придружба, која се состои од цела дузина изметчии, чибукчии и на нив слични развратници. Ниту еден (Македонец – н.з.) не смееше да се појави како конкурент за ... мариовско. Тоа право го имаа само Турците. По купувањето на селото Агата се вселувал во онаа куќа, каде има најубава мома. Момата за цело време на престојот на спахијата во селото ќе го служи и ќе виси околу него. Таа ќе му го намести леглото; таа ќе ја подигне постелнината; ќе полива вода; ќе ја постави масата, итн, услуги и тортура. На овој начин, девојката станува агова посестрима – миленица.

Во замена на ова посестринство, девојката е опсипана со подароци (шарена шамија, коланче, белило, кармин, сребрени и калаеви нанизи, итн.). Откако спахијата со своите луѓе ќе се засити со првата посестрима, тој си избира втора, трета и така натаму. Се случувало во едно село да има 4-5 такви миленички. За најсреќна се сметала онаа куќа чија мома станала посестрима на агата. Куќата е заштитена од агата, и никој не се осмелува да се закачи со некој член на семејството, ниту пак за добиток или други имоти. Кога ќе дојде време девојката да се омажи, агата го избира младоженецот и особено е среќен оној млад човек на кој ќе му се падне да ја има за жена посестримата на агата! Не малку помогна за тој разврат и тогашните лоши околности. Населението било без заштита пред разните ограбувачи, и на тој начин преку своите девојки и невести гледале да бидат под грижата и заштитата на турскиот бег, ага или падар. Не минуваше пазарен ден (сабота) да нема убиство на некој Мариовец. Честопати се правеа и масовни убиства на цела група пазарџии на селскиот пат. Ова збратимување, а често пати поврзано со него и со убиства, во пракса е до создавањето на (Македонската) револуционерна организација во земјата. Со доаѓањето на првите нелегални луѓе, се стави крај на оваа состојба.“

Македонска нација

(продолжува)

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.