Среда, 28 Февруари 2018    PDF Печати Е-пошта
МАКЕДОНСКИТЕ КОВАНИЦИ, ПЕЧАТ НА МАКЕДОНСКАТА ИСТОРИЈА

МОНЕТИТЕ ЈА СОЧУВАА ВИСТИНАТА

Блеска сјајот на македонските пари во колекциите по светот

Историјата на Македонија испишувана низ долги милениуми со кованиците на македонските цареви ни го претставува тоа неисцрпно богатство, застапено во сите симболи на монетоковањето. Тоа е наше овековечување. Трајност, факти. Континуитет, убавина. Вредност, уметничко обликување и сведоштво низ историјата...

Moneti-aleksandar

Кованите монети- статерот на Александар Македонски беше единствено разменско средство во цела Индија и поранешното персиско царство неколку стотини години и по владеењето на Големиот Александар.
Македонските влијанија на македонските пари се исти како и влијанијата и потеклото на европските царства во сродство со македонските династии.
Сите колекционери, покажувајќи го историјатот на ковачниците, сакаат да покажат претопување на македонската историја во "елинистичка" или "предримска".

Така ги покажуваат сличностите на македонските кралеви и симболи со "римските" или
"византиските". На парите се гледа и се чита сè тоа што е македонско.
Во народот парата отсекогаш преставувала фетиш или амајлија.
Секогаш жените се кителе со пари, со златни и со сребрени низи со чапрази, со обетки од златни пари, со лента нанижана на чело, со прстен од пара...

За жал, што и да се открие и да се гледа дека е македонско по симболите, како и парите, се прикажува како да им припаѓа на некои други народи.
Знаеле Македонците како да создадат трајни вредности со порака, со писмо, со симбол на парите за да стигнат до нас како реликвии и по толку посегнувања, присвојувања и неспомнувања. Блеска сјајот на македонските пари во колекциите по светот.

Така сонцето на парите го среќаваме како точка, како круг, како ѕвезда или сириус, го среќаваме како блесок на сончевиот диск на самата пара.
Сонцето е потпис на парите од Македонија или старински гувернер, што гарантира севкупна вредност на богатствата во Македонија.
Во колекцијата на принтот речиси нема пара без македонскиот знак на сонцето.
Толку длабоко е навлезен сончевиот симбол во свеста на македонските династии и македонскиот народ за да ги зачуваат името и културата примарни за опстанок на државата.

Тука не застануваа македонското царство на монетоковањето.
Ковачниците од Пела, Стоби, Амфипол и сите други подготвено ги пречекале Римјаните за да им направат македонски пари, со македонски симболи на богови и букви и полека да ги вметнуваат римските императори до Август, Тибериј, Ливија, Трајан, Гордијан, Марко Аврелие.

Од 168 г. пред. христа. до 180 . пр. не и натаму до 2 445 – кај Гордијан II сите цезари се оковани во македонското сонце и ликовите на македонските богови на реверсот.

Гордијан отишол толку далеку со обожавање на македонските науки што за симбол го ставил Асклепио со змијата на стапот, како што го гледал на бистите наредени во Лицеумите низ македонските царски градови.
Кога се присвојуваат цивилизациските вредности на еден народ, на почетокот така правеле и римските цезари, се дружеле со имињата на македонските богови на парите.

Подоцна ги преименувале.
Така Асклепио станал Ескулап.
Сите императори се завиткале во македонските царски хламиди и го употребиле македонскиот штит, орелот, венецот и другите симболи од македонските пари. Александар Север дури до 235 н.е., година на реверсот, го носи Зевс исто онака како што бил врежуван во македонските пари пред 600 години и со исто име.

Сите колекционери, покажувајќи го историјатот на ковачниците, сакаат да покажат претопување на македонската историја во "елинистичка" или "предримска".
Така ги покажуваат сличностите на македонските кралеви и симболи со "римските" или "византиските".
Со тоа е постигнат обратен ефект.
Можеби тоа го прават несвесно, неуко или тенденциозно, се едно, на парите се гледа и се чита сè тоа што е македонско.

Има потреба од покомплексно претставување и реално, како што е тоа на парите.
Тоа значи поддржување на континуитет изразен за Македонија низ историјата на парите како историја на народот и државата.
Во исто време треба да се поддржува големото влијание во светот, кое го извршиле Македонците правејќи им култура и економија со пари на сите модерни држави во Европа.

Исто така,дабовиот венец е вплетен уште подолг период во кованите пари од Македонија.
Да го земеме статерот на Филип II или на Персеј, чии ликови со лента, дијадема на глава и од другата страна орел во дабов венец ги вклучува разновидните монограми, и Василевс или Базелиус (А.Б) титулата на царот.
Таа титула ќе се испишува уште 1.000 години на парите од македонската династија во Цариград на Константин до Васил II.

Парите се најголеми македонски морнари кои ги препловиле сите реки и мориња и три милениуми лежат закотвени по музеите во светот, на истите места каде што некогаш вршеле парична функција во оптек.
Истите тие пари од Македонија сега вршат историска функција, ни го бранат името и идентитетот.

Статерот на Александар во издание од било кој владетел на македонското царство, било единствено разменско средство во цела Индија и поранешното персиско царство неколку стотини години подоцна.
Македонските влијанија на македонските пари се исти како и влијанијата и потеклото на европските царства во сродство со македонските династии, како што тоа го утврди Александар Донски во своите истражувања.
Преку парите може да се утврди и колку римски императори и колку турски (везири) султани за да станат тоа што биле, претходно морале да го докажат своето македонско потекло.

Кај народот парата отсекогаш претставувала фетиш или амајлија.

Секогаш жените се кителе со пари, со златни и со сребрени низи со чапрази, со обетки од златни пари, со лента нанижана на чело, со прстен од пара и монистра од бисер.

Таа македонска традиција во круните и на облеката на цариците и придружбата царици, сите осветлени од македонско сонце.

Прстенот со пара имал и има особено значење при поздравувањето.
Во царското семејство служел како печат, а кај народот во Македонија бил свадбен подарок.
Секако дека изработката на парите прикажува врвна уметничка и ликовна способност за изработка, своевидно творештво, за да може само по себе да биде накит, да украсува и да разубавува.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.