|
||||
Македонија е главниот извор на апокрифите |
Во желбата да се задоволи набожното љубопитство на верниците кое не можеле да ги задоволат канонските списи со скржавите извештаи за личностите од Стариот и Новиот завет главно настанувале таканаречените Апокрифи. Апокрифите по содржина и наслов се сродни со канонските библиски книги, но таков авторитет црквата никогаш не им признала и не ги вовела во канонот. Интересен е самиот поим - “a`pokryfos” (а покриф) кој во македонскиот јазик и буквално значи - ја покриф, ја скрив и сл., а ова особено и зашто токму Македонија е главниот извор на апокрифите.
Најраните апокрифи од првите векови на христијанството се главно за да шират некакво морално или еретичко учење што се криело вешто зад библискиот авторитет. Ќе се користат и од богомилите како еретичко учење но, освен “Interrogatio Ioannis” како своевиден богомилски катехизам зачуван на латински превод, богомилите не создале ниеден друг апокриф.
Значи апокрифите се шират и пишуваат преведуваат, буквално насекаде низ Балканот а од таму низ Европа, а главно потекло им е од Македонија. Така на пример наспроти тоа што апокрифите не се меѓу канонските книги дури се вбројувани меѓу лажните списанија. Апокрифот “Протоевангелието Јаковово” го користи и Св. Климент Охридски при составувањето на “Проповед за пророк Захарија и за раѓањето на Јован Крстител” и”Похвалатa за Јован Крстител” (крајот на IX и почеток на X век). Многубројни црковни ликовни композиции се од апокрифи. Така, ликовното решение “Легендата за прекрасниот Јосиф” во Св.Софија – Охрид, потоа сцените од Богородичниот живот од манастирите во Старо Нагоричане, Матејче, “Легендата за Авгар” – Матејче, но, и многу други старо и новозаветни (“Книга за Аврам”,”Видение Исаиево”, “Видение на Варух”, “Книга за Енох”, “Видение на апостол Павле”, “Одење на Богородица по маките” и др.) (Извори – E.Turdeanu “ Aposryphes bogomiles et apocryphes pseudo-bogomiles” Revue de l`histoire des regions, Paris 1950, CXXXVIII, стр. 22-52 i CXXXIX, стр. 176-218; A.Vaillant “Le Livre des Secrets d`Henoch”, Tehte slave et traduction francaise, Institut d`etudes slaves, IV, Paris 1952; E.Turdeanu “La Vision de ssaint Paul dans la tradition litteraire des Slaves ortodoxes, Welt der Slaven, I, 1956, стр. 401-430; A de Santos Otero “Das Problem der kirchenslavischen Apokryphen, Zeitschrift fur Balkanologie, Wiesbaden 1962, Helft ½ ; A.Vaillant “L`evengile de Nicodeme”,Texte slave et texte latin,II Hautes etudes orientales ,1, Geneve, Paris 1968; E.Turdeanu “Letestament d`Abraham en slave et en roumain, Oxford Slavonic papers, 1977, New Series, vol.X, стр.1-38; A de Santos Otero “Die handschrifthliche Uberlieferung der altslavisshen Apokryphen, Band I и Patristiche Texte und Studien, Band 20, Berlin и New York 1978) Клаудија Лутовска |