Среда, 14 Март 2018    PDF Печати Е-пошта
Македонските седум чуда

adam-od-makedonijaАдам од Македонија е мала керамичка фигура на машко торзо во седечка положба, откриена во 2000 година со археолошкото ископување на локалитетот Говрлево (крај Скопје). Фигурината е датирана помеѓу 4-от и 3-от милениум п.н.е и претставува еден од десетте уникатни археолошки наоди во светот. Веднаш, по самото пронаоѓање, го доби епитетот - милениумско откритие. Адам има необична уметничка обработка. Тоа е еден нецелосно сочуван обид за претстава на маж фатен во момент на физичка или духовна активност. Ова машко тело, поставено во седната позиција, има нагласена анатомија, длабоко вовлечен стомак, истакнат папок, добро дефинирани мускули, видлив ‘рбет, па дури и скршен фалус.

ohridski-dlabiniОхридското Езеро е најголемото езеро во Македонија и меѓу трите најстари езера во светот. Од биолошки аспект, претставува најзначајен стагнантен акватичен екосистем во Европа, стар меѓу 3 и 10 милиони години, на чие дно се наоѓаат остатоци од вулканска маса кои биле активни пред 50000 години. Истражувањата покажале дека басенот под Охрид се карактеризира со три поголеми тектонски пореметувања. Станува збор за многу стар еко-систем. Научниците велат дека под дното се крие уште едно помало езеро. Најстарите населби околу езерото датираат од неолитскиот период, околу 6000 години п.н.е., а откриени се повеќе од 170 археолошки места.

Makedonsko_rakopisno_pismoНа овие простори е откриена најголемата концентрација на цртежи на купули, разни видови крстови, реткули, гравирани врз карпите и камењата од времето на палеолитот, први почетоци на било каква духовна манифестација на човекот од нашата планета. Македонското писмо, според анализите на археолозите и историчарите, е едно од најстарите писма и претставувало основа во создавањето на египетското, римското и други писма. Старомакедонската азбука е писмото што го користеле македонците до 7 век. Глаголицата е најстарата позната азбука и била создадена од Св. Кирил и Св. Методиј 862–863. Климент Охридски ја создал кирилицата, 886 година ја формирал Охридската книжевна школа, прв Универзитет, од кој излегле 3500 ученици.

alsarАлшар е необично и мошне атрактивно место. Рудникот се наоѓа во селото Мајден, на 900 м. н. в. Во близина на окната се чувствува миризба на сулфур. Земјата е мека, а е исполнета со разни минерали во сите бои. Доминантна е жолтата, поради големото присуство на арсенот. Токму тој, арсенот, се икопувал во турско време и се користел најмногу во козметиката, за депилација. Дел од рудата преку солунското пристаниште се носел во Германија. Токму таму, при обработката, се откриени некои од уникатните руди. Во него, во изобилство ја има талиумовата руда лорандит, која е природен детектор на "неутрино", честичка која од Сонцето до Земјата патува за 8 секунди. Со други зборови, тој единствено ги препознава реакциите што доаѓаат директно од јадрото на Сонцето. Станува збор за мошне редок минерал, за кој е утврдено дека во целиот свет единствено во Македонија го има во чиста форма.

lebЛебот е дел од основните состојки во исхраната кој се подготвува со печење, парење или пржење на тесто, кое се состои најмногу од брашно, вода, сол и квасец. Неолитскиот човек бил далеку подлабокоумен отколку што за него сме мислеле. За тоа говори изработката на керамички зрна жито кои, никаде во светот освен во Македонија, досега не се откриени. Во специфичен масивен објект од глина кој е органски поврзан со подот и има облик на клупа за седење, постојат показатели дека се приготвувал лебот, од мелење на зрното преку месењето на квасецот до печењето, како впрочем и до скоро во фолклорот, подеднакво носела и утилитарен и обредно магиски карактер.

D.D._OkarinaМакедонскиот уникатен инструмент, топчестата окарина, датира од неолитскиот период. Изработена е од теракота и е пронајдена во 1989 г на археолошкиот локалитет Мрамор, Велес. Ова е и единствен ваков инструмент пронајден во Европа, направен од некој голем ум, од човек кој точно знаел што сака и каков звук да произведе. Окарините ги има во најразлични облици, но најкарактеристичниот облик е баш Македонскиот, кој е тркалезен, и е само со три отвори. Чудо се случи кога Даутовски повторно ги повика гласовите стари илјадници години, а звукот што излезе од неа беше вонвременски и вонпросторен, потсетуваше на светската музика на сите најстари цивилизации на човештвото. Концертната промоција на топчестата флејта е прво искуство во Македонија на еден поинаков начин да се постави еден движен археолошки наод.

skitКако сликовна претстава, иконата може да има историска, естетска и археолошка карактеристика, но таа не припаѓа на сакралната уметност, туку на Црковно богослужење, заедно со Светото Писмо и Светите Тајни. Таа не е некој украс, табло или фигуративно претставување, туку визуелно соопштување на невидливата божја стварност, манифестирани во времето и во просторот. Затоа, визуелната контемплација има иста вредност за примање на Тајните Божји откриени во историјата на Спасението како и усмено исповедување или напишана порака. Иконите не се почитување на материјалното, туку на темелот од сличноста на претставениот лик со личноста чие име треба да се напиши на иконата.

Превземено од Кингмарколанд
 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.