|
||||
НАМПРЕС ја издаде книгата – Злосторство што не се заборава |
По повод 75 годишнина од депортацијата на Евреите од Македонија, издавачката куќа НАМПРЕС ја издаде книгата „Холокаустот на македонските евреи – Злосторство што не се заборава“ од дипломатот, новинар и публицист Мартин ТРЕНЕВСКИ. Делото претставува детална анализа за сведочењата на преживеаните македонски Евреи, за бруталноста со која беа откинати нивните предци од нивните вековните огништа во Македнија и испратени во логорите на смртта. Треневски го опишува животот на Евреите во Македонија: живот долг повеќе од 2000 години и судбина слична на македонскит народ низ историјата. Прецизно се дадени имињата и бројноста на еврејското население низ историјата, нивниот пат, раселувања и населувања на пошироката територија на Македонија, нивниот живот и работата низ вековите. Посебно се интересни податоците за тоа како значајни личности со Еврејско потекло се бореле и придонесувале за слободата на Македонија како во подалечното, така и во нашето поблиско минато. Изданието е двојазично, на македонски и англиски јазик. Преводот на англиски е од нашиот сонародник Ристо СТЕФОВ од Торонто, Канада. Заинтересираните читатели може да ја набават книгата на: или на тел. +389 2 2700 720 / +389 70 344 410 Македонска нација |