|
||||
Манастир „Свети Архангел Михаил“ во село Теово, Велешко |
На 35 километри југозападно од Велес недалеку од селото Богомила распослано пред клисурата на реката Бабуна распослан на надморска височина од 450 метри на локација врз која се најдени остатоци од стари темели на некогашен манастир се наоѓа манастирот „Свети Архангел Михаил“. Манастирот пред 400 години е до темел изгорен од страна на турците но истиот денес е возобновен и во функција на Бога и на верниците. Храмот е посветен на и изграден во слава на Бога и Св. Архангел Михаил во временски период од 4 години а денешниот манастир е дело на само еден човек, ктиторот на манастирот протоерејот-ставрофор, Стојко Ристовски. На прв поглед комплексот плени со неговата беспрекорна изградба на површина од 3000 квадратни метри се распослани три објекти: храмот, камбанарија и конакот. Ктиторот прота Стојко манастирот го има возобновено од неговата пепел а самиот по потекло е Теовчанец. Пронајдените коски кои се најдени на темелите на некогашниот манастир се на непознатиот монах Јован, преку видение и апотезно се сохранети во темелот на камбанаријата. Манастирската црква е еднокорабен храм со димензии 9 на 4,5 метри а висината на ценреланото кубе е 7 метри така што вкупната корисна површина изнесува 40 квадратни метри. Автор на проектот архитектот Драгиша Живковски од Скопје а зографи на иконите се: Светозар Богдановски и Тања Мишева а додека на фрескоживописот се Драган Ристевски и Лазар Лечиќ од Охрид. Камбанаријата е доминантна во манастирскиот комплекс и нејзината основа е 2,5 на 2,5 метри во приземјето со три ката во висина од 13 метри. Манастрискиот конак е ремек дело кое се издвојува по својата градба и уредување на станбен простор. Во основата содржи димензии од 18 на 9 метри со две ниски приземја, кат со каскадно решение и две поткровја. Површината на конакот изнесува 304 квадратни метри. Целиот комплекс е опкружен со камена и кована ограда а внатрешниот простор е зазеленет со култивирана трева. На иницијатива на ктиторот издејствувано е да се направи нов асфалтен пат а стариот да се поправи од дупките. Чинот на осветувањето на манастирскиот комплекс е извршено од страна на четирите архиереи: Кирил, Тимотеј, Петар и Стефан на 16-ти Мај 1998 година. Секој оној кој што еднаш дошол во овој манастирски комплекс се воодушевил од убавината и од спокојот кој што преовладува во него. Верниците имаат можност да уживаат во природата, чистиот воздух, убаво декорираниот и среден двор но и да уживаат во условите кои ги нудат конаците кои се опремени со најновата технологија. Со еден збор манастирот е место каде можете да отидете и да го постигнете душевниот спокој и мир, да се поврзете со Бога и да уживате во просторот кој е незагаден и ненарушен. |