Среда, 25 Април 2018    PDF Печати Е-пошта
Манастирот Света Пречиста Кичевска

Precista-11

Манастирот Света Пречиста е изграден во падините на планината Врвои на надморска височина од 920 метри, од Кичево оддалечен околу 12 километри. Кај народот останало да се вика Крнински манастир. За постанокот на манастирот Света Пречиста има повеќе преданија. Имено, на северозападната страна на Кичево се наоѓа селото Кнежино. Таму имало манастир кој во 1739 година бил опустошен. Пред тоа злосторство, чудотворната икона Света Богородица со Исус Христос од тој манастир сама дошла на местото од сегашниот манастир Света Пречиста. Манастирот Света Пречиста има долга и бурна историја. Доживеал високи дострели но и бројни уништувања и ограбувања од качачки банди. Катастрофални биле три – четири негови горења. Историски податоци има за горењето на манастирот во 1558 година. Тогаш манастирот имал братство од 15 луѓе. И при горењата на манастирот во 1824 и 1843 година манастирската црква останала целосно, но била мала и не ги задоволувала духовните потреби на верниците, собирала стотина посетители. Поради тоа, игуменот хаџи Теодосиј ( чии мошти почиваат во манастирот ) во 1846 година ја урнал малата црква и на нејзино место ја подигнал сегашната монументална. Помош за изградбата дале луѓето од Кичевско, Битола, Прилеп, Охридско, Дебарца и други. Изградбата била доверена на мајстори од селото Луково, Струшко. Манастирската црква има правоаголна форма со димензии : 24,5 x 14,2 метри, а висина на куполата 16 метри. Ѕидовите се дебели 1,4 метри од камен варовник и бигор. Од надворешната страна камењата се делкани во хоризонтални редови во вид на квадрати, завршувајќи со богато профилирани венци. По својата убавина посебно се истакнува источната фасада на црквата, бидејќи оттаму е главниот влез. Внатрешно, ѕидовите се засилени со пиластри што меѓусебно се поврзани со полукружни лакови над кои се издигнува куполата, па се постигнува единствен простор во наосот. Заради затоплување и соодветно извршување на верските обреди во студените периоди од годината, од јужната страна на црквата Света Пречиста и е прилепена мала црквичка посветена на Свети Никола. Затоа таа уште е позната како зимска црква. Подот на црквата во однос на надворешната површина е спуштен за 80 сантиметри. Во 1982 година покривот од камени плочи е заменет со бакарен лим. Придружните манастирски објекти биле градени според манастирите на Света Гора. Познатиот македонски преродбеник Јордан Хаџи Константинов Џинот во весникот Цариградски весник од 1859 година пишува: Кичево може да се гордее со еден голем и прекрасен манастир, наречен Крнино. Манастирот Света Пречиста имал голем недвижен имот: ниви, лозја, ливади, шуми, воденици, кошари и друго во неговата околина и во соседните села: Манастир Доленци, Козица, Кладник, Другово, Брждани, Миокази и други. Во Кичево имал девет дуќани, а располагал и со жива стока. За одржување на манастирската економија, покрај братството и ветените луѓе за здравје, имало вработени од 15 до 20 лица. Главната грижа за целокупниот манастирски имот, според воспоставената народна традиција ја имал таканаречениот кум, кој ја извршувал таа должност со неговата фамилија една година.

Кога се влегува во црквата од западната или од јужната влезна врата, веднаш паѓа в очи импозантниот иконостас. Тој бил направен за време на игуменот Стефан во 1864 година. Архитектонската конструкција на иконостасот ја изработил мајсторот Дојчин Зулфа, декоративните работи се на неговиот син Добре, а иконографијата е на познатиот зограф Димитар Крстев – Дичо Зограф од селото Тресонче. Со сликањето на иконостасот Дичо Зограф почнал во 1853 година. Од претходниот иконостас единствено е зачувана престолната икона Богородица Одигитрија. Царските двери се од 19 от век, а нивниот автор е непознат. Дверите се изработени во длабока ажурна резба. Според стилот и мотивите се претпоставува дека нивниот автор – резбар бил од тајфата на Макарие Фрчковски. Покрај царските двери што сега се во функција, во црквата Света Пречиста има царски двери и од 16 от век. Тие се најстара резба овде, чиј автор не се знае. Од 16 от век е и владичкиот стол. Тој е украсен со плитка резба. Игуменскиот и архиерејскиот трон се од 19 от век. Реликвија на манастирската црква е една резбана дрвена плоча со полиња на кои што веројатно била композицијата Деизис, од која сосема малку се сочувани остатоци од иконописот. Потекнува од временскиот интервал од 16 ти и 17 ти век. Освен иконите на иконостасот, во црквата има 18 икони во мал формат од Дичо Зограф. Најважно иконографско дело во Света Пречиста е чудотворната икона. Од една страна на неа е Исус Христос а од другата страна е Богородица во прегратка со Христоса. Оваа икона ја ретуширал Дичо Зограф во 1865 година, а истата повторно е конзервирана во 2006 година од страна на Републичкиот завод за заштита на спомениците на културата – Скопје. Чудотворната икона се наоѓа на западната страна во наосот, поставена на бигорен камен над изворот.

За потребите за просветување на своето монаштво и за ширење на просветниот дух меѓу населението во манастирот имало препишувачка дејност. Од 1937 година овој манастир е женски. Манастирот Света Пречиста е голем духовен центар што треба да се види и да се доживее.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.