Каде и да сме колку и да сме и во радост и во солзи за Македонија пееме и кога грми и кога врни трчаме насекаде како срни своето си го браниме туѓото не го сакаме
Македонци доста време патевме барем едно свативме кој сме и што сакаме името наше убаво јазикот нема никогаш на никому да му го дадеме
Јас како Македонка никому никогаш нема да дозволам да гази врз моето срце а јас да тагувам
браќа и сестри дојде време рака да си подадеме љубов вечна Бог за да ни подари иднина среќна
Животот да ни биде исполнет со среќа љубов да се радуваме на слободата и независноста на Македонија
Нема да дозволиме пак да ни се наметнува истата песна како со Турците пет векови цели да срадаме уште не сме се исправиле а сега сакаат и најскапото богатство да ни го земат сакаат да не погодат таму каде најповеќе не боли во срцето каде за името и јазикот душата ни гори
Ах! да беше песнава стрела па да ги стрелам сите оние кои ни го срамат и грдат она што само нас ни припаѓа и колку да не корнат нема да не искорнат и колку да велат не нема не можат да докажат зошто нас не имало и ќе не има вечно зошто велат нашиот јазик не постои не е Македонски а кога зборуваме ако нашиот јазик е ист со нивниот зотшо не не разбираат туку се чудат на нашите зборови од каде се се праваат дека не слушнале а тие многу убаво знат кои се Македонците не победливи
Сами си ја израдивме нашата прва Република и сами ќе си го решиме овој проблем за секогаш само ако сме сложни Македонци само така ќе успееме
Македонци, Македонци гладни, жедни за своите права силни како волци не виеме ние за наешто име да се кине туку виеме ние нашиот глас на секаде да се чуе и разбере како Македонско срце бие не сака да спие.
Ленче Клекачкоска
|