|
||||
НОВА КНИГА ОД ПАНДЕ МАНОЈЛОВ НА ФРАНЦУСКИ ЈАЗИК |
Во пресрет на големиот празник на сесловенските просветители браќата Кирил и Методиј, 24 Мај, во Париз, Франција излезе од печат најновото поетско отстварување на македонскиот поет и писател Панде Манојлов насловено како „Мајчин јазик“ ( „La langue Maternelle") во издание на Институтот за култура „Солензара“ во едицијата „Билингвистика“ напоредно на македонски и француски јазик. Оваа мошне значајна поетска книга од П. Манојлов која содржи триесет песни, на француски јазик ја препеа познатиот француски и светски литерат, поет и академик Атанасе Ванчев Де Траси кој годинава е предложен за Нобеловата награда за литература. На насловот на корицата е фотографија од црквата Свети Канео во Охрид, како симбол и порака дека книгата е од автор од Република Македонија. Интересно е да напоменеме дека поетот и писател Панде Манојлов е автор на дваесет и седум книги а само во последниот месец дена од печат се појавија четири: „Прегрни го светот“ (поезија за деца и млади), „Глас од душата“ (поезија за возрасни) и двете во издание на Матица Македонска - Скопје, „Мајчин јазик“ и „Копнеж по времето“. Во месец јуни оваа година ја очекува неговата најнова стихозбирка на македонски и арапски јазик која се печати во Палестина. |