|
||||
Вселенската Патријаршија ја презема одговорноста за прашањето за Охридската Архиепископија |
Вселенската Патријаршија ја презема одговорноста за прашањето за Охридската АрхиепископијаВселенската Патријаршија во Константинопол денес излезе со официјално соопштение дека Светиот и Свештен Синод го разгледа прашањето со нерешениот канонски статус на Охридската Архиепископија. Во соопштението исто така, се наведува дека Патријаршијата го примила и писмото на Премиерот на државата г. Зоран Заев, во кое се бара помош и поткрепа за решавање на прашањето со нашата помесна православна Црква. Соопштението завршува со заклучокот дека Светиот и Свештен Синод на Вселенската Патријаршија „одлучи да се заземе за ова и да ги преземе потребните чекори, според неприкосновените права на историските и канонски надлежности и привилегии на првопрестолната Вселенска Патријаршија“. Извор: Бигорски Манастир 17 мај/30 мај 2018 лето Господово |