|
||||
Со смртта на Василиј II престанала и толерантната политика према македонските архиепископи на Охридската архиепископија |
Во 1018 година Македонија одново подпаднала под власта на Византија, која на територијата на Самуиловата држава формира тема Бугарија. Меѓутоа, Византискиот цар Василиј II, иако ги срушил обележјата на македонската држава за да народот не се сеќава на славните времиња, не ја уништил црквата во поранешната Самуилова држава. Тој ја свел Охридската патријаршија само на ранг на архиепископија со седиште во Охрид. Василиј II го поставил за прв архиепископ на Охридската архиепископија поранешниот игумен на дебарскиот манастир Јован, со потекло од Македонија. Исто така, тој ја потврдил и дијацезата на Охридската архиепископија, притоа задржувајќи домашното свештенство, со што го сочувал и обележјата на македонско-славјанската црква. Така да под управа на Охридската архиепископија останале 31 еперхија: во Македонија (без Солун и Халкидики), Албанија, Епир, Тесалија, Србија и подунавска Бугарија. Охрид останал важан центар за христијаните од поголемиот дел на Балканскиот полуостров. Меѓутоа, со смртта на Василиј II (1025) година престанала и толерантната политика према македонските архиепископи. Гркот Лав I (1037 – 1056) доаѓа на чело на Охридската архиепископија после смртта на Јован (1037), а по него биле поставувани повторно Грци: Теодул I (1056 – 1065, н.з), Јован II Лампинос (1065 – 1078, н.з) и Јован II Аинос (1078 – 1084, н.з.). Сите овие архиепископи ја сметале црквата за грчка и преку неа го ширеле грчкото влијание и култура врз верниците на поголемиот дел од Балканот, притоа потиснувајќи ја славјанската книжевност во втор план. Тоа ќе предизвика отпор против византиските власти и во текот на три децении биле кренати две неуспешни востанија: востанието на Петар Дељан во 1940 година и востанието на Ѓорѓи Војтех во 1072 година. Во 1084 година за архиепископ бил поставен гркот Теофилакт (1084 – 1107, н.з.). Во желба целосно да ја истисне славјанската книжевност која ја негуваше македонското свештенство, тој почнал со превод на црковно-славјанските книжевни списи на грчки јазик, меѓу кои и Житието на Климент Охридски и Житието на петнаесетмината тиверополски маченици. Истоа така, тој ги заменил сите епископи од македонско потекло со Грци. Под притисокот на државните власти тој дозволил и да се ограничи автокефалноста на Охридската архиепископија. Покрај доведувањето на грчки свештеници на чело на македонските епархии, уште за време на архиепископот Лав во Македонија почнаа да се доселуваат и грчки монаси, што довело до зголемување на бројот на манастирите. Македонските монаси кои претходно основале и манастири на Света Гора, сега се повлекуваат кон северна Македонија, во областа помеѓу Вардар, Брегалница и Биначка Морава, каде по XI век се подигнати многу македонски манастири, меѓу кои Прохор Пчински, Јоаким Осоговски и Гаврил Лесновски. Во текот на XI и XII век на територијата на Охридската архиепископија дошло до извесен застој на славјанската книжевност, бидејќи високиот грчки клер и голем дел од грчкото монаштво ја форсирал грчкиот јазик и писмо. Сепак, и покрај притисокот на грчкото свештенство, од ова време е позната охридската препишувачка школа во која се употребувала македонската редакција на црковно-славјанскиот јазик. До создавање на кнежеството на Стрез (1207 – 1214) на охридскиот архиепископски престол се смениле повеќе архиепископи со грчко потекло, освен двајца: еден покрстен Евреин (Лав Мунг, 1108 – 1120) и еден Македонец. Речиси сите познати грчки архиепископи го пљачкале македонскиот и другите балкански народи кои биле во рамките на Охридската архиепископија. Во втората половина на XII век, по падот на моќта на Византија, поради ваквиот однос на грчкото свештенство, започнаа ослбодителните движење на славјанските народи на Балканскиот полуостров. Во Рашка владателот Стефан Немања успеал да ги обедини српските жупании и во 1170 година да се прогласи за голем жупан. Во Бугарија во 1175 година избувнало востание, кога Асенови го создале Второто бугарско царство. Веќе наредната 1176 година се создава самостојната бугарска црква – Трновската патријаршија. Со обновувањето на Бугарското царство во 1185 година, од Охридската архиепископија се издвоиле епископиите од Бугарија, формирајќи ја Трновската патријаршија, а покрај неа, во 1218 година се издвоила и Рашката епископија, така што се формирала Српската архиепископија. Второто бугарско царство кое било со краток век, за кратко време ја опфаќа и Македонија. Меѓутоа, бугарските владари не се осмелиле да ја укинат Охридската архиепископија, но ја смалиле нејзината дијецеза во корист на Трновската патријаршија. Особено Колојан, после победата над латинскиот цар Балдвин (1205 - 1206), откако ја зазел Македонија, ги смалил границите на Охридската архиепископија на најмала мерка и ги протерал сите епископи со грчко потекло. Нив ги заменил со славјански епископи кои ги хиротонисал Трновскиот архиепископ. По смртта на Колојан (октомври 1207), Второто бугарско царство се распаднало. Тогаш во Просек (Демир Капија, Македонија) се утврдил севастократорот Стрез, кој успеал да ги придобие и соседните македонски градови, меѓу кои и Охрид. Стрез ги регулирал односите со Охридската архиепископија, чија јурисдикција тогаш се простирала само на територијата на Стрезовата кнежевина. Стрез и Охридската архиепископија имаа заеднички интерес за да се сочува независноста како на кнежевството, така и на архиепископијата. За време на Стрезовото владеење Охридската архиепископија успеала под своја управа да врати некои свои изгубени епархии од Трноваската епархија. После Стрезовата смрт (1215) неговото кнежество меѓусебно го поделија Солунското латинско кралство и Епирската деспотовина. Тогаш Охридската архиепископија ги исгубила јужномакедонските епархии – мегленската и струмичката. Во моментот кога Охрид подпаднал под власта на епирскиот деспод Теодор, кој ја штител архиепископијата, таа можела да се бори против никејскиот патријарх за да поврати некои одземени епархии. За време на деспотот Теодор архиепископијата имала доминантна положба во државата и успеала да ја поврати повторно скопската, серската и сервиската епархија. Во тоа време повторно започнала борба меѓу епископите од грчко и македонско-славјанско потекло. Во врска со таа борба во Охрид бил свикан архиерејски собир, под претседателство на архиепископот Хоматијан, на кој архиерите се поделиле во два табори. На чело на грчкиот табор стоел воденскиот митрополит, додека славјанскиот го водел мегленскиот митрополит. Спорот се водел околу признавање на епископскиот чин на епископите кои ги поставил Калојан. Бидејќи се замешал деспот Теодор Комнин спорот бил решен со компромис. Епископите Славјани кои ги поставил Колојан требало да ги напуштат епархиите, така што на нивно место да бидат ракоположени домашни епископи од македонско-славјанско потекло. Со зајакнувањето и ширењето на српската држава, дошло до нови промени во Охридската архиепископија. Во 1219 година Српската голема жупа се оддели во црковен поглед од Охридската архиепископија и формирала своја автокефална Српска архиепископија, со најмладиот син на Немања, Сава како архиепископ. По битката кај Клокотница (1230), кога бугарскиот цар Асен II го заробил епирскиот деспот Теодор и ги завзел неговите земји заедно со Охрид, Охридската архиепископија повторно го изгубила значењето на првостепена црква на Балканскиот полуостров, остапувајќи го своето место на Трновската архиепископија. Сепак, афтокефалноста на Охридската архиепископија ни овај пат не била нарушена, освен што било намалено нејзиното влијание,. Охридската архиепископиа доживеала удар и по пропаста на бугарскиот цар Асен II. Тогаш дијацезата на архиепископијата во територијален поглед подпаднала под три церства. Во нејзина јурисдикција останале само епархиите во деспотовината на Михаил II, кои се поклопуваат со областите која таа ги држела за време на деспот Теодор. Од 1230 до 1280 година Охридската архиепископија изгубила голем дел од својата територија, која подоцна повторно ги повратила. Сепак, во овој период Охридската архиепископија ја зачувала својот углед и автокефалност. Архиепископот Никола, во 1346 година, учествувал на прогласувањето на српскиот архиепискот за патријарх и крунисување на Душан за цар. Со паѓањето на Охрид и Македонија под Османлиска власт, Трновската и Пеќската патријаршија биле укинати, додека Охридската архиепископија продолжила да постои. Во тој период одиграла голема улога во зачувувањето на христијанството и била духовна поткрепа за македонскиот народ. Манастирите и црквите биле образовни центри, каде се негувала македонската писменост и култура, македонската варијанта на црковно словенскиот јазик од кој подоцна се развива македонскиот народен говор. (извор: „Од минатото на македонскиот народ – Охридска архиепископија“ , Скопје, 1969, стр, 56- 59) (продолжува) Македонска нација |