Среда, 04 Јули 2018    PDF Печати Е-пошта
Обид за обнова на Охридската архиепископија

Crkva-sveti-kliment-ohrid-3

Во сите територии кои биле под јуриздикција на Охридската Архиепископија до нејзиното укинување во 1767 година е присутно македонското име, а тие територии биле нарекувани од нивните жители македонски предели. Во тој период постоеше „свето империјално право“ од кое произлегуваше именувањето според името на државата, црквата или верата на која и припаѓале. Тоа особено важеше за црковната јурисдикција, односно за автокефалната црква, патријаршија и архиепископија, чии имиња ги носеа сите епископии. Тоа беше вообичаено и населението на тоа брзо се навикувало со оглед на тогашната улога и значењето на црквата. Тоа влијаеше и на свеста на народот и на неговите црковни претставници, кои според тоа си ги определувале титулите и својата припадност.

До 18 век, поданиците на Охридската Архиепископија ја сметале и чувствувале истата како Македонска. Така на пример  српско-црногорски печатар од почетокот на 16 век, Божидар Вуковиќ во сите свои книги се титулира дека е од Подгорица, во пределите македонски. Но, не само Божидар Вуковиќ, туку и многу други од Босна, Херцеговина, Србија, Далмација, Бугарија, во средновековието своите земји ги сметаат за делови на Македонија.

Јаков од Ќустендил (денешна Бугарија) во 1566 г. во поговорот на печатен псалтир запишал: „Изидох от Македоние, отч’ства моего и в’нидих в западних странах близ Рим, в град Венетиа, и тамо обретох стари калапи Божидара... И аз убо, Јаков родом и от’чством бех иже в подкрили великие гори Осоговцеј, близ Коласискаго (Коласија е старото име на Ќустендил), от места нарицаема Камена Река“.

Самиот владетел на Црна Гора, Данило Петровиќ, во своето писмо до рускиот цар Петар Велики од 28 јануари 1712 година пишува: Од Црна Гора во Македонија. Односно, тоа значи дека Црна Гора е регија во Македонија. Има и запис дека е „Иван Kастриот Црнојевиќ од родот на македонските кралеви“.

Ваквото влијание на Охридската архиепископија на Балканот, преставува пречка за делувањето на грчката Цариградска патријаршија, која со дворски игри ќе ја укине Архиепископијата во 1767 година. Ставањето на Охридската архиепископија под јурисдикција на Цариградската патријаршија било особено неповолно примено од македонскиот народ. Веќе во првата половина на XIX век, со зајакнувањето на своите економски позиции, македонските граѓани се повеќе го чуствувале притисокот на грчките владици на Цариградската патријаршија.

Чуствувајќи ја опасноста од се поголемиот отпор, Цариградската патријаршија се повеќе го заострувала курсот на панхеленската политика и ги активирала своите органи на теренот против секоја национална македонска манифестација, а посебно против барањето на црквите и училиштата за воведување на славјанскиот, односно македонскиот јазик.

Во шеесетите години на XIX век дошло до силно народно движење во сите македонски градови за отфрлање на јурисдикцијата на Цариградската патријаршија и за обнова на Охридската архиепископија. Меѓутоа, македонското граѓанство успеало да постигне само половичен успех. Најголем дел од македонскиот народ успеал да ја отфрли управата на Цариградската патријаршија, но не успеала да ја обнови Охридската архиепископија поради противење на турските власти. Од друга страна, прилично силната бугарска боржуазија во Цариград успеала да ја придобие Големата Порта за своите барања така да во 1870 година дошло до формирање на бугарска црква, позната под името Егзархија.

Македонскиот народ принуден да бира помеѓу грчката Цариградска патријаршија и бугарската Егзархија, ја избрал јурисдикцијата на бугарската црква, која како славјанска била поблиску до неговите интереси. Дел од македонското население останала и понатаму под управа на Цариградската патријаршија, а некои македонски црковно-училишни општини во јужниот дел на Македонија се приклучија на Римокатоличката црква и со помош на унијата настојуваа да организираат своја самостојна македонска црква. На тој начин дошло до верска поделба на македонскиот народ, која ќе има големо влијание и на планот на националната афирмација, бидејќи зад секоја издвоена црква стои и странска пропаганда која имала за цел асимилација на македонското население.

Различното определување према една од постоечките верски заедници, признати од страна на Турската империја, не го свртела вниманието на македонскиот народ, а посебно на граѓанството, од идејата за обновување на Охридската архиепископија, како своја национална црква. Често се јавуваат масовни движења, во кои, покрај борбата за македонскиот јазик, се водела и огорчена борба за македонска црква. Во историјата се познати обиди на повеќе македонски црковно-училишни општини во 1873 и 1874  година, преку формирање на унија со Римокатоличката црква  да се обнови Охридската архиепископија. Исто така, познато е дека по Берлинскиот конгрес осум македонски епархии побареле благослов од римскиот папа за обнова на архиепископијата, а потоа акцијата во 1885 година и др. Сепак најзначаен е обидот на скопскиот митрополит Теодосиј Гологанов за обнова на Охридската архиепископија во периодот 1890 – 1892 година.

Овој егзархиски митрополит, роден во околината Неврокоп, веднаш по доаѓањето во Скопје почнал со акција за остранување на верско-националните пропаганди, најпрво во Скопската, а подоцна и во останатите македонски епархии, со цел да направи објективни услови за обнови на Охридската архиепископија. Веќе во 1891 година тој се отцепил од бугарската Егзархија и по пат на преговори, најпрво со Цариградската патријаршија, а потоа и со Римокатоличката црква работел на обнова на Охридската архиепископија. По се изгледаше дека тој ќе успеел во својата намера, пошто со преставникот на Римската црква бил постигнат договор и само се чекало одобрување на папата. Меѓутоа, здружените верско-национални пропаганди на соседните држави Бугарија, Грција и Србија успеале да го спречат во тоа, и тој со помош на турските власти бил спроведен во Цариград, а потоа испратен во прогонство во Бугарија.

Обновата на Охридската архиепископија одсекогаш била тесно поврзана со борбата за национална афирмација која во минатото ја водел македонскиот народ. Дури и по Илинденското востание, кога големите сили, Русија и Австроунгарија, настојувале да го смират македонскиот народ ветувајќи му реформи, една од најважните компоненти на реформите била обновата на Охридската архиепископија како самостојна македонска црква. Исто така, не е случајно што Крсте Мисирков во своето капитално дело „За македонцките работи“ и посветил централно место, барајќи таа да биде обновена како самостојна македонска црква. Таков е случајот и со македонските студенти, собрани околу „Македонски глас“ во Петроград, кои во 1913 година барале независност на Македонија и обновување на Охридската архиепископија како национална македонска црква.

Меѓутоа, неповолните политички услови за Македонија, имале негативни последици и за црквата. Со поделбата на Македонија меѓу Бугарија, Србија и Грција, после Балканската војна, биле наметнати и јурисдикциите на нивните цркви. Ваквата состојба се задржала се до крајот на Втората светска војна, до ослободувањето на Македонија.

(извор: „Од минатото на македонскиот народ – Охридска архиепископија“ , Скопје, 1969, стр, 63 - 65)        

Македонска нација

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.