Среда, 08 Август 2018    PDF Печати Е-пошта
Манастирот „Св. Мала Богородица“ во Сливница – Преспа (3)

prespa3-1

ДЕЛ ОД ИСТОРИСКАТА ПОСВЕТЕНОСТ НА ПРЕСВЕТА ДЕВА МАРИЈА ВО ПРЕСПА

Селото Сливница е повеќевековно христијанско село во Преспа и е надалеку прочуено по манастирот „Света Мала Богородица“, кој се наоѓа на неколку километри источно од селото во планината, изграден во почетокот на XVII век. Патрониот ден на манастирот е на 21 септември кога се збираат верници од сите преспански села, Битолско и пошироко од многу места во Македонија.

Инаку, Славата и честа на Пресветата Дева Марија во Македонја се големи. Слично како во целиот христијански свет, култот на Светата Марија особено се негува во Преспанскиот регион. Култот е претставен во македонската средновековната литература, во традициите и фолклорот. Историајта на уметноста има важна улога во културните достигнувања, а некои од македонските икони и фрески се вклучени во светското наследство.

Сливничкиот манастир посветен на Пресвета Богородица се наоѓаво живописното село Сливница, кое е едно од постарите и попознатите села во Преспа, со долга и вековна историска традиција на постоење. Во доцниот среден век на крајот на XVI и почетокот на XVII век во 1607 година над селото бил изграден познатиот манастир „Света Мала Богородица“. Овој центар на духовното живеење на Македонците и споменик на културата дава посебен белег на Преспа

Рождеството на Пресвета Богородица или Мала Богородица е еден од 12-те големи празници во православието кој го слави раѓањето на Богородица. Богородица. Се слави на 8 септември според јулијанскиот календар или на 21 септември според грегоријанскиот календар, како што е случајот со прославата на „Света Мала Богородица“ во селото Сливница, во Преспа.

Бидејќи манастирот „Света Мала Богородица“ изобилува со богати фрески, икони, резби, архитектура, интересни случувања и друго, во последните години тој е предизвик за бројни научници, патеписци и други заинтересирани кои посветуваат големо внимание на науката, литературата и воопшто на црковното и културното живеење на Долна Преспа и пошироко на Македонија.

Инаку, Преспанскиот регион со сите убавини и богатства што ги поседува, со Преспанското Езеро опколено со зачувани природни убавини, чува вековна традиција и култ кон Пресвета Богородица. Сливничкиот манастир „Пресвета Богородица“ е сместен во живописот на чистата планинска и шумска пољана, на Баба Планина во Преспа, во длабок спокој и сон, недостапно допрен дури и од љубопитниот Македонец во Преспа.

prespa3-2
Големото Езеро на Баба Планина

Кога се пишува за Преспа неоходно е да се нагласи дека покрај планината Галичица која се наоѓа на западната страна, Баба Планина е распространета на источната страна  на Преспа и Преспанското Езеро. Во подножјето на Баба Планина е сместен  манастирот „Света Мала Богородица сливничка“

А, планината Баба како да ги надгледува Пелагонија и Преспанската котлина поради својата височина, која е трета највисока планина во Република Макеоднија, по Кораб и Шар Планина. Нејзиниот највисок врв е врвот Пелистер (2601 м).

Ова прекрасна планина ја дели Пелагонија од Преспанското Езеро, а со своите две глечерски езера, фауната и флората претставува вистинска реткост. Исто така, карктеристично за планинскиот масиф Баба е тоа што на превојот Ѓавато ги расцепува реките во регионот, така што тие или течат кон Јадранското или кон Егејското Море.

Баба Планина, заедно со Националниот парк ,,Пелистер” се наоѓа на јужниот дел од Република Македонија и, како член на Родопскиот ситем, ја претставува најјужната планина која има алпински карактеристики. За национален парк, уште на просторите на поранешна Југославија, ,,Пелитер” е прогласен на 30 ноември 1948 година. Со тоа се зголемува неговото значење во севкупната историја на македонската држава.

Основниот феномен на ,,Пелистер” е петоигличестиот бор молика, реликт од терциерот и балкански ендемит, кој е откриен од страна на австрискиот ботаничар Гризебах во 1839 година. Пелистеровиот масив е испресечен со бројни живописни планински реки, но, посебно атрактивни се двете глечерски езера, Големо и Мало, наречени ,,пелистерски очи”.

Вегетацијата на ,,Пелистер” има специфично ботаничко значење и претставува природен реткост. Тука растат 88 видови дрвенети растенија, класифицирани во 23 фамилии. Планинската вегетација на ,,Пелистер” се расчленува на повеќе растителни асоцијации. Од областа на дивата фауна на ,,Пелистер” живеат 62 вида животни, меѓу кои се издвојуваат: еленот, срната, дивокозата, дивата свиња, мечката, рисот, зајакот, волкот.

Инаку, Баба Планина  е најпозната по Пелистерските Очи кои се леднички езера и кои се лоцирани на висините на Пелистер. Тие се две на број и се нарекуваат уште и Големо и Мало Езеро.

Ос страната на Битола, до езерата може да се стигне од две страни по две одлично обележани планинарски патеки. Исто така има и неколку планински патеки кои водат од повеќе места на Баба Планина кон Преспа и Преспанското Езеро. Така, едена патека води кон Аевати и Крани и последната која ја поврзува  Битола со Долна Преспа. Тоа е патот кој води од двете пелистерски езера преку Баба Планина кон селото Брајчино, а од таму кон  Љубојно и Долна Преспа.

Инаку, често се вели дека Претор и Сливница кои се наоѓа на падинините на Баба Планина, под врвот Пелистер, а на самото Преспанско Езеро се раскрсница меѓу Горна и Долна Преспа. Тие заедно со Отешево се едни од значајните домашни туристички места во кои вратите секогаш се отворени за сите туристи, посетители и намерници.

Претор и Сливница се познати туристички места во Македонија со своите летувалишта, песочните плажи, угостителските објекти и бројните викенд куќи. Неколку стотици викед куќи се нанижани од местото каде постоеше некогашната Пумпата за вадење вода за наводнување на Преспанското Поле се’ до атарот на селото Сливница, во подножјето на намастирот „Света Мала Богородица“ во Сливница.

Исто така, денес летовалиштата Претор и Сливница може да се пофалат со бројните ресторани кои се нанижани како преспански гердан покрај Преспанското Езеро и во кои убавите и богати софри се надоплнуваат со надалеку познатиот преспански крап и  нивичката белвица (позната како циронка). Затоа, многумина велат дека овие летовалишта со своите песочни плажи и убават храна се рај за одмор на душата. Воздухот и тишината, се чини прочистуваат од корен и ги  поттикниваат посетителите повторно да дојдат во Преспа.    

prespa3-3
Плажа во Претор

Инаку, Претор е археолошки локалитет во Преспа  кој претставува населба од доцноантичко време.  Локалитетот се наоѓа источно од селото, на просторот што се протега до атарот на селото Курбиново. Откриените остатоци од римски вили и некрополи во Претор, чие име се совпаѓа со седиште на управител на Римска провинција, зборуваат дека се работи исклучиво за античка населба, со која Преспа треба да се гордее.

Тука е пронајден редок примерок на плочка, еден од само трите пронајдени примероци во целиот свет, посветен на култот на античката малоазиска божица МА, мајката на природата и боговите, од некогашната римска провинција Кападокија. Исто така е најдена  и една апликација од држалка на сад со претстава на човечка маска. Во два објекта има остатоци од системи за затоплување - хипокаусти изведени од кружни керамички плочки, а откриен е и под со мозаик. Сите овие наоди се чуваат во Музејската збирка во Ресен и во Музејот во Охрид.

На ова локација постојат траги и на средновековна населба за што најдобар пример е црквата „Свети Сава“ од 14 век. Од неа посебно е заштитена иконата на Свети Јован Крстител, која е презентирана на повеќе светски изложби.

Продолжува

Пишуваат:
Д-Р ВЕРА СТОЈЧЕВКА-АНТИЌ  и
СЛАВЕ КАТИ

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.