|
||||
Еванѓелие по Јоана - Кониково, Беломорска Македонија 18 век (втор дел) |
Текстот е најден во библиотеката на православната црква од Александрија во Египет, го пронајде во 2003 г. Финскиот историчар и филолог Мика Хакарaинен [Mika Hakkarainen] од Универзитетот во Хелсинки. Ракописот претставува оригинал на преводот од еванѓелието, и е најстаро еванѓелие на Македонски народен јазик, не црковен. Направен е во форма на Литургиска книга напишана рачно на Унцијално Којне писмо од непознат преведувач при крајот на 18-от век, и препишана и правописно исправена од Иромонахот Павел Божигропски Протосингел, родум од Кониково, Воденско, Беломорска Македонија. Текстот го препишалe од оригиналниот ракопис Финскиот лингвист Jоуко Линтстед [Јouko Lindtstedt] и Људмил Спасов од Универзитетот „Кирил и Методија” во Скопје. Во преписот се користени Латинското писмо и комбинации на обични и апострофирани Латински букви за најприближни озвучувања на живописните букви и глоси (гласови) кои се исфрлени од модерниот Македонски јазик (Ъ, Ы, Ь, Ю, Я, Щ, и т.н.) кон средината на минатиот век. Заради полесно читање и приближување на наречјето од тоа време кон денешниот читател, во кириличната транскрипција подолу овие правописни посебности се занемарени и оставени на изучување на лингвистите... [стр.028] ... му Жената, и утиде на Градут, и веле на људиту. Елајте да видите един чувек дека ми кажа сите колку чиних: да не е воа Ристос. Испанаа убо от Градут: и идеа на негу. И меѓу воа гу молеа Учениците му, и му велеа, Дидаскале јади. Ами он му рече: Јазе имам јасте да јадам, тоа што вие не гу знаете. Велеа убо Учениците меѓу них: да не му дунесе некуј да јади? Му веле Исус: мој јасти е, да чинам волјата на тоа што ма пушти, и да сфаршам работата му. Не велите вие, оти ошти четири месице има ду жетвата? Ја дека ви велем: кренејте очите ви горе, и видејте нивите, дека са бели близу за жетфа. И тоа што жние, зева плата, и бери и плот на живот вечни, да са радува зајно тоа што сее, и тоа дека жние. Зашто ваа работа, истинцка е лакардиата, оти друг е [стр.029] што сее, и друг што жние. Јaзи ва пуштих да жниете тоа, затоа што не са мачихте: друзи са мачиа, и вие дујдохте и флегохте уф маката му. И ут Градут тоа многу ут Самарититу веруваа на негу, зарди лакардиата на Жената, дека мартириса (и кажа) оти ми кажа сите колку чиних. Ка дујдоа убо Самарититу на негу, гу молеа да устани на них, и устана два дена. И многу повеки веруваа зарди лакардиите му. И на Жената велеа: оти веки не веруваме зарди лакардиите тфојте: зашто ние сами чухме и видохме, оти воа е истина Спасут на Сфетут Ристос. НЕДЕЛЈУ. 6. Слепом. Еваѓелие Утрени, Воскресно, 8. На Литургии. От Јоана. [стр.030] НА тоа време, Ка заминуваше Исус виде чувек што беше слеп ут ка са роди. И гу питаа Учениците му, и рекоа: Дидаскале, кој согреши, воа или Татките му, да са роди слеп. Отвешта Исус: нету воа исгреши, нето Татките му: ами са роди слеп, да са јават работите Богуви на негу. На мене требува да чинам работите на тоа дека ма пушти, дури е ден: иде ноќjа кога нето никуј не може да работи. Кога сам на Сфетут, сам виделу на Сфетут. Вие рече, и пљувна доле и направи кал ут пљунката му, и пумажа калта на очите на слепјут. И му рече: оди са исмиј на Гурната Силоамцка, тоа што ќи речи, пустен, утиде убо и са исми, и са варна гледаке. Кумшијте убо и тие дека гу гледаа понапре оти беши слеп, велеа: не е ли воа дека седеси и просеши. Друзи велеа [стр.031] оти воа е, друзи велеа му миаса, и он велеши: оти Јази сам. Му велеа: и как убо са утвориа очите ти. Отвешта он: и рече идин чувек што гу велет Исус, направи кал, и кладе наврас очите ми, и ми рече: оди на Гурната Силоамцка, и са измиј, и утидух и са измих, и пругленах. Му рекоа: и дека е тоа, му веле: не знам. И дунесоа на Фарисеите тоа, дека беши идно времи слеп. И кога направи Исус калта. и утфори очите му, беше Сабута. Пак убо гу питаа Фарисеите, как пуглена, и он му рече: кал кладе наврас очите ми, и са исмих и гледам. И некуј ут Фарисеите велеа: воа чувек не е ут Бога, зашто не чува Сабутата, друзи велеа: как можи чувек грешен да чине таквизи нисјане, и беше тараф меѓу них. Велет пак на слепиут: [стр.032] ти што велеш за негу, зашто утфори очите ти, и он рече: оти Профитин е. Не верува убо Јудеите зарди негу, зашто беши слеп и пуглена, дури ка викнаа Татките на тоа што пуглена. И и питаа, и рекоа: воа ли е Син ви, дека велети оти слеп са роди, как убо сега гледа. Татките му му отвештаа и рекоа: знаеми оти слеп са роди, и оти воа е Синут ни. Ами сега как гледа, не знајме, или кој утвори очите му, ние не знајме: воа има бои негу питајте: воа за себеси ки ви каже. Вие рекоа Татките му, зашто са боеа ут Јудеите: зашто и понапрет согласиа Јудеите оти кој омологиса негу ка е Ристос, да гу терат ут Соборут. Затоа рекоа Татките му, оти бој има негу питајте. Викаа убо фтору чувекут дека беши слеп, и му рекоа: слави Бога, ние знајме оти [стр.033] чувекут воа е грешен. Отвешта он, и рече: аку е грешен не знам: идно салде знам, оти уттаму дека бех слеп сега гледа. И пак му рекоа: што ти чини, как утфори очите ти. Му отвешта: понапрет ви кажах, та не чухте: што пак сакате да чуете? или сакате и вие да са чините ученици на негу. Испцуа гу убо, и рекоа: ти си Ученик на негу, ами ние сме ученици на Мојсеа. Ние знаеми оти Бог збурува сос Мојсеа: ами воа не гу знајме ут дека е. Отвешта чувекут и му рече, воа е чуднуту, оти вие не гу знајте ут дека е, и утфори очите ми. Ами знаиме оти грешен Бог не слушја: ами аку е некуј што чести Бога: и чине волјата му негу гу слушја. Ут крајта на сфетут не са чу, оти некуј да утфори очи на некуј што да са роди слеп. Аку не беши воа ут Бога, не можеши да чине [стр.034] ништу. Отвештаа, и му рекоа: ти сат сос сé са роди уф грехувите, и ти на учиш, и гу извадиа надвор. Чу Исус, оти гу извадиа надвор: и ка гу најде, му рече: веруваш ти на Синут Божие. Он отвешта, и му рече: та кој е Господине да верувам на негу? И Исус му рече: и гу виде, и тоа дака збурува сос тебе тоа é. И он рече: верувам Господине: и му са пуклони. (продолжува) Приготвил: Васил Чулев Комплетниот текст овде:http://www.helsinki.fi/~jslindst/268/ |