|
||||
Еванѓелие по Јоана (5. дел) |
Кониково, Беломорска Македонија- 18 век Текстот е најден во библиотеката на православната црква од Александрија во Египет, го пронајде во 2003 г. Финскиот историчар и филолог Мика Хакарaинен [Mika Hakkarainen] од Универзитетот во Хелсинки. Ракописот претставува оригинал на преводот од еванѓелието, и е најстаро еванѓелие на Македонски народен јазик, не црковен. Направен е во форма на Литургиска книга напишана рачно на Унцијално Којне писмо од непознат преведувач при крајот на 18-от век, и препишана и правописно исправена од Иромонахот Павел Божигропски Протосингел, родум од Кониково, Воденско, Беломорска Македонија. Текстот го препишалe од оригиналниот ракопис Финскиот лингвист Jоуко Линтстед [Јouko Lindtstedt] и Људмил Спасов од Универзитетот „Кирил и Методија” во Скопје. Во преписот се користени Латинското писмо и комбинации на обични и апострофирани Латински букви за најприближни озвучувања на живописните букви и глоси (гласови) кои се исфрлени од модерниот Македонски јазик (Ъ, Ы, Ь, Ю, Я, Щ, и т.н.) кон средината на минатиот век. Заради полесно читање и приближување на наречјето од тоа време кон денешниот читател, во кириличната транскрипција подолу овие правописни посебности се занемарени и оставени на изучување на лингвистите... НЕДЕЉА. 4. От Матеа. НА тоа времи, Ка флезе Исус уф Капернаум, дујде на негу Сотник, и гу молеши. И велеши: Господине, Детито ми лежи уф дома раслаблену, и са мачи лошу. И му веле Исус: Јазе ќи дојдам да гу ислекувам. И отвешта Сотникут, и рече: Господине, не сам дустоен, да дојдиш уф дома ми: ами речи салде лакардиата, и ќи са ислекува Детито ми. Зашто азе сам чувек пут пувеља, и имам пут мене војници: и велем на воа , оди, и оди: и на [стр.049] друг, ела, и иде: и на езмиќарут ми, чини воа, и гу чини. И ка чу Исус, са зачуди, и рече на тие што одеа пу негу: истина ви велем: нито уф Израил не најдох толку гулема вера, и ви велем, оти многу ут исгрева и ут заот ќи дојдат, и ќи сеннат зајно сос Аврам, и Исак, и Јаков, на Царстфуту Небеснуту, и Синувите на царстфуту ќи са исвадат надвор на темнината надворешната: таму ќи е плаканиту, и карцаниту на забиту. И рече Исус на бимбашиата: оди, и как верува, да ти са чине, и са ислекува Детито му тоа час. НЕДЕЉА. 5. От Матеа. НА тоа времи, Ка заминуваше Исус на Селуту Гергесинцку, гу сретоа два надворничеви, што испаѓаа надвор ут гробиштата, диви мошне, толку, дека не можеши да замине никуј ут патут тоа. [стр.050] И уф часут викнаа, и велеа: Исусе Сине Божиј, што имаме да чиниме ние сос тебе? Дујде тука да мачиш понапрет ут времиту. И далеч ут них, имаше буљук ут правци многу што пасеа. И демоните гу молеа, и велеа, аку на исвадиш, дај ни изин да одиме уф буљукут ут правците. И му рече: одејте, и они испанаа и утидуа уф буљукут на правците, и уф часут са зат’рче сат буљук ут брегут уф мориту, и са удавиа внатре у водите. И пастириту бегаа и утидуа на Градут, и кажаа сата работа, и работите на надворешните. И уф часут сат Грат испана и пусрете Исуса: и ка гу видоа, гу молиа да испани ут синорито му, и ка флезе внатре уф корабут, замина, утиде на цфојут му Грат. НЕДЕЉА. 6. От Матеа. [стр.051] НА тоа времи. Ка флезе Исус внатре на корабут, зaмина и дујде на сфојут му Грат. И уф часут му дунесеа идин Раслаблен, кладен горе на одар: и ка виде Исус верата му, веле на раслаблениут: имај ундисани синко, ти са пруштават грехувите. И ја, и некуи ут Книжовниците велеа: меѓу них, воа хули. И ка пузна Исус помислите му, рече: зашто мислите вие лошу уф сарцата ви. Кое е полесну, да речам ти са простуват грeхувите: или да речам: стани та оди. И да пузнаите, оти Синут чувечки има пувеља на земљата да пруштава грехуве, тогај веле на раслабленјут: стани и земи одарут ти, та оди уф дома ти. И стана, и утиде уф дома му. И ка видоа Људиту са пучудиа, и славиа Бога, дека даде таквази пувеља на Људиту. [стр.052] НЕДЕЉА. 7. От Матеа. На тоа времи. Ка заминуваши Исус, утидуа пу негу два слепи, и викаа, и велеа, О Сине Давидуф, пумилвај не. И ка стигна уф дома, дујдоа и слепите, и му веле Исус, верувате, как можам да гу чинам воа, и му велет: истина, Господине. Тогај му фати очите, и му веле: спрути верата ви нека ви са чине. И му са утфориа очите: и Исус сос заплашувани и пувеља, и рече: гледајте нека да не гу знае никуј. И они ка испанаа надвор гу раскажаа пу сата земља таа. И ка ислегоа они, ету, и му дунесеа идин чувек нем надворнешен. И ка ислезе бесут, збурува немјут: и са зачудиа људиту, и велеа: никуј пата не са виде така на родут Исраилуф. Ами Фарисеиту велеа? Сос напрешниут на демониту воа изваѓа бесувите. И Исус убиколи сите Градишта и Селата, [стр.053] учејќи пу Собориту, и пропуведаше Еваѓелиету на Царстфуту, и лекуваше секакви болки, и лушотии на Људиту. НЕДЕЉА.8. От Матеа. НА тоа времи. Виде Исус многу Људе: и и пужала, и ислекува болните му. И ка замракна, дујдоа Учениците му, и велет: местуту е пусту, и саатут сега замина: испушти људиту да одат на селата, да купат за себеси манчи. Му веле Исус: не требува да одат: дадејте му вие да јадат. И они му рекоа: ние немами тука, салдепет хлеба и две риби. И му веле дунесејти и тука. И пувеља Људиту да седат наврас тревата, и ка зима петту хлеба и двете риби, пуглена уф Небуту, и благослови: и ка сече хлебувите, и даде на Учениците му, [стр.054] и Учениците на људиту. И јадоа сите, и са најадоа, и кренаа коматиту, што артардисаа, дванајсет кошуве пални. И дека тие јадоа, беа ду пет хилиади маже, бис жени и деца. И уф часут анагкаса Исус Учениците му да флезат уф корабут, да заминат понапрет утсреште, дури да испушти људиту. Приготвил: Васил Чулев Комплетниот текст овде: |