Среда, 03 Октомври 2018    PDF Печати Е-пошта
Еванѓелие по Јоана (7. дел)

Кониково, Беломорска Македонија - 18 век

Текстот е најден во библиотеката на православната црква од Александрија во Египет, го пронајде во 2003 г. Финскиот историчар и филолог Мика Хакарaинен [Mika Hakkarainen] од Универзитетот во Хелсинки. Ракописот претставува оригинал на преводот од еванѓелието, и е најстаро еванѓелие на Македонски народен јазик, не црковен. Направен е во форма на Литургиска книга напишана рачно на Унцијално Којне писмо од непознат преведувач при крајот на 18-от век, и препишана и правописно исправена од Иромонахот Павел Божигропски Протосингел, родум од Кониково, Воденско, Беломорска Македонија.

Текстот го препишалe од оригиналниот ракопис Финскиот лингвист Jоуко Линтстед [Јouko Lindtstedt] и Људмил Спасов од Универзитетот „Кирил и Методија” во Скопје. Во преписот се користени Латинското писмо и комбинации на обични и апострофирани Латински букви за најприближни озвучувања на живописните букви и глоси (гласови) кои се исфрлени од модерниот Македонски јазик (Ъ, Ы, Ь, Ю, Я, Щ, и т.н.) кон средината на минатиот век. Заради  полесно читање и приближување на наречјето од тоа време кон денешниот читател, во кириличната транскрипција подолу овие правописни посебности се занемарени и оставени на изучување на лингвистите...

НЕДЕЉА. 13.

От Матеа.

[стр.061] РЕче Госпот Приказната ваа, беше некуј чувек ступан, тоа насади ино лозе, и гу загради окулу, и скупа внатре уф негу штерна, и созиде Кула: и гу даде на исполу на работниците иси утиде. И кога наближи времиту на максулут, пушти езмиќарито му на работниците да зеват максулито му. И работниците ка фатиа езмиќарито му, други биа, друг утепаа, и друг утепаа сос камени. Пак пушти друзи езмиќаре повеки ут правните: и чиниа и на них пак така. И напоком пушти на них Син му, велеши: ќи са усрамат ут Син ми. Ами работниците ка видоа Син му, рекоа меѓу них: воа е мирасчиата, елајте да гу утепиме, и да заприме миразут му. И ка гу фатиа гу исвадиа надвор ут лозиту, и гу утепаа. Кога убо дојде Господинут на лозиту, што ќи чине на [стр.062] работниците тие. Велет на негу: вие лошите ќи и расипе ут зло на злини, и лозито му ќи гу даде на исполу на друзи работници, дека да му дават максулут на времито му. Му веле Исус: некуј пат не сте пејали на писаниету, каменут тоа што поудиа мајсториту, воа са чини, глава на ќушиту: ут Бога са чини воа, и е чудно на очите вашите.

НЕДЕЉА. 14.

От Матеа.

РЕче Госпот приказната ваа. Омиасa царству Небесну, един чувек цар тоа што прави сфатби на Син му. И пушти езмиќарито му, да викат калесаниту на сфатбите, и неќаа да дојдат. Пак пушти друзи езмиќаре, и му веле: кажејте на калесаните: ету: дека ручокут ми исготфих, јунците ми и ранетите са заклани, и сите са гутови, [стр.063] елајте на сфатбате. И они кату да са лениа, друг утиде на нивата му, друг пу прагматиата му. И друзите друзите фатиа езмиќарито му, и и пцуа. И ка и чу царут, са наљути: и пушти војската му, и расипа убијците тие, и Градут му гу раскупа. Тогај веле на езмиќарито му, сфатбата е гутова, ами калесаниту не беа дустојни. Одејта убо на патиштата, и колку најдите калесајти и на сфатбата. И ка излегоа надвор езмиќариту тие на патиштата собраа колку најдоа, лоши и арни: и са напални сфатбата калесани. И Царут ка флезе да виде тие, дека седеа на трапезата, виде таму един чувек, што не носеше руби за сфатба. И му веле: пријатиле, ка флезе туа, што немаш руби за сфатба, и он млакна. Тогај царут на езмиќарито му: варзејте му раци и нози, и кренејти [стр.064] гу, и гу кладејте на темнината надворешната: таму ќи биде плаканиту и карцаниту на забиту. Зашто многу са калесаниту ами малце избраниту.

НЕДЕЉА. 15.

От Матеа.

НА тоа време. Законик некуј дујде на Исуса, гу пита, и гу докимасуваше, и велеши. Дидаскале: кое нарачба е погулема уф законут? И Исус му рече: да возљубиш Госпуда бога твоего сос сату ти сарце, и сос сата ти душа, и сос сите ти помисли. Ваа е правња и гулема нарачба. И фтора кату на ваа е: да возљубиш кумшиата ти кату себеси. На вие двете нарачби сат Закон и Профитут висат. И ка са собраа Фарисеиту, и пита Исус. И велеши: што ви гледа зарди Ристос, на кој е Син? Му велет, [стр.065] на Давид. Му веле как убо Давид кога профитевсуваше сос Сфетиут Дух гу веле Господин, и велеши. Рече Госпот на Госпот мој: седи ут деснуту ми дури да кладам душманиту ти стапка на нозиту ти. Аку убо Давид гу веле Господин, как е Син му. И никуј не можеши да му пуварне лакардиа: нето смеја никуј ут тоа ден пак да гу пита веќи.

НЕДЕЉА. 16.

От Матеа.

РЕче Госпот приказната ваа. Некуј чувек сакаше да си оде, викна емиќарито му, и му придаде иманито му. И на друг даде пет таланта, и на друг даде два, и на друг един: на секуј спрути силата му: и си утиде уф часут. И тоа што зе петту таланта, ка утиде работи сос тие, и чини друзи пет таланта. Така и тоа, што зе двата, издуби [стр.066] и воа друзи два. Ами тоа што зе идињут, ка утиде искупа земљата, и закупа сребруту на Господинут му. И напоком сос многу времи, и дујде Господинут на тие езмиќаре, и чини исап сос них. И дујде тоа дека зе петте таланта, и дунесе друзи пет таланта, и велеши: Господине, пет таланта ми даде, види, ету друзи пет таланта издубих сос них. И му веле Господинут му. Арен езмиќарин благ и верне, на малце са чини уверуван, ќи та наместам на многу: флези уф радуста на Господинут ти. И дујде и тоа што зе двата таланта, и веле: Господине, два таланта ми придаде, ету друзи два издубих сос них. Му веле Господинут му: Арен езмиќарин благ и уверуване: на малциту са чини уверуван, на многуту ќи та наместам: флези уф радуста на Господинут ти. Дујде и тоа, што зе идињут талант, и веле: Господине, јазе та пузнах [стр.067] оти си чувек љут, жниеш таму дека не си сејал, и изберуваш таму дека не си располетал. И кату да са уплаших, утидух та закупах таланут ти уф земљата: види: на дека имаш тфојту. Отвешта Господинут му: и му веле, о лош езмиќарин и ленливе, знаеши оти жниам јазе таму дека не сејах, и соберувам таму дека не располетах. Требуваше убо да дадиш на заем сребруто ми на сарафиту: и ка ќи дојдеш јазе, ќи земех мојто сос фајда. Зивајте убо ут воа талантут, и гу дадејте на тоа што има десетте таланте. Зашто секуј дека има, ќи му са даде, и ќи артартдиса, ами ут тоа дека нема, и тоа дека има, ќи са земи ут негу. И воа непотребнијут езмиќарин, фарлејте гу надвор на темнината надворешната: таму ќи биде плаканиту и карцаниту на забиту. И ка рече вие: викна: и кажа, тоа дека има [стр.068] уши да слушја, нека слушја.

НЕДЕЉА. 17.

От Матеа.

НА тоа време, Ке испанна Исус на местата Тирцки и  Сидонцки. И ету идна жена Хананејка, дека испанна ут синориту тие, гу викаше, и велеши: Господине, Син на Давид, пужалај ме, керка ми лошу беснува. И он не му отвешта лакардиа, и дујдоа Учениците му, и гу молеа, и велеа: испушти а зашто вика пу нас. И он отвешта, и рече: јазе не сам пуштен, салде на офците загубените на куќата Израилува. И она ка дујде, му са пуклони, и велеши: Господине, поможи ми. И он му отвешта: не е арну да земи некуј лебут ут децата, и да гу ф'рле на кучињата. И она рече:  истина Господи, зашто [стр.069] и кученцината јадат ут ронките дека паѓат ут трапезата на господините му. И отвешта Исус и му рече: о жено, гулема е верата ти, нека ти са чине ка сакаш, и са излекува керка ми ут тоа саат.

Приготвил: Васил Чулев

Комплетниот текст овде:

http://www.helsinki.fi/~jslindst/268/

p001

p004

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.