|
||||
Еванѓелие по Јоана (10. дел) |
Кониково, Беломорска Македонија - 18 век Текстот е најден во библиотеката на православната црква од Александрија во Египет, го пронајде во 2003 г. Финскиот историчар и филолог Мика Хакарaинен [Mika Hakkarainen] од Универзитетот во Хелсинки. Ракописот претставува оригинал на преводот од еванѓелието, и е најстаро еванѓелие на Македонски народен јазик, не црковен. Направен е во форма на Литургиска книга напишана рачно на Унцијално Којне писмо од непознат преведувач при крајот на 18-от век, и препишана и правописно исправена од Иромонахот Павел Божигропски Протосингел, родум од Кониково, Воденско, Беломорска Македонија. Текстот го препишалe од оригиналниот ракопис Финскиот лингвист Jоуко Линтстед [Јouko Lindtstedt] и Људмил Спасов од Универзитетот „Кирил и Методија” во Скопје. Во преписот се користени Латинското писмо и комбинации на обични и апострофирани Латински букви за најприближни озвучувања на живописните букви и глоси (гласови) кои се исфрлени од модерниот Македонски јазик (Ъ, Ы, Ь, Ю, Я, Щ, и т.н.) кон средината на минатиот век. Заради полесно читање и приближување на наречјето од тоа време кон денешниот читател, во кириличната транскрипција подолу овие правописни посебности се занемарени и оставени на изучување на лингвистите... НЕДЕЉА. На Врабница. От Матеа. НА тоа времи, кога наближи Исус на Јерусалим, и дујдоа на Вицфаги на Планината Елеонцка, тогај Исус пушти два Ученици, и рече на них: Одејте на Селуту што е прет вас: и уф часут ќи најдите ина магарица варзана и ино п'рле зајно сос неја. отварзајте [стр.117] и ми и дунесејте. И аку ви кажи некуј нешту, ви кажите, оти на Господинут му му требуват: и уф часут ќи и пушти. И воа сату са чини да са плати тоа, дека са збурува зарди низ Профитут, дека веле. Кажејте на ќерката Сионува: ету , Царут ти дека ти иде кротка, и вјахнат наврас магариту, и на п'рлиту детиту на подјаремницата. И ка утидуа Учениците, чиниа кату ка и пувеле Исус. И дунесоа магарицата и п'рлиту, и кладоа горе рубите му, и гу качиа наврас тие. И повеќиту људе си пустељуваа рубите му на патут, и друзи сечеа вејки ут д'рвјата, и пустељуваа на патут. И људиту дека одеа напрет, и тие дека одеа пу них, викаа, и велеа: Осанна на Синут Давидуф: благословен тоа што иде уф име Госпудуву: Осанна во вишних. И кага флезе внатре уф Јерусалим, са путресе сат [стр.118] Грат, и велеши: кој е воа. И људиту велеа, воа е Исус Профитут, дека е ут Назарет на Галилеа. И ка видоа Владициту, и Книжовниците чудбите, што чини, и децата дека викаа уф Царквата, и велеа: Осанна Синут на Давид, са наљутиа. И му рекоа: чуеш што велет вие? И му веле Исус: Истина? Не сте пејали никујпат, оти ут устите на децата, и ут тие што цицат си сфаршил хфалба. И ка и устави излезе надвор ут Градут, утиде на Витаниа: и кунтиса таму. НЕДЕЉА.На Врабница. На литургиа От Јоана. ПОнапрет ут шест дни на Вилигден дујде Исус на Витаниа, таму дека Лазар умре, тоа што гу воскресна ут умрените. Му правиа убо вичера таму, и Марта чинеши измет: и Лазар беши идинут [стр.119] тие дека седеа на трапезата зајно сос Исуса. Мариа убо зива ина литра нарда ретку многоцену, и пумажа нозите на Исуса, и сос косите му и избриша: и Куќата са напални ут миресмата на мироту. Веле убо идун ут Учениците му, Јуда синут на Симон Искариотут, што сакаше да гу придаде. Зашто не са прудаде воа миро за тристотини динаре, да са даде на сиромаситу. И воа гу рече: не оти имаше грижа за сиромаситу, ами зашто беше арамиа, и дарчеши кеситу, и запираше тие што клаваа. И Исус му рече: остави ја зашто гу чува на денут на закупаниту ми. Зашто сиромаситу и имате секуј пат сос вазе, ами мене секуј пат не ма имате. И многу сфет ут чифутиту научиа оти таму е, и дујдоа на салде за Исуса, ами да видат и Лазара тоа што гу војскресна ут умрените. И Владиците чиниа ниет, да утепат [стр.120] и Лазара. Зашто мнозина ут чифутиту зарди Лазар са паракинисуваа одеа, та веруваа на Исуса. Другиут ден многуту сфет дека утиде на Празникут ка чуа, оти иде Исус на Јерусалим. Зиваа ваја ут хурми, и излегоа да гу присретат, и викаа: Осанна: благословен тоа што иде уф име Господуву, царут на Израил. И Исус најде ино магаренце, и сенна врас негу, кату ка е написану. О ќерко на Сион ним са боиш, ету, Царут ти дека иде вјахнат наврас п'рлиту на магарицата. И вие не и пузнаа Учениците му утперву: ами кога са пруслави Исус, тогај смислиа, зашто вие беа писани зарди негу, и вие чиниа на негу. Сфетут убо мартирисуваше што беши сос негу, оти викна Лазара ут гробут, и гу војскресна ут умрените. И зарди тоа гу присретоа људиту, зашто чу оти чини он воа нишан. Крај Приготвил: Васил Чулев Комплетниот текст овде: |