|
||||
ВРЕМЕ Е |
Чедомир Б.Шопкиќ ВРЕМЕ Е Врват денови во време чудно, мачно, чија коб ли се носи и може ли птица во јато да се биде во време без касмет и присилба? До кога на волјата на светот борч ќе и враќаме? До кога ќе чекаат да венее тоа што не свенува во ова време морничаво и без верба кога магли шиштат и ја попречуваат ведрината да осамне. Друго ли е сега време време на мемла и тишина време небрежно и непристојно во своите јадови да се брчкаме. Време на временска рамка на нечиј ум, време на замајување, на живот на безвремен црн вакумта играат дамарите. Заматена слика од нови лица, нови градови... цементирани лаги, цементирани соништа, безимена маса, безимени странци, создадена зависност, непробојна завеса. Непокорен израз на лицето, парчиња од сложувалка не се на своето место. Од окото на Орфеј облаци од ѕвезди што паѓаат како молња, ниски облаци зли и во темнината понираат удирајќи во времето, Трае ли трае, петок тринаесетти, во сивилото ги помниме само боите и шарите на килимите низ годините, Набиена змија од возила и луѓе ко лозје на непрегледен шпалир, во круг со светлината гласна врева ги иритира Тивка надеж на усните Мраз да не нѐ вкочани и да не фрлаат веќе песок во очите Остана само да воскликнеме „Спаси ги Боже“ гневните души. Време е! |