|
||||
ИЗЛЕЗЕ ОД ПЕЧАТ РОМАНОТ „ЗЛАТНИОТ ЧАСОВНИК ШТО ГО ЗАПРЕ ВРЕМЕТО“ ОД ДИПЛОМАТОТ ДОРАКОВСКИ |
ИЗЛЕЗЕ ОД ПЕЧАТ РОМАНОТ „ЗЛАТНИОТ ЧАСОВНИК ШТО ГО ЗАПРЕ ВРЕМЕТО“ ОД ДИПЛОМАТОТ ДОРАКОВСКИ Дипломатот и писателот Константин Дораковски, во романот „Златниот часовник што го запре времето“ живописно ги пренесува личните видувања и импресии и нé пренесува во возбудлив свет за судбинските моменти од човековото живеење. Делото е интересна романсирана приказна за детството и младешките години во средините каде авторот одраснал Романот „Златниот часовник што го запре времето“ е најново дело на Константин Дораковскија. Во него живописно се испреплетува интересна приказна за детството и младешките години поминати во опкружувањето на средината каде авторот одраснал, а со отсликување и на настани и ликови од бурните времиња на претходните генерации. Исто така, во романот се претставени и средбите и контактите во далечните прекуокеански простори, со кои се збогатува наративот што опфаќа стотина години (1903-2003). Така, спокојството во страниците посветени од секојдневието на неговата непосредна околина во детството и младешките години се испреплетува со турбулентните периоди за времињата низ кои одминуваат животните патишта на повеќе ликови, а со прекуокеанските хоризонти се заокружуваат сеќавањата кои ги запрел “Златниот часовник”. Романот „Златниот часовник што го запре времето“, во кој еден дел секако е одраз на личните видувања и импресии со вклопување во поширок контекст на некои реални историски настани и ликови. Делото нé пренесува во возбудлив свет што го задржува вниманието на читателот и побудува расмислувања за судбинските моменти од човековото живеење. Во ова дело се раскажува и приказната за побитните настани во Битола и Македонија во период од еден век низ кои се преплетуваат и животните приказни на неколку карактери а кои во еден дел се сврзани и со сеќавањата и погледите на авторот за историските состојби низ кои поминувал нашиот народ. Нарацијата, збогатена и со локалните јазични особености од опкружувањето и од животните патишта на некои карактери, само ја збогатува импресивноста и колоритноста на ликовите и настаните со кои се отсликува еден подолг период од нивното секојдневие што, како и времето, неповратно одминуваaт. Инаку, Константин Дораковски е првиот македонски дипломат во Канада (в.д. генерален конзул на Република Македонија во Торонто,1997-2001, како и прв македонски дипломат во Канбера, Австралија (2003-2006), а потоа повтороно во Канада како министер советник во Амбасадата на РМ во Отава (2010-2013). Дораковски потекнува од печалбарско Љубојно, од Преспа, а одраснал во Битола. Низ своите драмски текстови тој пројавува интерес за повеќе теми кои се наметнуваат со актуелниот пристап во современиот временски простор. Тие даваат белег на појавите кои задираат во собитијата на времето низ кое поминува општественото и човековото живеење. Константин Дораковски не беше само дипломат, туку тој е плодел писате. Минатата година објави книга со три драми „Шушулеменко“, „Новиот ракопис на Прометеј“ и „Додека сонцето изгрее на запад“„ а неготиот прв роман беше „Трите брега на душата“. Роман „Златниот часовник што го запре времето“ на Константин Дораковски, е создаван во подолг временски период. Со темите, актуелноста и пластичноста на опишаните настани и карактери, овој роман е предизвик за театарската продукција и претставува значаен придонес во македонската книжнина. Пишува: СЛАВЕ КАТИН |