Среда, 16 Јануари 2019    PDF Печати Е-пошта
МАНАСТИРОТ „СВ. МАЛА БОГОРОДИЦА“ ВО СЛИВНИЦА – ПРЕСПА (26)

b1

РАЗГОВОРИ И НАСТАНИ ЗА СВЕТА БОГОРОДИЦА – II ДЕЛ

При нашата посета во 2003 година на манастирот Света Богородш како Слимнички манастир, кога се празнува Мала Богородица и цела Преспа го негува овој култ кон пресвета Богородица низ вековите, имавме можност да дојдеме во контакт со повеќе луѓе од овој крај и да ги забележиме следниве искажувања:

          Разговор со протојерејот Ѓорѓи Нанчовски од Ресен.

Ha денот на Мала Богородица во Слимничкиот манастир служеше протојерејот Ѓорги Нанчовски од Ресен. Co оглед на тоа што протојерејот имаше долгогодишно искуство со црквите во Преспа, го замоливме да ни ги предочи сопствените видувања за манастирот. Господинот Нанчовски со задоволство го раскажа следново:

„Во овој манастир од поодамна се собира доста народ на денот, посебно на вечерта, од сите околни села, следејќи ги богатите обичаи. Народот е правоверен, си верува во својата Црква, верува во Бога. Оваа традиција останала и ќе остане и понатака. Доаѓаат со големо внимание, носат дарови иѝсе поклонуваат на мајка Богородица.

Во манастирот има и лековита вода, како извор, и се користи за многу работи. Секој доаѓа по неа за она што нему му треба. Господ е голем и ќе им помогне на сите оние што веруваат.

Убаво се сеќавам на настанот кога Богородица се појави на пенџерата од црквата, на слика од фоторепортерите од весникот „Македонија денес". Материјалот беше доставен на експертиза и се докажа дека не е тоа обичен случај. Можеме да веруваме во Божјата сила. Во овој крај има многу преданија и легенди за Богородица, а има и многу луѓе кои сонуваат сонови. Барањата што им се поставуваат, тие ги остваруваат.

Верувам и знам дека манастирот е познат, но самиот македонски народ не го познава доволно. Мислам дека е убаво нашиот народ да го знае и овој наш манастир, оваа црква со убавите фрески и икони. Покрај тоа ова е ретка убавина и со природните богатства.

 

            Разговор со Бошко (Божин) Нечовски, економ на Манастирот

Bo манастирот наидовме на жени кои дошле по претсказание на сон, а никогаш не го виделе, ниту пак чуле за него. Во манастирот беше и економот Божин Нечовски, кој имаше дадено голем придонес за Манастирот со грижата за неговото зачувување и реновирање, за патот до него, итн. Еве некои негови искажувања:

„Јас сум Божин (Бошко) Нечовски, роден во село Сливница, 1925 година. Јас сум овде од 1977 година. Сум собирал пари по селата за обнова на овој манастир.

b2

Манастирската света вода

Пред дваесет години, во месец јули, дојдовме овде со сопругата да збираме вргани, во местото викано Рамниње. Најдов печурка од две кила и шестотини грама. He знаев дека на печурката е извиткана змија - потскок. Првпат гледам толку голема печурка, сум видел до петстотини грама. Кога ја погледнав, се наведнав и ја замрдав малце. Се испрајв простум, се наведнав да ја пуштам раката, зашто секоја печурка ја фаќаме за стеблото. Кога дојдов за да ја ставам раката, наеднаш, од кај ми дојде, скокнав, и викнав со силен глас:

Овде има змија и не ја фаќам. Имав стап во раката и неколку пати манав со стапот, печурката се преврте, змијата завиткана на стеблото од печурката. Me спаси Богородица, затоа што пред неколку години се погрижив да се напрај патот до манастирот.

Мојот брат Науме Нечовски, кој сега се наоѓа во Америка, мојот братучед Борис Нечовски, кој почина во Австралија пред една година, Лазар Трајчевски, кој се наоѓа во село Сливница и Марко Трајчевски, кој е сега во Детроит, го паселе крупниот добиток во близината на манастирот. Нашиот вол, сакат во ногата, го натерале да пасе внатре во оградата од манастирот, за да не го удрат воловите. Кога се вратиле кај воловите слушаат глас: Волот одма да го истерате!

Децата не му обратиле толку внимание на гласот. Барањето се повторило неколку пати. Се вратиле назад, бараат насекаде човек, човек нема. Го вратиле волот кај другите волови и гледаат мечка минува крај воловите. Воловите, кои обично се збираат и рикаат при вакви средби, тогаш молчеле и паселе мирно. Еден од момците фрлил камен по неа, таа само подзинала малку, пуштила глас и си заминала мирно.

Борис Стојанов ги пасел овците, а живеел деведест и една година, пред да зајде сонцето над селото, ја гледа Боризица Попова од селото Сливница, моминско име Сотирка, како оди по патот за манастирот. Се загледал во неа и си замислил, каде оди оваа жена без крупен добиток, сонцето е на зајдвење. Кога дошла нагоре, се појавило одозгора кучето, слајало и се изгубила.

На местото од нашето село Сливница се наоѓаат темели од постари времиња, постое црква Света Петка. Таму некаде на местото викано Марко Нога или Широка Горница, Борис Митревски гледа жена во нашата стара долнопреспанска ношња, со црвена шамија, таканаречена винарка. Гледа Борис и се чуди, кога гледа кучето слајало и жената се изгубила.

Пред неколку години доаѓаа деца млади во манастирот, пред да фати првиот мрак, едни останале на горниот источен дел, едно отишло, по име Кире, сега живее во Ресен, да пие вода на чешмата, кога гледа човек облечен во бела ношња, облечен како лекар. Се исплашило детето и избегало.

Стојан Наумовски од село Сливница ги пасел овците до зајдисонце, пред четириесет години. Во далечина од еден километар гледа човек во бели алишта, влегува во Курбинска порта, влегол во камбанаријата и ја ропал камбанаријата. Тогај Стојан се исплашил, дури и косата му се дигнала.

Сега, пред една година, Владе и Зоран Гиневски од село Штрбово, по занимање сликари, дојдоа да го сликаат манастирот и чекале да зајде сонцето. Го извршиле сликањето и кога се упатиле да излезат кон портата. од левата страна од ѕидот на Владе и на Драги Коруновски од село Сливници, му свири музика. Кога се доближив јас до нив, ги видов луѓето исплашени и ми велат: 'Што е ова чичко Божине, музика во ѕидот ни свири!'

b3

Седмочислениците во црквата на Слимничкиот манастир

Знам случаи со Димче Босилковски, Јовко Поповски, Коле Котевски, поштар од село Претор, а преселен во 1918 година со фамилијата во село Сливница. Оделе на слава на манастирот, на денот Свети Трифун. На патот се поболил Димче. Тие стрчале кај татко му по лек за срцето. Кога се враќале назад било темница. а кога навлегле во шумата ваковска се појавила светлина која ги следела како месечина, се до оградата на манастирот. Кога стапнале кај портата светлоста се изгубила. My го дале лекот на Димче“, ни раскажа Бошко Нечовски, економот на Манастирот.

          Разговор со Лазе Трајчевски

Лазе Трајчевски ни соопшти дека е роден во 1935 година во село Сливница, завршил средно образование во Ресен. Тогаш живееше во Битола. Тој не информира дека доаѓал редовно на денот на Мала Богородица. Тој продолжи:

„Како дете живеев в село. Бевме четири деца. Ги пасевме гојдата. Едното дете е брат на Бошко и сега живее во Америка. Тоа имаше еден вол куц. Го пикна во авлијата од манастирот да пасе. А ние другите волој ги држевме ваму горе. Наеднаш од црквата вика човек, ние не гледаме човек, но му го слушаме само гласот: Истерајте го волот! He гледаме човек.

Се собравме сите тројца и кога гледаме волот лежи. Го собравме и го извајвме од оградата. И наеднаш отстрана се појавува една мечка, си замина нагоре и сјојде мирно. Ова го доживеав лично. А има луѓе кои ми раскажувале дека виделе овде во манастирот многу нешта“, ни рече Лазе Трајчевски.

  Продолжува

 Пишуваат: Д-Р ВЕРА СТОЈЧЕВКА-АНТИЌ и СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.