"НЕ ПЛАЧИ И КОГА БОЛИ"
Промоција:17 февруари 2019
Во 19 часот
МКЦ (Младински Културен Центар)
Од Розита Македонска Христовска
Рецензент: професор д-р Виолета Ачкоска
Модератор: Виолета Сековска-дипломиран библиотекар
MОЈОТ БЕЗГЛАСЕН СВЕТ
Истура небото тишина. Молњи без грмеж. Капките дожд се впиваат во лимот без звук. Без ромон. Старо замрачено меанче немоќно му пркоси на мракот. Во аголот празен подиум за танц. Белокос виолинист го мачи гудалото шетајќи по струните. Само слика е без тон. Безгласна музика а тажна до болка. Келнерот крај мене бележи нешто. Мојата нарачка? Не си го чув гласот. До мојата маса поднапиени гости со кренати раце и зинати усти. Пеат ли? Слушам само штама. Си ги допирам градите на она место каде треба да чука срце. Ништо. Молк. Боже, па како сум жива без срце?
Него го нема. Тој што долго го љубев. Тој што долго го чекав овде во нашето меанче. До скоро наше. Со подиум во аголот што нè памети нас двајца по нашето танго. Тој не дојде. И нема да дојде никогаш повеќе. Го проголта тишината. Ќе ме има во таа тишина само како сенка додека не се спојам со една друга. Во мојот безгласен свет.
Истура небото тишина. |