Среда, 16 Октомври 2019    PDF Печати Е-пошта
ИЗРАЕЛ - ВЕТЕНАТА БИБЛИСКА ЗЕМЈА (12)

erusalim1

ЕРУСАЛИМ - ГРАДОТ НА ВЕЧНОСТА

Историјата на човештвото е оградена со ѕидови. Меѓу нив, три заземаат посебно место: Кинескиот ѕид; граница меѓу цивилизацијата и варварството; Берлинскиот ѕид, сведоштво за една умисла да се пресече живото европско ткиво на два дела, и Ѕидот на плачот, симбол на секојдневната средба на Евреите од целиот свет со својата судбина

Западниот ѕид, наречен од британската мандаторска управа „Ѕид на плачот“, поради секојдневните, честопати со солзи накапени молитви на Евреите свртени со лицата кон ѕидот, се смета за последен остаток за најголемото светилиште во јудеизмот. Тоа е храмот кој на едно возвишение во Ерусалим го изградил Соломон, синот на кралот Давид, пред 3.000 години.

Ерусалим е градот на историската крстосница на многубројните свети места. Тоа е град со мултиетничко население, со посебна архитектура обликувана исклучително од ерусалимски камен ваден од пустината со ритчеста конфигурација од чии височинки може да се види Мртвото Море. Инаку, постои закон уште од времето на Британците со кој се регулира изградбата на сите згради, куќи и други објекти, да бидат исклучително со бел делкан камен.

Ерусалим е град на вечните убавини и на светите места. Низ милениуми, населението на Ерусалим, но и оние што доаѓале и доаѓаат да му се поклонат, го воспевале и го воспеваат како град на вечноста, како центар на светот, како главен град, како град со голема политичка моќ…

erusalim2

Ерусалим

Според тоа, тој има повеќе имиња што му се дадени во Светото писмо, во Мојсиевите записи и во литературата. Израелците го нарекуваат Јерушалаим, од каде потекнува и денешното негово име – Ерусалим, што значи „град на мирот“.

Меѓутоа, за постоењето на Ерусалим – градот на Христовите маки, смрт и воскреснување, во текот на последните два милениума не е врзан поимот мир. Ниту на едно свето место во светот не потекле толку потоци крв како овде. Никаде не се воделе толку жестоќи битки, никаде толку многу не се сеело омраа и не се напаѓале како во овој свет град што е сместен на ладните и сиви карпи на планината Јуда. Трите светски религии – еврејската, христијанската и муслиманската, од градот направиле центар на раздорот. Истовремено, никаде не се кажале толку многу молитви како во Ерусалим.

Овој свет град го обожаваат и Евреите и христијаните и муслиманите. Како и речиси сè друго во овој древен свет град, и самата историја на Ерусалим е проткаена со неизвесности и спротивности. Но, историчарите во едно се согласуваат дека тој е многу постар од 3.000 години, колку што се одбележаа како годишница од неговото постоење.

Неговата големина се менувала со менувањето на генерациите, од кои секоја на свој начин му давала свој печат, пркосејќи на сè она што со себе го носела трговијата, снабдувањето со вода, патната мрежа и другите општи добра што влијаеле врз менувањето на неговиот физички изглед во секој период од неговиот развој. Денешниот Ерусалим е круна на таа долгогодишна историја на градот како крстопат на светот. И Стариот и Новиот град се израз на таа вечна потрага по светото, по мирот и хармонијата, по подобрата иднина.

Приказната за Ерусалим почнува кога моќниот крал Давид го купил ридот над градот. Целта му била да изгради свет храм каде што би бил сместен Заветниот ковчег во кој се чувале плочите со Десетте Божји заповеди што Господ, преку Мојсие, им ги објавил на децата на Израел. На кралот Давид, моќниот творец на првата еврејска држава, сепак, не му било дозволено да го изгради Храмот, неговите раце биле крвави. Таа света должност ќе стане аманет на неговиот син Соломон.

Уште од Мојсие, од колено на колено се пренесувал споменот на илјадниците Евреи кои останале затрупани под камењата на египетските пирамиди. Градењето на светиот Храм како трајно седиште на Заветниот ковчег, би требало да биде паментик за годините на ропството, но и решеност никогаш повеќе да не се градат кули за туѓите господари или бесконечно да се талка по пустините. Со Храмот, Евреите се пронаоѓаат самите себе, на својата земја, под сенката на светилиштето која ќе биде печат на нивниот сојуз со Бога. Ерусалим станува свет град, а Храмот светост над светостите.

Секоја светост, за да остане трајно во колективното сеќавање и да биде вечна инспирација на новите генерации, најпрвин, мора да биде осквернавена. Храмот во Ерусалим бил разурнат од вавилонскиот крал Набукодоносор, а Евреите биле протерани како робови во Вавилон. Оттогаш потекнува псалмот кој со текот на времето се претвора во заклетва. Тој гласи:

Ако те заборавам Ерусалиме, нека ми се исуши десната рака, јазикот нека ми се залепи со непцето, ако те заборавам, ако ти, Ерусалиме, не ми бидеш најголема радост“.

Името на Ерусалим за првпат се споменува во престарата книга „Постанок“, во која се вели дека „Мелкиседек, крал на Салем донел леб и вино и така тој станал свештеник близок до Бога“. Мелкиседек, всушност, му се восхитувал на Абрахам за неговата победа 4.000 години пред тоа. Во историјата се познати и записите на Исак, приврзаник на Абрахам, кој им зборувал на граѓаните на Ерусалим дека „Господ гледа“, а кралот на Салем на тоа  додал „Го нареков Ерусалим, кој ќе го види него, видел сè“. Овој запис е регистриран од времето кога Евреите дошле во ветената земја Канаан од Египет и кога градот уште не бил основан.

Во времето на Хошуа, Евреите се бореле против кралот на Ерусалим, но тој, сепак, останал во власта на Хебусит. Така било, речиси, до 1.000 година пред новата ера кога кралот Давид го освоил Ерусалим и тој станал главен град на Израелското Кралство. Од тоа време се нарекува и Давидов град. Кралот Давид поставил гувернер на Ерусалим и го опколил со нови ѕидишта.

erusalim3

Гробишта во Ерусалим

Западниот ѕид, наречен од британската мандаторска управа „Ѕид на плачот“, поради секојдневните, честопати со солзи накапени молитви на Евреите свртени со лицата кон ѕидот, се смета за последен остаток за најголемото светилиште во јудеизмот. Тоа е Храмот кој на едно возвишение во Ерусалим го изградил Соломон, синот на кралот Давид, пред 3.000 години.

Околу 950 година пред новата ера со Ерусалим владеел Соломон. Подоцна, односно „480 години откако децата на Израел го напуштиле Египет“, веќе е изграден и првиот храм во градот. Потоа, Соломон го разубавува со изградба на палати и други згради и уште повеќе ги зајакнал ѕидиштата на градската крепост, со што Ерусалим прераснува во религиозен и политички центар на Израелците.

Меѓутоа, во 922 година пред новата ера, синот на Соломон го поделил кралството на два дела: Израелско Кралство на север и Јудејско Кралство на југ. Ерусалим продолжува да се развива во Јудејското Кралство. Во 702 година пред новата ера, кралот Хезекија, подготвувајќи се за борба со Персијците, го утврдил градот со нови високи ѕидови и спровел вода преку тунели. Тоа придонело успешно да се одбиваат нападите на Асирците и на Вавилонците.

Но, во 538 година пред новата ера, сепак, Ерусалим потпаѓа под власта на Вавилонците, кои со него владееле околу 50 години. Во нивно време почнува обновата на престолнината и се гради уште еден храм чии остатоци и денес ги има во дел од темелите на новата базилика. Подоцна Езра или Ездра, еврејски писател кој се вратил во Израел од вавилонското ропство на Персиското Кралство, составил и градски правила за развој на Ерусалим. Меѓу другото тој ги забранил мешаните бракови.

Ерусалим бил освојуван од бројни воини, меѓу нив и од Александар Македонски. Меѓутоа, особено интересно е тоа што градот доживува значаен процут за времето на Александар Македонски, кој овде дошол во 332 година, пред новата ера, протерувајќи ги оттука Персијците. Во неговото време, како и во времето на неговиот наследник Птоломеј, Ерусалим јакнел како религиозен центар и станал израз на духовната хегемонија на Израелците.

Продолжува

 New Katin

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Пропаѓањето на проектот „Северна“

  Пропаѓањето на проектот „Северна“

Историја

News image

ПОТЕКЛОТО НА МАКЕДОНСКИОТ И ЈАЗИКОТ НА НАШИТЕ СОСЕДИ

ПОТЕКЛОТО НА МАКЕДОНСКИОТ И ЈАЗИКОТ НА НАШИТЕ СОСЕДИ

Иселеници

Култура и туризам

News image

ЛИЧНОСТИ ОД ПРЕСПА: АМБАСАДОРОТ РИСТО НИКОВСКИ ОД РЕСЕН – ГЛАСНОГОВОРНИК ЗА МАКЕДОНИЈА (10)

ДЕЛ ОД ВИСТИНАТА ЗА ПРЕСПА ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „МАКЕДОНСКИ ИСЕЛЕНИЧКИ МЕРИДИЈАНИ“

Фељтон

News image

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ (35)

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА АНТИЧКИОТ МИТОЛОШКИ СИСТЕМ НА БАЛКАНОТ – I ДЕЛ

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.