|
||||
ПРОФ. Д-Р ВЕЛО МАРКОВСКИ, најуспешен македонски аналитичар на ковид-19, ја доби МЕМОРИЈАЛНАТА НАГРАДА „Д-р МАРИЈА И ЕМИЛИЈА КУКУБАЈСКИ“ 2020 |
Кој е највлијателен настан во историјата на светското здравство и медицина - веќе сите на планетата знаат, од лично и општо фатално искуство: пандемијата од ковид-19 ко(к)телот од вируси, развивани, мутирани и покатастрофални од сите досегашни болести, поразорни и за човековото тело и за здравјето на економии, индустрии, образование, стил на живеење, слободи, права, личен и општествен ред и мир... Во време на агресивно лажни вести и санкции против вистината, кој би бил најбараниот толкувач на оваа сложена биохемиска војна која досега во светот одзема скоро 1 милион животи и разболе повеќе од 30 милиони. Сеуште не е прогласен ниеден планетарен претендент за изумител на најверодостојна вакцина или најуспешен лек, но во толкувањата на пандемијата и протоколите за заштита од неа, се појавија диспаратни и десператни разијдувања што ја поделија и американската, европската и светската јавност. Кинескиот виролог од Хонг Конг, Др Ли-Менг Јан, тврди дека најновиот ковид вирус не дошол од живинарски пазар преку природна еволуција, дека е произведен во државно воена лабораторија во Вухан, со невообичаени карактеристики на SARS CoV-2, и дека негов таргет е човечката популација. Поради овие научни сведочења, идеолошката војна на твитер и’ го забрани твитер профилот, а научничката е во бегство. Од друга страна, на десничарските медиуми во САД им се фрла анатема од радикалната левица за барање на финансиските траги во овие немилосрдни вирусни рулети. Во таков какофонично диригиран светски оркестар на танц на смртта има и дисонантни интерпретатори и фрлачи на лесно запалив оган против наводни теории на конспирација. Еден од храбрите и објективни светски научници е и македонскиот професор, доктор по медицински науки и вирусолог, Вело Марковски. Од самите почетоци на пандемијат, тој се покажа несекојдневно одговорен и јасен толкувач на спецификите на ковидот кои се сокривани, а толку очигледни за стручните познавачи и научници кои мислат. Проф. д-р Вело Марковски предава на Универзитетот Гоце Делчев во Штип, и пред светската и балканската јавност се појави со аргументи за ковид-19 и другите негови видови познати со децении, а за кои недоволно се зборувало. За овој вирус, проф. Марковски објаснува и дека не ги напаѓа само респираторните органи, туку дека белите дробови се само еден вид колатерална штета, и затоа погрешно се применувани третманите кои не помагаат, туку резултираат во енормен број смртни случаи. Науката, фармацевтската индустрија и финансиерите за „истражување“ на вируси и лекови против вируси, знае но не ги обелоденува и фактите дека овој вирус е наменет да ја напаѓа крвта, и преку крвта да предизвикува неконтролирано брза и агресивна инвазија и разорување на сите органи, вклучувајќи го и мозокот. Бројните контрадикторно презентирани научни факти или дезинформации за ковид вирусот, се предмет на испитување и разгледување и кај најупатените светски познавачи, како и кај проф. Марковски. Објективно, само-свесно и со морална мисија, тој ги покажа своите врвни познавања и искуства додека на милионската јавност и ја толкуваше маскираната природа на вирусот како и грешките во инвазивниот третман кај интервентната медицина. Во светот, кога акутно се бараат методи за егзактна детекција на заболени случаи, најсигурно е, спрема Проф. Марковски, серолошкото тестирање на крвта. И додека лекувањето на вирусот во светот сеуште е несигурно, општата популација, освен лек, очекува и стручно објаснување на разбирлив јазик. Тоа го добиваат од професорот Марковски. Повеќе од 60 милиони ТВ гледачи и корисници на интернет медиумите се восхитени и благодарни за неговиот допринос во информирање за вирусот кој е идентификуван уште во 1965 година, а се активира во 2019, како ковид-19. Проф. Марковски, научник, едукатор и пред се’ оригинален интелектуалец, годинава неуморно се ангажира во толкување на овој вирус, низ емпириски, теоретски и хуман пристап. Најуспешниот студент по општа медицина на УГД, Стефан Коцев дипломираше годинава со одбрана на дипломскиот труд „Биотероризам“, токму кај професорот Вело Марковски. Младиот Др. Коцев за својот професор: „Имав чест и задоволство да бидам студент на еден од, сега веќе најпознатите инфектолози на просторот на поранешна Југославија. Неговото влијание се докажа клучно уште по првиот настап на телевизија во врска со пандемијата. Најдобро прифатен е меѓу народот, за што е доказ гледаноста на емисиите во кои учествувал, и коментарите“. Проф. д-р Лидија Стојановиќ Лафазановска, УКИМ, Институт за фолклор, Скопје, е една од милионите кои делат вонредно позитивно мислење за улогата на проф. д-р Вело Марковски: „Единствен што умее својата професионалност да ја пренесе на популарен начин. Неговите информации и мене ми дадоа елан-витал, позитивна енергија, толку суштинска за општото здравје“. Здравото тело и здравиот дух се синхронизираат во творечка животна енергија, во надежен ангажман да се најде лек против пандемијата која има невиден импакт врз светот. Тие што со чесен интелект искрено се вложуваат себе си да помогнат во расветлување на енигмата за оваа болест, заслужуваат не само популарност, но и сестрана подршка. Верувам дека професорот Марковски допрва ќе бележи водечки резултати во своите научни и стручни истражувања и известувања. Затоа, среќна сум што и јас се вклучувам, иако на скромен начин, да ја споделам заедничката надеж дека македонската наука и здравство, со примерот на проф. д-р Вело Марковски укажуваат на вонредните залагања и постигнувања за соодветна заштита и очекувано лекување од ковид-19. Тоа го гледам како определба на господинот Марковски за доброто на македонското, а со тоа и на меѓународното здравство, медицинска професија и посветеност на животно значајните потреби на народот. Тие потреби беа животна желба и на мојата ќерка Емилија Кукубајска (1979-2006) која 12 години се бореше за здравје, надевајќи се во напредокот на медицината, во пронаоѓање лек за лупус и во замена за дијализата. Таа постана жртва на својата болест без лек, но нејзината верба во животот, љубов кон луѓето и позитивна борба против лупусот, остави трајни пораки во нашето ЕМАРИ здружение основано во Вашингтон, 2004 и Штип, 2007. Пораките на младата македонско американската писателка и студент по здравствена исхрана во САД, како и на нејзината мајка, се вградени во акронимот ЕМАРИ, EMARI (Education, Morals, Academics, Research, Istoria of cultures). Убедена сум дека тоа се и врвните едукативни и хумани цели и на професорот Марковски: етичко истражување и толкување на историјата на болестите и нивниот импакт врз современоста. За истакната дејност во медицинските науки 2020, за несебични професионални и етички заложби на проф. Марковски во екот на пандемијата ковид-19, и во знак на доблесните здравствени војни со болеста на Емилија Кукубајска, овогодишната МЕМОРИЈАЛНА НАГРАДА „Д-р МАРИЈА И ЕМИЛИЈА КУКУБАЈСКИ“ ја доделувам преку ЕМАРИ Институтот на проф. д-р Вело Марковски. Наградата изнесува 1.000 евра, и заедно со плакета ќе биде доделена на 1-ви октомври, почеток на академската година 2020-2021. Наградата значи подршка и на неговите колеги, истражувачи во потрага по лек против овој и против други веројатни вируси, за нивната посветеност да го даваат своето најдобро за потребите на човекот, човештвото и македонскиот народ. ЗА ПРОФ. Д-Р ВЕЛО МАРКОВСКИ Овој сестран едукатор и емпириски ерудит е роден на 11 мај, 1958 година во Папрадиште, Велешко. Дипломира 1983 година на Медицинскиот факултет во Скопје. Бил активен во младински организации на Медицинскиот факултет: член на претседателството на Младинската организација на факултетот, учесник со свои студентски трудови на три студентски конгреси по медицина и стоматологија во Југославија (Сараево, Врњачка Бања и Приштина). Лекарска пракса започнал 1984 година во Македонска Каменица, лекар стажист е во Босилеград, а воен рок служел во Нови Сад. Од 1986 до 1992 бил лекар во службата за Итна медицинска помош, Скопје, а од 1992 до 2010 бил лекар специјалист во Инфективната клиника при клиничкиот центар во Скопје. Специјализира инфектологија 1996. Од 1999 до 2002 година бил директор на ЈЗУ Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби. Во истиот периодот бил член на комисијата за заштита од заразни заболувања при Министерството за здравство на Р. Македонија. Од 1999 до 2006 година бил Национален координатор за горно респираторни инфекции, а од 1999 до 2001 бил член на советот на Министерот за иселеништво, задолжен за здравствените работници во дијаспората. Бил претседател на Првиот семакедонски конгрес на лекари, стоматолози и фармацевти, 27-30.7.2000 година, во Охрид. Претседател е на невладините организации Димитрија Чуповски и на Семакедонското здружение на лекари, стоматолози и фармацевти. Во 2008 година посетувал обука од областа на здравствен менаџмент и положил испит за директор на јавна здравствена установа. Учествувал и во спортски активности организирани од Лекарската комора на Македонија. Освојувал медаљи во шах, пинг понг и тенис. Други активности Автор е на книгите Приказните на татко ми (2019) и Песни и писма од малата куќа (2020). Имал голем број настапи на образовни, дебатни и информативни емисии на печатените и електронските медиуми: МТВ; А1; Канал 5; Телма, Тв Алфа, Тв 24, Тв Стар, Канал 77 и др. Интервјуа: Нова Македонија, Вечер, Утрински Весник, Глобус, ХОП Загреб и др. За време на тековната пандемија ковид-19 има бројни настапи на тв емисии, интервјуа во печатени медиуми и интернет портали и јутјуб емисии со 60 милионски прегледи во регионов, Европа и светот. Наставна дејност 2000 – 2010, асистент по инфектологија на Медицинскиот факултет во Скопје. 2000 – 2004, професор по Инфектологија, Средно медицинско училиште Др Панче Караѓозов, Скопје. 2009 година е избран за наставник по предметот инфектологија со нега, Висока медицинска школа, Битола. Од 2012 година предава на Факултетот за медицински науки, УГД - Штип. Научно истражувачка работа Докторира на Медицинскиот факултет во Софија со одбрана на дисертацијата „Клиничко лабораториско биохемиски карактеристики на грипот како основа за понатамошна успешна превентива“, 2004 година. Докторатот се верификува и во Република Македонија. Како втор носител учествува во научен проект на Министерството за образование и наука „Влијанието на акутниот коморбидитет со грип врз клиничките и лабораториско биохемските параметри на најчестите инфективни болести, негови импликации врз исходот од лекувањето и здравјето на населението, и можноста за нивно надминување“. Во октомври 2002 година учествува на Првата европска конференција за инфлуенца. Автор е на монографијата Грип: епидемии и пандемии (https://www.amazon.com/Influenza-Epidemics-pandemics-Velo-Markovski/dp/365949478X), монографијата Грип (ISBN 9989-57-391-3) и на книгата „И животот е сексуално пренослив“ (ISBN 978-608-65916-0-1). Автор е на повеќе учебни помагала, скрипти и практикуми од областа на инфектологијата. Со над 90 научни трудови учествувал на повеќе домашни и светски конгреси. Има повеќе стручни трудови објавени во меѓународни научни списанија. Последниот со наслов „Водич за лекување на пациенти со симптоми на акутна респираторна инфекција за време на пандемија со ковид-19“ е објавен во меѓународно списание, ОАМЈМС, 30.6.2020. Од минатогодишното доделување на наградата: Претседателката на ЕМАРИ, проф. д-р Марија Емилија Кукубајска, Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, сега Министер за транспорт и врски, на прием во неговиот кабинет, со наградените студенти Стефан Коцев и Александар Лонгуров, директорот на ЕМАРИ, Др Елена Јовева и деканот на Факултетот за медицински науки, УГД – Штип, проф. д-р Милка Здравковска.
Проф. д-р Марија Емилија Кукубајска, претседател, ЕМАРИ Институт – Штип |