Среда, 05 Јануари 2011    PDF Печати Е-пошта
Скопјани утре по 19-ти пат заеднички ќе го прослават Бадник

badnik_grance_720941291-1

 

 

 

Со бадниковата химна и подигање на бадникарското знаме, утре пред платото на Соборниоит храм „Св. Климент Охридски“ ќе почне 19-то традицонално скопско бадникување, што го организира Здружението на граѓани Одбор за прослава на Бадник.

Поглаварот на Македонската православна црква Архиепископот охридски и македонски г. г. Стефан, точно напладне ќе му го предаде преодниот пехар на новиот Кум-бадникар Живко Мукаетов, генерален директор на Алкалоид.

Здравицата годинава ќе ја каже Владимир Ангеловски-Дади, актер во Драмскиот театар во Скопје, а на сограѓаните ќе им се обрати градоначалникот на Скопје Коце Трајановски, како и минатогодишниот кум - бадникар Јовица Угриновски, кој со своето семејство и со преодниот ќуп ќе пристигне со пајтон.

Бадникарските среќавања пред Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ ќе продолжат со осветување на бадниковите гранчиња, чајот, нафората и греаната ракија од свештенослужители од храмот, по што ќе започне нивно бесплатно делење.

Традиционално, делегација на Одборот заедно со овогодинешниот кум Мукаетов ќе го посети Домот за стари лица „Мајка Тереза“ во Злокуќани, каде тој ќе врачи пригодни подароци. На манифестацијата ќе настапат естрадни уметници, кои ќе изведат пригодна програма.

Средбата завршува со чинот на примопредавање на ќупот и кршењето на погачата со златна паричка, што се смета дека ќе му донесе среќа во текот на годината на тој што ќе ја добие. Со пајтонот, симболот на старо Скопје, новиот кум бадникар заедно со ќупот и семејството ќе замине од пред платото на Соборниот храм.

Бадниковите гранчиња се симбол на среќата, љубовта и светлината, со кои православните верници ги украсуваат домовите за Бадниковата вечер, во пресрет на Божик, најголемиот христијански празник.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.