|
||||
Пештерната црква Св. Богородица, с. Туминец - Р. Албанија |
Педесеттина минути, источно од с. Туминец, во пазувите на карпестиот предел Орлов Рид, само на десеттина метри од Македонската граница, се наоѓа овој пештерен храм. Пештерскиот храм кај мештаните е познат под името Св. Марина кај Глобоко, бидејќи се наоѓа само на стотина метри, источно од манастирскиот комплекс посветен на оваа великомаченица, целосно обновен во 1888 година. Пештерната црква Св. Богородица се наоѓа на височина од десетина метри, а монашкото живеалиште на околу триесеттина метри над водите од Преспанското Езеро. Пред главниот влез во една полукружна ниша, орнаментирана флорално и глави на два лава, е насликана една од најубавите и импресивни претстави на Св. Богородица со малиот Христос од типот Умиление. Внатрешноста изобилува со насликани композиции на Големите Празници и Светителски ликови. Од сочуваните натписи дознаваме дека зограф на ова сликарство бил сликарот Алексиј, ученик на Јован зограф, во времето на игуменувањето на јеромонахот Пајсиј кој бил воедно и ктитор. Теофан Попа ова сликарство го датира кон крајот на XIII и почетокот на XIV век. Сл. Пештерната црква Св. Богородица, с. Туминец - Р. Албанија, Св. Александар |