|
||||
Алкомена посведочена низ археологијата |
Ангелина Маркус Тоа што сега може да се види како остаток од некогашната Алкомена кај Бучин се остатоци од керамика неколку пишувани документи на плочи со името на Алкомена, понкоја монета , понекој сад и слично. На платото на ридот наречен Тупало можи да се забележи обзидис од Алкомена во ист мермет и исти украсувања како кај сите други антички градови во Пелагонија. Наликува на Персида кај Црнобуки што таткото на Персеј царот Филип Пети го изградил за синот и го нарекол со исто име, по традиција во Македонија, градовите да се именуваат по царевите и боговите. Височинката на ридот, како стратешко место на местоположба, се избирало околу Црна Река за градовите во Пелагонија. Таков избор е направен и за Алкомена од три страни обиколен со реката во полукруг, заштитена од поплави и со добра видливост од секоја страна. Друго важно за Алкомена, Стибера, Хераклеја и целиот комплекс на градови низ пелагонија е тоа што се наоѓаат на претходни градби од бронзениот и неолитскиот период. Градовите низ Пелагонија имаат обзидис од делкан камен без малтер со ѕидови 2 – 3 метра широчина, понекогаш со двојни ѕидови, порти, кули. На истите места има остатоци од многу стари светилишта посветени на македонските богови и божества. На тие места се откопуваат статуи и плочи со натпис. Колку подлабоко копаме сé повеќе ископуваме сведоштва за вистинската историја на Македонија. Во Алкомена најден е малку накршен медалјон на Артемида со атрибути на божицата што го ловела еленот по околните шуми. Најважно од сé друго се двете плочи со натпис за Алкомена и двете однесени во црквата во соседното село Бела Црква. Околу темелите на црквата ставени се и други мермерни плочи со писмо, сите се испрскани со цемент. Чудно е зошто толку важни документи не се оставени во селото Бучин или во музеј. Низ Пелагонија вообичаено е археолошкиот материјал да се остава во црква. И во дворот во црквата во Тополчани постојат седум такви антички мермери а неколку подножја за столбови повторно се затрупани вдолж северниот ѕид покрај цквата Св. Спас. Археологијата како да нее заинтересирана да го обработи и да го прибере таквиот наод. Само „римска” и „хеленистичка” археологија се испитуваат како да таа нее Македонска. И покрај тоа што сé им се случувало на плочите со натписи од Алкомена позната ни е содржината на пишуваното. И на двете плочи текстот се однесува за прослави што македонските владетели заедно со народот ги приредувале според тогашните обичаи и сегашните празнувања на слави на селата и општонародни празници за целата држава. Во едната плоча од Алкомена што е многу анализирана стои текстот дека Дуле на Никола му врачил писмена наредба да го организира празникот Димене зошто ќе дошол Василевс Филипој. Археолозите се двоумат дали тоа е Филип Втори или Филип Пети и дали Димене бил римски празник на некое римско божество. Се знае дека во тоа време Римјаните немале ни ова писмо ни присуство кога Македонски цар за народот приредува прослава. Многу покасно се појавуваат римските богови само превземени и преименувани од имињата на Македонските Олимписки богови. Плочката од Алкомена ни зборува за Дамене како македонски месец во кој се празнуваат задушници на денешен Дуовден. Кога царот лично доаѓа во Алкомена на таков ден, тоа значи дека доаѓа да оддаде почит на близок роднина од македонското царско семејство. Тоа значи во Алкомена има гробници од царското семејство. Таков цар можел да биде само Филип Втори кој своите роднини Линкестидските кралеви, мајката Евридика, братучеди и други великодостојници раскошно го пречекувале и тој доаѓал можеби директно од некоја битка заедно со својот генерал Кратер од Алкомена, затоа празникот имал толку големо значење. Во Пелагонија кај Бонче се откопа голема гробница со македонско погребување. Најдени се штитови од гардата на царот Димитрие, наследник на Тесалоника ќерка на Филип и сестра на Александар. Не треба да дозволиме антидатирање и заблуди дека во Македонија има само грчка и римска археологија. Со плочата од Алкомена јасно се гледаат македонските обичаи поврзани со македонскиот цар. На втората мермерна плочка натписот е во вид на тестамент. Алкомена требало да го слави празникот 25 септември секоја година од фондацијата на Агрестијан. На градскиот жртвеник на Зевс и Хера да се жртвува јагне, птица со тесто и колачиња со мед и ореви, да се веселат сите. Писмото е македонско, рецептот, управникот на градот и сé друго е Македонско од времето на македонското царство низ Пелагонија. Со тоа се потврдува постоењето на прослава на Зевс во Алкомена, таткото на Херакле. Да се потсетиме на воените активности на Филип Пети и Персеј и прославата на Ксантика како празник на духовно очистување на фалангата и празник на народот во пролет во пресрет на земјоделскиот календар. Пеел, пиел се веселел македонскиот народ, заедно со фалангата во полна воена опрема, пишува во вториот дел на историјата – Полибие. Една таква голема прослава организирал Филип Пети по убиството на синот Димитрија. Потребно било очистување од страв пред војни и смирување по загуби. Ако во Стибера Персеј сместил 20 000 заробени римски војници, тоа е местото во најголемиот и најбогат град во Пелагонија каде што се славела Ксантика во организација на царот. Таква прослава со народот и фалангата била Стибера, пребогата со светилишта и градби. Во состав на тие настани била вклучена и Алкомена, за тоа не обавестуваат и двата текста на плочите од Алкомена. Градот на генералите Кратер и Пејтон било привилегирано седиште на македонското племсво. Од врвот на Тупало во Алкомена откопана е голема земјана каца и сместена во дворот на црквата во Чепигово. Се поткачив да го видам работ на отворот и го прочитав името Алкомена. Го видов непобитниот доказ за локацијата на градот. Голем е бројот на тие глинени садови кај селаните. Тие сега како и пред 2 500 години си чуваат жито на ист начин за резерва. Во Алкомена постојат и други разни предмети како згури од олово и друга руда познатиот куршум со натпис, монети и друго. Го видов прстенот од бронза со нацртан план на Алкомена што го носел некој управник, можеби зет со висока положба. Тој што го носел прстенот не бил од царско семејство и не ги застапувал царските симболи на лав, сонце, штит, туку симболизирал управа со скица на градот. За разлика од тоа, неколку бразлетни на девојче принцеза, имаат вградено симболи типично за македонскиот накит и сите завршуваат со облик на змиска глава. Најстари се неолитските ножеви од гранит, толку измазнети што уште можат да гребат и камен и коски. Неолитските ловци пред шест седум илјади години сигурно со нив дереле јариња. Неолитот во Пелагонија е најстар во Македонија, треба само да ја погледнеме археолошката карта на Македонија. Од земјата се појавуваат предмети со кои што се служеле Македонците, воините, земјоделците, уметниците. Тие се застапени во сите периоди на постоењето на Македонската цивилизација. Алкомена се одликува со пишувани документи и со значајни луѓе од самиот град и околната Линкестида, со Линкестидската принцеза Евридика, мајката на Филип Втори и неколку македонски кралреви на македонскиот престол, што владееле пред Аминта. Археологијата треба да утврди колку е значајна митологијата за овие простори и колку се значајни царските владеења. Алкомена нее откопана, сама ни се преставува. |