|
||||
Печалбарство - Гостивар во минатото |
- Е, така било тоа време. Шо да ти кажуам... А бе, немало, старовремски се мачеле људите све со пољопривреда, со тоа се занимале. И печалба, оделе на печалба. Белград. Живеле по подруми, по тавани, се бореле. Ја одев и Белград, знаеш, да видам да прошетам, да видам овја печалбари наши како живат. Над ними се префрљаат, да извиниш, и кокошки и на таван што стоеле и она, да спијат, само да не плаќаат. Работеле за десет динари... Сто и педесет динара месечно. Работеле. Цел ден. Носеле на четврти спрат, на петти спрат зградите, носеле цигли све со самарчиња. Носеа. Се мачеа така. Народот многу имал тежок живот живеано. И заработувале. (Неофит Синадиновски, 1912) -Каде бил татко ви печалбар? - Во Америка четириесет и пет години. Мојот татко... првото одење било точно коа година не знам, али знам да онда ја не сум била родена. Бил дванаесе години. -Дванаесет години без прекин бил таму? - Без прекин. Прво бил женет. Ја остаил жена му дома со свекор, со свекрва и со маќеа и отишол за Америка. За тоа време мајка ми родила едно машко дете, му умрело. И цела фамилија од мајка ми умрела. Мајка му била утепана со пушка бранејќи внуче нејзино. - Дали нешто ви кажувал вашиот татко за животот печалбарски? - За животот печалбарски сега ќе ти кажам. Животот печалбарски за ними било тоа некое откритие големо, зашто татко ми бил и на друго место. Татко ми бил и во Египат. И не му се бендисало тамо. И така со двајца или тројца другари заедно решиле д’одат тамо. Спечалиле некој динар и сеа ќодат право за Америка. И стигнот во Америка и вика: враќање нема. Дур не сториме нешто, враќање нема. А домашните не биле остаени без да биде осигурано, мислам това чуена фамилија Дуцеска, стариот, тој дедо ми Дуце. Све да има дома. Дури да има и по два измеќара. Едниот, кој ќе колебат децата, а другиот па, да биде спољни момак. Ова све што ти о кажом е по кажување на мајка ми. И од мајка ми, и од стрина ми, и од други кои иделе жени на муабет, таков бил животот. Е толку. За фамилијата толку. (Ѕвезда Китановиќ, 1929) Татко ми на гурбет во Румуниа. Стриковците и така од далеку и с’ онадив ја, одев забавиште, после забавиште прво, второ, треќо незавршено. Одиме многу во Бањица пошто стрико ми го викаа многу вежба и татко ми мораше да доет да го заменит во дуќанот. Имавме бакалница и кафеана. Отамо триес осма година, триес седма ли, не се сеќам, татко ми замина пак на гурбет во Србија. Во Белград не моеше дуќан да најдет, се вратил во Краљево со стрико ми Костета фатиле дуќан. Татко ми имаше слаткарница „Охридски бисер“ фирмата, а стрико ми имаше, ова, „Краљ Петра“ беше улица, а стрико ми имаше „Војвода Степе“ и имаше овај кујна народна. Меѓутоа, четрс прва година, и маќеа ми тамо беше (после се жени татко ми, маќеа имав, таа треќа и се жени). Таке отидовме со неа мие триес одма година во Краљево. (Темелко Софрониески, 1930) Татко ми бил посластичар. Печалбар у Београд со татко му негов, со дедо ми и со тројца браќа, кои што продавале со количиња сладолед по Београд и така да створат нешто. После неколку години тиа имат заработено една куќа. Ја купиле у Београд да отворат своа посластичарска радња. И така отвориле работеле. Имаа напраено една куќа во Гостивар и њива има купено така што кога ги затекнал ратот у Београд (се знает како е бомбардовано Београд) и така, едниот стрико погинат е тамо у Београд. Едниот е починат после, како се женил, пред четрс прва. Останат е тако ми и ушт’ еден брат, којшто за време ратот од Белград за Гостивар, едниот стрико пешки дошол, а едниот погинал во Београд. Татко ми војска беше тогај и како пропадна стара Југославија, дојде дома. После извесно време се враќаат со стрико ми в Београд д’ одат, да видат во радњава што има, пошто имале материјали како шеќер, брашно масло и други работи и продукти. Се то било опљачкано, ништо немало. Након доаѓање партизаните, куќата ни е одземена в Београд, со два локала и напраени с’т облакодери. За тоа време се знает како се работеше и како се одземаше. Тоа и една нива исто тука ни беше одземена за то време. Али, мие помладите си теравме даље живот. Со работа со едно, друго. - Дали ви имат вратено нешто од тоа што ви зеле? - Па ни вратија една нива овде, која више не беше корисна за ништо. Зашто нашето земјиште сака да се фрља ѓубре, знаеш, и да има плод. А та беше користена преку десет години, така да само трава растеше. Од книгата „Така се зборува во Гостивар“приредил Боге Димитриески, Скопје 2000. (Подготви Марко Китевски) |