Среда, 10 Април 2013    PDF Печати Е-пошта
Верувањa поврзани со животни

sueverijaКога се купувала крава и за прв пат се водела во шталата се покривала со некој покривач за да не ја фатат уроци.

На Благовец не се вриеле алишта, за претстојната година да не вриела од змии.

Овчарското куче ако почнело да ги каса јагнињата било знак дека газдата ќе западне во криза, ваквото куче требало да се убие.

Кога мачката во куќата ќе направела штета било знак дека некој во куќата поткраднувал од домашните.

Кога некое домашно животно требало да се продаде од темето на главата се истрижувале малку влакна, па се налепувале на восок и се чувале во куќата, за да не отиде сермијата.

Пред да се потерал добитокот на продавање, се накрмувал на прагот од куќата, за да не ги колне добитокот што го продаваат.

Кога ќе умрело некое домашно животно се продавала кожата, а за добиените пари се купувало котле за на оган како би изгорела болеста.

Ако петел запеел пред полноќ, значело дека ѓаволот го излажал, а тој ги измамил луѓето. Таков петел требало да се заколи, оти носел несреќа.

Било верување петел во куќи да не се чува повеќе од две години. До две години петелот пеел и викал: Ти газда, а потоа викал Јас газда. Тоа значело газдата да умре.

Кој во животот ќе убиел девет волка се верувало дека на оној свет ќе одел во рајот.

Во полето ако се појавеле многу глувци значело дека ќе настапел глад меѓу луѓето.

Ластовица, под чија стреа или чардак ќе направи гнездо, значело дека таа куќа е среќна. Било греота гнездото да се растура или пак да се фаќаат јајцата.

На Ѓурѓовден кога ќе станеш касни малку леб за да не те прекука кукавицата, зашто ќе ти се случело нешто лошо во текот на годината.

Се верувало ако некој се загубел, требало да најде буба Мара, да ја стави на шапка и кога таа ќе летне ќе му го покаже патот.

Не било на арно ловечко куче да се удира со метла или со маша, оти оф него нема да се плашат волците и лисиците.

Кога ќе се насади квачка врз јајцата, не било добро во тој момент да закукурика петел, затоа што се верувало дека ќе се изведат повеќе петли од кокошки.

Кога се стрижеле овците ножиците се миеле со вода во која има коприва, а со водата се попрскувале овците за да не ги удри гром.

Не било на арно кога одиш патот да ти го пресече смија, зајак, лисица, еж, мачка, особено црна. Тие носеле несреќа. Ако тоа се случело било добро да се рече: Вашето е ваше, моето е мое.

Излет на Чаирот

Чаирот било омилено место за излет како на христијаните така и на муслиманите од Ваташа. Таму имало многу бујна вегетација од јавори, врби, тополи, овошни дрва како и широки ливади покриени со трева и полски цвеќиња. Ова место претставувало природен парк за излет и разонода на ваташани. Обично во петок муслиманското население одело во посета на Чаирот. За никој да не им смета додека престојуваат таму христијаните во Ваташа биле известени уште претходниот ден. За таа цел тие го известувале ваташкиот протуѓер и му кажувале дека утре во месноста Чаирот Турците ќе имаат гости и таму да не поминуваат мажи, од што можело да се дознае дека таму ќе  бидат само жени. Тогаш протоѓерот го обиколувал селото и во секое маало откако ќе застанел на некое повисоко место со сиот глас извикувал: „Слушајте селани, абер има, со многу здравје од беговите дека утре петок на тоа и тоа место на Чаирот ќе биде зафатено со нивни луѓе и затоа машкото население да не застанува и да не поминува таму.“ Уште рано наутро во петок беговските ќехаи ги терале коњите на беговите натоварени со облека и храна и откако ќе ја растовареле се враќале назад во селото.  Со нив оделе алајки, жени придружнички кои таму ги ределе килимите, покривите, а потоа останувале таму за да ги послужуваат беговските жени. Некаде околу десет часот претпладне поминувале беговските жени од Кавадарци и Ваташа, цела толпа, забулени кадани со бели и црни фереџиња и пеш заминувале кон Чаирот. Покрај самата река, покрај која поминувале жените се наоѓа чаршијата, а целата таа сфита скришум ја гледале занаетчиите и трговците од Ваташа. Попладне земјоделците кои работеле на своите ниви и лозја во близината на Чаирот раскажувале дека таму имало музика и турски народни песни. Најчесто се слушале тамбури и саз (жичан музички инструмент). Од занаетчиите кои имале пристап на Чаирот кога турските жени биле таму на теферич, бил алваџијата Фета, кој на жените им продавал боза. Подоцна тој им раскажувал на селаните за тоа што се случувало таму.

Приквечер жените во толпа се враќале дома, а по нив оделе кехаите со коњите да ги соберат килимите, облеката и останатата храна. Многу ретко се случувало во петокот заедно со беговските жени да заминат и беговите. Ако пак некогаш тоа се случело тогаш немало забрана за минување. Ова излетничко место било често посетувано и од Македонците, а посебно од учениците. Тие два до три пати во годината оделе на излет и останувале преку целиот ден.

Од книгата „Ваташа“ од Петре Камчевски, Кавадарци 2012 г. (Подготви Марко Китевски)

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.