Среда, 10 Април 2013    PDF Печати Е-пошта
Одгледување на свилена буба- Ваташа

svilena-bubaСвилата од секогаш била многу ценета ткаенина, а неа ја носеле и Македонците и Турците. Особено ја ценеле жените кои за свечени прилики знаеле да облечат убави свилени кошули.  Се споменува во пишаните документи, а и се` уште во сеќавањето на постарите ваташани дека во Ваташа во средината на 19 век до почетокот на 20 век неколку ваташки македонски и турски семејства одгледувале свилени буби.

Секоја година во текот на месец мај во одредени простории во куќите или шупите се земале по неколку унци бубино семе, кои потоа се ределе врз специјално направени полици каде од време на време се потхранувале. Обично таа работа ја работеле жените, но потоа откако тие веќе ќе засилеле со својот развој било потребно истите се` почесто да се прехрануваат. Најомилена храна на свилените буби биле листовите од дудинки или црници, кои се береле во поголеми количества во зависност од количеството на свилените буби кои ги одгледувале. Во Ваташа црниците се одгледувале во близината на лаките со ѓонче (детелина), а ги имало покрај реката Луда Мара.

Во својот развој свилената буба не живеела многу долго, само два месеца. Во текот на тој период таа поминувала низ четири фази на развој и тоа: јајце, ларва, кожурец и ноќна пеперуга. Јајцата се чуваат на студено околу шест дена, а потоа се потопувале во топла вода и се оставале да се исушат на воздух. Потоа се ставале на топло место се додека од нив не се изведат ларвите. Од секое јајце излегувала по една мала бела ларва со големина 6-7 мм. Иако мали ларвите се многу лакоми и се претпоставува дека секоја од нив јаде 30.000 пати храна повеќе од нејзината почетна тежина. Во текот на оваа фаза свилената буба неколку пати ја отфрла својата обвивка. На крајот од периодот од 30 дена ларвата престанува да јаде, се закачува на парче слама и почнува да преде кожурец, создавајќи долги непрекинати влакна свилен конец. Ларвите се покриваат со тие влакна, се` додека по три дена, не е готов кожурецот. Бидејќи само од непробиените кожурци се добива долго и тенко влакно свилената буба со помош на пареа или жежок воздух, се убива додека е во кожурецот. По уништувањето на ларвите со загревање непробиените кожурци се делат според бојата и нивните влакна се намотуваат на калем. За свилата да омекне кожурците се ставаат во вода која се загрева на температура до 60 степени. Потоа влакната од неколку кожурци се сложуваат во група и од нив се прави преѓа за ткаење на свилата. Преѓата која се добивала од влакната се употребувала за правење на ткаенина или за плетење на многу цврсти јажиња. Свиларите од Ваташа знаеле со додавање на соли од калај или железо да се подобри густината на ткаенината и да се подобри нејзиниот квалитет. Свилата во Ваташа ја правеле само жените и се сметала за женска работа. Секоја жена работела на бакарен сад полн со жешка вода, во кој ги потопувала кожурците. Со неколку остри удари кожурецот се ослободувал од надворешната обвивка, а потоа тенките влакна се одмотувале и се плетеле во две до шест влакна. Од еден кожурец се добивале околу 1.000 метри свилено влакно.

Кога бубите ќе се завиткале во кожурец по десет до петнаесет дена домаќинките или жените кои добро се разбирале од таа работа ја влечеле свилата во мосури. Нив ги поставувале во топла вода и оттаму ги влечеле свилените влакна, кои потоа ги навиткуваат на мотовила, а потоа од конецот се правела свилена ткаенина. Обично со свила се ткаеле краиштата од другите платна, или пак се ткаело платно само од свила. Тоа платно се викало народски „буранџук“. Од свилената ткаенина која обично имала бела или жолта боја, во зависност од кожурците жените правеле кошули, а со платното се правеле и везени крпи, шамии, мафези или шкепиња кои обично ги носеле помладите жени. Свилата како ткаенина  најмногу ја носеле жените иако и мажите летно време носеле кошули од свила. Обично кога се правеле свадби, најголемиот дел од младите девојки и момчиња биле облечени во свилени кошули. Покрај тоа што од свилата се правела ткаенина, таа се употребувала за правење на торби за топовски барут, за гуми за велосипед, за непробојни елеци, за хируршки конец и друго.

Од книгата „Ваташа“ од Петре Камчевски, Кавадарци 2012 г.

Подготви: Марко Китевски

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.