Среда, 01 Мај 2013    PDF Печати Е-пошта
Велика Сабота

velika-sabota

Од времето на страдањето на Господ Христос на крст на Голгота, секоја Велика сабота е исполнета со исчекување на благодатта на Неговото Воскресение. Смртта на Господ веќе ги воскреснала упокоените праведници во Ерусалим кои им се јавиле на мнозина, а први што трепереле пред можноста да се објави како воскреснат биле непријателите Негови (првосвештениците и фарисеите што побарале да биде убиен). Побарана е стража од римски војници да Му го чува телото. Сепак, Он како оној што невино и неправедно, а Божествен претрпел понижувања, страдања и смрт на крст, незадржливо воскреснал. Смртта и пеколот (демоните) не нашле начин да воспостават власт над Таквиот. Воскреснатиот Господ им се јавил на Своите ученици онака како што сведочат Неговите апостоли и евангелисти. Долгиот богослужбен ден на Велика Сабота завршува длабоко во ноќта со бдението пред Пасха. А на живоносниот Гроб Господов во Ерусалим се празнува Светиот оган. Овој оган од Светиот гроб се пренесува по Светата Земја и ги осветлува сите домови. На денот на великата новозаветна жртва Сонцето на правдата – Христос, го разгорува Светиот оган. Овој празник е востановен со чудото во времето на патријархот Наркисос, кога во недостиг од масло кандилата биле налеани со вода и запалени од оган кој чудесно слегол од небото и за време на пасхалната служба горел како под масло. Древните христијански сведоштва говорат дека незгасливиот оган се чува на Светиот гроб од раните времиња на христијанството. На бдението пред Пасха (Воскресение) во Црквите ширум Православието, Епископот, бидејќи е на местото и во образот Христов, самиот ги благословува и ги пали кандилата, а сите други земаат светлина од неговата свеќа.

Велика Сабота, е посветена на споменот на пребивањето на Господ Исус Христос во грoбот, и Неговото слегување во адот. Христос е присутен во гробот со телото, а со духот е присутен во адот, истовремено бивајќи на престолот со Отецот и Духот, поради самиот факт што Тој е сеприсутен Бог, неодвоив од другите две ипостаси на Пресвета Троица. Велика Сабота е онаа сабота кога Христос посведочил дека е дојден крајот на стариот век, чиј симbол е празнувањето на саботниот ден, и започнува новиот век, во кој се празнува денот на Неговото Воскресение, денот на есхатонот, денот кој сите Христијани со желба го исчекуваат - денот на Второто Христово пришествие.

Утрената богослужба на Велика Сабота во поново време не се служи рано наутро, туку навечер на Велики Петок. Пред Христовиот гроб, со кадење се врши сликата на Христовото погребение. Читајќи го целиот 118 Псалм се пеат статии во кои се слави умрениот Спасител и се изразува болката, нажаленоста и тагата на Пресвета Богородица. Ова е поделено на три статии; во канонот на Велика Сабота, чии песни ги напишале Марко Идрунтски (од прва до четврта) и Косма Мајумски (од шестата па до крај), додека ирмосите на првите четири песни ги напишала монахињата Касија, се слави победата Христова над смртта, и за прв пат се дознава дека овој шабат - оваа благословена сабота во која Спасителот лежи мртов, е преблагословена сабота во која Христос е погребен и го ветува воскресението на третиот ден.

При крајот на утрената, плаштаницата се носи три пати околу храмот, а после нејзиното положување во гробот, пред неа се чита Езекииловото пророштво за воскресение од мртвите (Езекил 37,1-14), Апостол (1 Коринтјани 5,6-8; Галатјани 3,13-14) и Евангелие (Матеј 27,62-66).

Со Великосаботната Василиева Литургија започнува Воскресението. Сe` до читањето на Апостолот (Римјаните 6,3-11), свештеникот ја служи Литургијата во црна одежда (или во темно-сина/виолетова), а потоа облекува бела, затоа што токму на оваа Литургија завршува огласувањето на огласените за веднаш да следи нивното Крштение. Единствено на оваа Литургија Евангелието (Матеј 28,1-20) не се чита од амвонот или царските двери, туку на Христовиот гроб, затоа што Ангелот на гробот Христов ја објавил радосната вест за Христовото Воскресение на жените мироносици. Велика Сабота е единствената сабота во годината, кога постот е строг (на вода).

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.