|
||||
Во Свети Николе отворена изложбата „Билазора 2008-2012“ |
За постоењето на најголемиот пеонски град Билазора, кај локалитетот Градиште, во близина на село Кнежје се знаеше уште од пред 30-тина години, но до вистински археолошки ископувања дојде пред 5 години, кога тексашката фондација за археолошко и историско истражување се ангажираше локалитетот да биде детално истражен. - Кога во Пела не била престолнината ова било град и еден од центрите на раната антика за целиот овој балкански простор - изјави проф. д-р Драги Митревски, УКИМ Доколку истите овие предмети беа пронајдени на некои други локалитетите можеби и немаа да имаат некоја археолошка вредност, но бидејќи се ископани во контекст, носат одредена порака и информации за минатото, со што Билазора не само што е лоцирана, туку и ја раскажува својата улога за античкиот свет. - Кои биле Пеонците? Посебен народ? Кои биле во однос на Македоците. Биле Македонци или не биле Македонци? Како е можно да не заостануваат во ништо, туку да бидат понапредни во однос на хеленскиот свет долу? – изјави проф. Митревски - Јас мислам дека значи многу за светската историја, заради тоа што древните Македонци едноставно се избришани од светската историја, а ова покажува дека не можат да избришат и дека мора да ги земат в предвид. - изјави проф. Аристотел Тентов Од птичја перспектива до самиот град се забележува еден геоглиф на кој со древно македонско писмо е испишано дека е гробница на врховно македонско божество. Со откриените артефакти се отвора најсветлата страница од историјата на овој дел од Балканот, на која ќе биде испишан начинот на битисувањето на древните народи на овие простори. Никола Ристевски |