Среда, 19 Јуни 2013    PDF Печати Е-пошта
Баклавата како се правела?

(Ѕвезда Китановиќ, 1929)

baklava- Баклавата ка што е праеше мајка ми, таа си е месела со јајца. Знам за кило брашно четири јајца све ќе и насучат кори, па ќе и остаит малу да се потсушат.

-Тенки кори?

- Тенки, многу тенки. Најпосле таја со нишесте едно, сега го викаат како штиракон она. Сеа и праат, ама не знам како го викаат. Тоа се вика нишесте. Се турат за да не се лепат корите. И сеа ќе ’и наредеше корите, ако с’т доволно суи, ако има триесет кори, една на друга ќе ’и нареди десет. Па ќе турит доста ореси; мас не, ќе ти кажам, маста кога. Па доста ореси, па уште десет, па доста ореси... Таке, едно кило ореси да имат во една тепсија ол’каа. Еј, сеа, и другите десет кори и сеа мајсторски да се исече, да не бидат малецки...

-Коцки?

-Не коцки, баклава, затоа се викало и тоа му е останато, да изгледа ка баклава. И сеа ко ќе бидет тоа исечено, за тоа све требе кило путер и ќе ’о турат да се стопит, путерот, ко ќе почнет да вриет тоа, ќе го попарат. И ќе се надигнат све корите нагоре. Не меѓу ними, тоа, него најгоре. И после ќе се испечет тоа тивко. Од-сефте појако, после тивко. И тоа со сач или на фурна. И за тоа требало кило и пол шеќер, ќе се напраит после сируп за тоа, ко ќе се оладит таја, шербетот, тој вруќ ќе се попарит. Тоа навечер обично ќе ’о напраеле да утринта да бидет готоо. Таке е праела баклавата. И праеле, тоа го праат и за Велигден и за Божиќ. Плус за Божиќ била побогата софрата, зашто зимно време имало купус па праеле сарми. Па не само сарма да има во шерпата, него да има и кобасици и суво месо, изнаредено ред таке, ред таке. Да има за све. Па не праеле в шерпиче ка мие сега, ќе напраиме во шарпа од три кила. Тога се праело во шерпа од десет, дванаесет кила да имат за гости.

Вино обавезно било присутно на софрите, никако бело вино, црвено вино, ракија домашна, мие сме имале и лозје зашто.  Ракија домашна, вино домашно и најпосле сфе - кафе. За кафе сме имале специјални чашки за кафе. Мене и сега ми останало од тоа, оние викам, специјални чаши, ќе ти и покажам после. Специјални чаши-не шес, и викаме филџани. И ќе се послужат гостите најпосле. И после кафето никој не седит појќе од пет-шес минути. И затоа го викат сиктер-кафе.

Од книгата „Така се зборува во Гостивар“- Боге Димитриески, Скопје 2000.

Подготви: Марко Китевски

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.