Среда, 19 Јуни 2013    PDF Печати Е-пошта
Соништа

sonistaДа му даваш некому бастун на сон, ќе му даваш пари

Во месец маија 1898 г. сонуа Марија снаа ми еден сон како да го гледала Ордана сина ми во едно батачиште, Боже не дај; се врткал се сучкал како да го помини тој пусти батак, немало од кај да помини.

- Леле, море, Ордане – му велела Марија -  ами сега како ќе поминиш низ овој пусти батак? Врати се, бре брате, врати се, оти не се поминуа тој пусти батак.

Во истото време сум се претставил јас пред нив, со бастуно в рака, и на часо је текнало на Марија да му речи на Ордана: да ми го посака бастуно да го помини батако.

- Дај му го, тате, бастуно – му рекла Марија.

На часо су му го дал бастуно на сина ми Ордана и се преврлил преку батак, без да се навалка од калта. Коа видела Марија оти поминал Ордан со бастуно мој, многу се израдуала и мене многу ми благодарила.

Со истата радос се разбудила Марија и ни го раскажуаше истио сон и се чудеше за ошто ќе му излези на Ордана.

По некој саат, да блаосоиш, еве ни една жена стројник дојде за Ордана, за едно девојче да го вршиме. Се дадоа зборои, се зедоа со стројничицата, и се кандисав јас да го свршам, при се што не гледав со очите, ама со зборо да даам јас колку пари ќе треба за свадбата. Најпосле кандисав да даам и да го женам и да го куртулисам од батако, од аџамил’ко што го имаше.

Оздравување од лоша болес со миење со вода преноќевана во црква

Васил Попов, амуќар од с. Зубовци (Тетоско) беше се поболил од една лоша болес во г. Софија и лежал многу болен, што не можел крајо да си го најди. Бре по еќими, бре по попои, бре по ѓаоли и врази давал пари само и само да најди сељамет, арно ама пуста болес не била од нешто друго, ами била од надворштиње, тики затоа не можел да најди сељамет.

Откоа видел оти сељамет немат, сторил ниет од Софија да си оди на село, та белким тамо ќе најди некој сељамет, аслим и нашол, ја, откоа си ошол на село.

Откоа отишол в село, почнал да бара лекои по баби и друзи жени. По неколку дни, сонуала еден сон Ефтојца како да беше нашла во црквиштето растурено од Свети Димитрија и го чистела (асли и таа си го чистила и кандило си палила од дамна време тоа црквиче, чунки на сон е дошло да го чистит и кандило да палит) и видела три жени кај си стоеле во црквичето; пред жените имало едночудо јајца црвени; ’и прашала Ефтојца за ошто му биле толку чудо јајца црвени, што и донесле в црква.

- Ние не сме ’и донесле јајцата, Ефтојце овде е рекле – ами жени што носеле по цркви и гробишта, за Бог да прости, што ’и раздаале и пред икони што и клаале, тие јајца сет и ние не и јадиме, ами му и чуаме за на тој век да му се најдат.

- Ами заошто ви е грнево со водава што стој овде? – ’и прашала.

- Е, арно оти не праша, Ефтојце, за грнево ова вода што е во грнево да му речиш на попо Димитрија да ја земи и да го измие сина си Васила и едно со едно ќе му оздрави болеста што ја имат.

Едно се разбудила Ефтојца и со радос отишла во Зубовци при попа Димитрија и му кажала соно што го видела ноќта.

На тоа згора нашла мунасип Ефтојца да клаат едно грне со вода во црква на тоа место кај што го видела на сон ноќта. Зела Ефтојца едно грне откај попа Димитрија и дошла дома, та го клала грнето со вода на тоа место кај што го видела соно, та преноќевало и утрото го однесла кај попа Димитрија и го измиле Васила. За чудо големо уште од тој саат беше се подобрил и од ден на ден си оздравел од арно поарно и по време си дошол во г. Софија и сега си работи при брата си на вурна пишереџија.

Да видиш сон како да подновиш црква

На Спасена од село Галате (Тетоско) куќата и је во маалото Поповци, на крајо, од кај што заоѓа сонцето. Близу до куќата незина има еден даб многу голем Господ знаи од кој век бил тој даб. Околу дабо имало една тумба. Како што си спиела една вечер Спасена је дошло на сон некоја жена и ја потсетила да запали едно кандило кај дабо, многу за арно ќе и бидит. Коа се разбудила, му кажала на мажа је и му посакала печес грошеи за да купи едно кандило и троа масло, та да го пали во петок и недела. Је дал мажо пари, купила кандило, масло и напрајла една камара од камење та го клала кандилото внатре и почнала да го пали и тамо да се крсти во недела, асли и селцката црква јет на другио крај на селото та мака је било да оди дури тамо да се крсти. Оде некое време така и туку една вечер ти сонуала еден друг сон и ја видела пак таа жена што беше ја видела сопрво.

- Слушај, сестро Спасена – је рекла – ти се благодарам на доброто што ми го стори ти мене, ама уште едно добро сакам да ми сториш. Еве што добро сакам да ми сториш, сестро: да ми напраиш на глаава еден чадор, колку да не ми гори сонцето глаава и да не ми врни на глаава, чунки ја има многу години кај живеам околу дабов на мојата куќа што ми је расипана. Ако ми напраиш, сестро, ти тоа добро, јас не само тебе ќе ти напраам добрина ами на секи чоек што ќе дојди овде. Те молам, сестрице, ова добро што ќе ми го сториш нема да ти го забораам. Ако за сега мало, јас ако сум вредна, ќе си напраам старата куќа и да се прославам. Ете така, сестрице Спасена, да сториш како што ти кажуам.

Откако је прикажала жената тоа нешто, си ошла од пред неа, и Спасена се разбудила со виденио сон. За к’смето нејзин је дошол попо да и крсти вода и му го кажала соно се со ред како што го видела. Сетен попо бидејќи, му текнало оти Богоројца била таа и се јавила два пати и кај дабо требало да има некоја стара црква со храмо на Света Богоројца, та ја насрчил да напраи некое црквиче, колку да се поднови старата црква. Со голема радос Спасена била и, за к’сметот нејзин, тогај је дошле троа пари од Цариград од мажа је (мажот је бил алваџија во Стамбол). Од тие пари малце оделила за јадење и малце за аргати и некој мајстор да напраи едно црквиче. Копајќи околу дабо и, за чудење големо, беше излегло една водичка. Напрајла едно црквиче колку да бери десетина души внатре, обесила иконата на Света Богоројца и неколку друзи, запалила кандила и се прочу по сета каза Тетоска. Почнале луѓе да идат да видат што се напрајло, најпоеќе да видат војцата што изврела и најазмо станала. Многу болни и неолни оделе и се миеле за здравје и, за големо чудо, многу души оздравеле.

Што ќе и текни на Спасена, повикале тројца попои да и светат масло и поканила рисјаните од околијата као на маслосветуање. Многу народ дошол и од тој себап останало ката година да се збираат собор кај тоа црквиче Света Богоројца. Баеги пари имала собрани Спасена и имала ниет со Богоројца напред да се напраи црква, како што била некоаш. Црквичето го напраила Спасена во 1893 година, масло светила на ден Велипеток (источник) и ден-денеска на тој ден идат на собор.

Вака се откри и нашио манастир Свети Арханѓел од жената света Марена, наречена од народот.

Да сонуаш како да се излекуаш од лоша болес

Невестата му од Илија Дундов пред три години, во 1893 година боледуваше од грлобол. Не можела ни вода да се напие, ни трошка леб да голтнит, ни па дијо не можела да си го земи, ќе си пукнела во кожа од што мака је било.

- Аман, џанам, барајте ми некој крај, оти за чудо големо ќе си пукнам во кожата!

Не знам колку дни што страдаше од тоа грлоболие, спиење беше кренал Госпо од неа, са ноќ да се преврла како некоја риба отруена во постелата, одошто голема мака. Викнале еќими ѓоа некој сељамет да најди, арно ама се што билка је дале, од никоја сељамет не виде. Ќе умира жена – бити даваси. Удрија по жени лекарки што разбираат стопати од еќим поарно за грло и за друзи работи, арно ама и од нив немало вајде, де бакалам. Бре, кој што рече, сторила, аир немало и друго ништо.

Во сабота вечер била многу лошо и не веруала да остани жива веќе од големата мака што имала таа ноќ. Тамам во темни зори, некако како да беше завенала и ти видела еден сон: као да беше отишла во параклисо „Свети Кирил и Методија“ во варошкото маало. Стоејќи тамо в црква кај што стојат жените, си се крстела и го гледала параклисо каков је напраен.

„Сполај ти Господи – си велала сама со себе си – има толку години од кај што се напраи параклисов во варошково маало, ене каде је и да не дојдам да го видам, гледај што убаина место било! И црквава за убаина била, нека је на помош!

Така си мислела и туку се џарела низ црквата. На тоа размислуање, туку је се преставил пред неа еден стар чоек со брада (зер Св. Кирил, ја Св. Методија) со еден диск в раце, во дискот вода и песок и је рекол:

- Повели напи се од водава, шмркни троа во носот, изми се за да оздравиш од грлото што те боли.

Зела од водата, се напила и си оздравела. Е што радос беше и дошло, веќе нечкај.

Со таа радос се разбудила и кога гледат: како полесно беше и дошло. Брго-брго, зела да се променуа и да се готви да оди в црква. Ја видела мајка је оти се променуа и ја прашала:

- Што ти текна, мори ќерко, што се променуаш, кај имаш ниет да ојш?

- Црква, мајко, сакам да одам, на параклисо „Св. Кирил и Методија“.

И ватила да му го кажуа соно што го видела. Коа ја ислушале мајка је, Илија, момчето је, брат је, ватиле да и се смеат дека веруала сон.

- Ами вакваа, учена си на училиште да веруаш сонои! Коџамити царцки еќими не можат крајо да ти го најдат, со сонои сакаш да оздравиш! Седи си тука, не ти треба црква одење, да не настиниш, та да се сториш полоша.

- Море, да знам да умрам на пато, - му рекла -  и па ќе одам и веруам оти ќе оздравеам. Откоа видоа оти не се запира, ја зеде мајка је и ја однесе на параклис. Едно беше влегла во параклисо за прв пат и едно ја разгледала црквата, на големо чудо станала дека како што беше ја видела на сон, такваа ја виде и најаве, ама истото беше била се како што ја виде на соно. Седела дури се слугало литургијата и на отпус ошла кај бунаро и се измила од водата, се напоила, шмркнала во носо и на часо сетила една голема леснина. Дури си ошла дома, си оздравела, како да не боледуала никоаш.

Подготви: Марко Китевски

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.