Среда, 19 Јуни 2013    PDF Печати Е-пошта
Стари записи од Ѓорги Поп-Атанасов

manuОваа Божествена книга наречена апостол, е на манастирот Пчиња, обителта на Светиот отец Прохор во пустината козјачка; ја подврзав јас многугрешниот поп Пантелејмон со трошок и со откуп, а се потруди во врска со тоа еромонахот кир Јоаникие од Лесново, Месец јуни, 22 ден, 1749 (година) во Карпино.

Апостол, 1443 год.

*

1749 лето од Христа Бога нашего. Во таа година дојдовме во Пчињскиот манастир, каде што почиваат моштите на светиот преподобен пустиножител Прохор. Пишував со својата недостојна рака, јас, еромонах Димитрие Дечанец.

Летопис, 14 век.

*

Да знае секој христијански брат како направи еромонах Кипријан воденици спроти Градиште, на реката што иде откај Обедник. Беле и Неделко го дадоа местото. Кипријан даде манастирски пари, та направи две окна: едното окно за црквата „Св. Јован“, а другото за Беле и Неделко, и нека се знае кое окно на кого е. Откај реката е манастирско, а откај патот е Белево и Неделково. Сведоци: Мула Хасан Небиотиќ и брат му Абдула спахија и Али спахија Бектешов син и Муто ќехаја. И други сведоци: слепчани и градишчани – мали и големи. И друго да напишеме да се знае: кој ќе се одрече од дадениот збор, да биде клет и проклет од 318 богоносни отци и од Господа Бога Седржателот и од Свети Јоан и од светото Евангелие и да биде почитуван како што се почитува Јуда и да биде сличен на Датан и Авирон, амин.

Да се знае, исто така, колку трошок се направи околу воденицата – двесте гроша готови пари и пиење и јадење одделно.

Слепченско четвороевангелие, 15 век.

*

Оваа книга е на поп Крсте од Велес, 1755 година.

Црковен типик, 16 век.

*

Да се знае кога падна манастирската порта, кога се тресеше земјата месец февруари, 15 ден 1755 година.

Октоих од Пчињскиот манастир, 16-17 век.

*

Оваа книга „Отечник“ е од Бигорскиот манастир „Свети Јоан“ на река Радика, Дебар, 1757 година.

Патерик, 14 век.

*

По волјата на Отецот и со помошта на синот и со извршувањето на Светиот Духо овој честит параклис на Светиот Отец Јоан, рилскиот пустиножител, го препишав од стари ракописни книги јас, смирениот Добробосански митрополит Серафим, на 7 септември 1770 година го приложив во црквата, за да служи како откуп за мојата грешна душа. Ако некаде е погрешено,  поправете, ве молам и нас во светите  молитви споменете. И да не му биде простено на оној што ќе го одземе од црквата.

Параклис на Св. Јоан Рилски, 1770 година.

*

Во 1771 година, 26 октомври, јас многугрешниот Никодија, родум од Ниш, протосингел на Скопскиот митрополит господин Антим, дојдов во Марковиот манастир на празникот на Свети Димитриј.

Во тој месец почина егуменот господин Теофан. Бог да го прости, а и мене грешниот Бог да ме прости!

А книгава кој ќе ја земе од овој манастир, да не му е простено, ни благословено. Така да биде!

Никодим Хаџи Велкович, протосингел скопски, родум од Ниш.

Руска печатена книга во црквата во село Ракотинци, Скопско.

*

Да се знае кога дојдов јас, грешник Иван од Кратово во манастир Лесново, 1779 година. Тогаш беше ереј монах поп Христо од Струмица.

Зборник на еромонах Филимон, 16 век.

*

Во таа година 1780, месец април, 16 ден, на Велики четврток вечерта влегоа арамии Турци Колунци и го фанаа егуменот Кирпијан и го мачеа – со оган го гореа за аспри, а аспри немаше да им даде. Го изгореа. Три дни живееше – на Велигден почина, и зедоа арамиите од манастирот свети мошти сосе сребрена кутија, кутијата чинеше 120 гроша. И зедоа три коња и ги натоварија со бакар и руба и се што пронајдоа во црквата го однесоа. Манастир Слепче, храм Свети Јоан Претеча.

Слепченско евангелие, 1548 год.

Од книгата „Стари записи“ од Ѓорги Поп-Атанасов, Скопје  1996

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.