Среда, 26 Јуни 2013    PDF Печати Е-пошта
Од животот на Григор Прличев

grigor-prlicevСпоред своето ветување почнав да ја препишувам филадата со трескава дејност (тоа препишување не малку ми помогна во јазикот). За своите часови немав никаква грижа. Си позволував дури и чести отсуства. Тогаш часовите беа толку суви, што отсуствата и не се сметаа за смртен грев.

Еднаш (през учителствувањето на Андроника Јосифчев, добар и дејателен учител охриѓанец) четворица ученици се согласивме да одиме в поле. Таму, во Далјанската Река, ловевме мали јагулчиња. За ручек си доаѓавме дома, а по ручек пак се собиравме на река. Што да правиме? Неумолива беше нуждата за разонода. А училиштето беше ни омрзнало. Играва продолжи четири-пет дена. После, некојси ја извести мајка и таа со горка потсмевка фати да ме бие по стопалата со драпаво дрво. Градот се огласи од моите викови. Но мајка во тепањето не покажа милост и после ми ги кладе нозете во густосолена вода, претходно приготвена. Таа беше се решила да ме излекува еднаш за секогаш од болеста на отсуствата, и успеа.

Долго време ја препишував филладата. Кога го свршив делото, го претставив Евтиму Балазу којшто ми го порача. Цели часови тој испитуваше дали преписот е точен. Не најде ниедна грешка. Он направи сметка (јас сметање не знаев) и ми рече дека треба да ми плати шеснаесет гроша. Но, он постапи великодушно: ми даде четири бешлаци, што ми се видоа како четири милиона. Кога врачив парите мајце си, очите и блеснаа: не поради значителноста на сумата, но од радоста што го видела првиот плод на мојот труд. Како што гледате, никој можеби не работел толку евтино како мене. Но имавме и други средства: мајка ведеше пилиња, а јас продавав јајца.

Еднаш Анастас Серезлија, доктор Грк, којшто насекаде со ентузијазам ги фалеше моите успеси, и секојпат бесплатно ме лекуваше, ме виде в чаршија каде седам на еден камен, изѕемнат од студ, и во скутот си држев десетина јајца за продавање, и ми рече по грчки:

- Стани!

Станав.

- Колку пари ги продаваш?

- По три пари.

Он ми ги плати по пет пари.

- Никогаш да не седиш на камен. Разбра ли?

- Разбрав.

- Дај клетва.

И се заколнав.

- Јас имам четири сина, но тебе те љубам повеќе. Не сакам да те лекувам пак, не што си го жалам трудот или лековите, но ти го жалам здравјето. (Илјада поклони пред сенката негова...)

Очигледно е дека животот не ни беше охолен. Но имавме и друго средство: през јунија и јулија проучек продавав црници. Се натпреваруваа светот кој понапред да купи. Многупати дури Турците не го оставаа христијанинот да купи. И така секогаш навреме се наоѓав на училиште.

Еден ден, ужасниот (3 јули 1840) мајка падна од црница. И денес кога не си го спомнам тоа приклучение, трескави морници сеќавам по плеќите, а по бедрата едно неописимо болежно чувство: како да ми се топи лојот. До Бога писнав кога ја видов мајка спрострена, полумртва.

-Нема ништо, - рече таа, си ја поисправи главата и го виде средниот прст на десницата шинат меѓу првата и втората фаланга (зглоб) и грозно искривен. Ако и да беше како пијана од паѓањето, таа зеде да го тегне шинатиот прст со сета сила, додека коските скрцнаа и се наместија во физиолошкото состојание.

- Сега немај гајле – рече таа.

Сосетките се притекоа, ја фатија под мишки, ја однесоа в куќи, и послаа и ги употребија сите средства што има беа под рака за да и олеснат на пациентката.

Никогаш во животот не сум бил толку тажен колку тој ден. Бев сеедно при нејзината постела. Очите ми беа сеедно во лицето нејзино приковани. Мајка ја сеќаваше мојата болка, можеби повеќе од својата и болежно се усмевнуваше.

- И тоа ќе мине, синко! Нашата муренка е благословена. Таа е нашиот ангел-чувар. Јас ја почитам за свето нешто. Мнозина паднале од неа но никој не се убил. Иван... и тој падна... билем (дури) од најголемата висина (и ми покажа една гранка од најголемото дрво), но ми го варди Господ, ништо не пати. Не гледаш ли колку жени идат катаден... и земаат од кората нејзина за лек против секаков пришт.

По неколку дена мајка оздраве и фати да работи како обично.

Од „Автобиографијата“ на Григор Прличев
 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.