|
||||
Лесновска книжевна школа |
Писмената и книжевната дејност од Кратовско и Злетовско е тесно поврзана со дејноста на Лесновскиот манастир. Култот на овој манастир е поврзан со пустиножителскиот пат на Св. Гаврил Лесновски. Најзначаен претставник на оваа школа е Станислав Лесновски кој придонел за развивање на оваа школа во која се негува калиографското препишување. Лесновски Ковачевиќев пролог
Фрагмент од Вториот Лесновски Пролог Вториот Лесновски пролог познат и како Лесновски Ковачевиќев пролог претставува средномакедонски килилски ракопис. Потекнува од периодот помеѓу 1330 и 1340 година. Содржи 221+ 1 пергаментен лист. Пишуван е во Лесновскиот Манастир од двајца пишувачи, од кои едниот бил Станислав Лесновски. Писмото е кирилско. Украсен е со скромна орнаментика, главно изразена кај иницијалните букви. Содржинската структура е стара (нестиховна) од типот на Константин Мокински. Има и кратки житија за некои од словенските светители. Во 1330 и 1340 година во Лесновскиот книжевен центар се препишале уште два пролога од една иста предлошка, во кои исто така со пишување учествувал Станислав Лесновски (Прв Лесновски пролог – Белград САНУ бр. 53 и Трет Лесновски пролог – Белград НБ, Стара збирка бр. 27). Овој манускрипт се чува во Белград, (НБ, Нова Збирка Рц 705). Извор:
Лесновски паренезис Фрагмент од Лесновскиот паренезис Лесновскиот паренезис-средмомакедонски килилски ракопис Потекнува од 1353 година. Содржи 332 пергаментни листа, од кои се зачувани 317 листови. Пишуван е од монахот Тахота во Лесновскиот манастир кај Пробиштип, со кирилско писмо. Орнаментиката е претставена со геометриски иницијали и со заставки во црвена боја. Според содржината претставува зборник со слова и поуки на ранохристијанскиот писател Ефрем Сирин (306-373), чиишто дела преку византиската книжевност се пренеле и во средновековната македонска книжевност. Според записот монахот Тахота го пишувал по наредба на епископот Арсениј, во Лесновскиот манастир Св. Архангел Михаил. Се поврзува со дејноста на Кратовската школа и се вбројува меѓу северномакедонските ракописи. Имало и запис од раката на книжевникот, кој за жал не е сочуван, зашто се наоѓал на листот од старата збирка на Белградската народна библиотека, што изгорела 1941 година. Лесновскиот паренезис денес се чува во Софија, НБКМ, бр. 297, Санкт Петербург, ГНБ, F. n.I 63 (1л.) и Белград, НБ, стара збирка бр. 237 Извор: Vera Stojčevska-Antic (1997). „Makedonskata srednovekovna kniževnost“. Detska radost. |