|
||||
Македонски артефакти (2 дел) |
Македонија е прва земја во светот картографски прикажана од анонимен автор од IV век п.н.е. а тоа е сведоштво за врската помеѓу минатото и сегашноста, и во 75-та година од н.е. астрономот од македонско потекло Клавдиј Птоломеј ја претставува Македонија во вистинските димензии, каде е претставена старата Македонска престолнина Арга и новата престолнина Пела.
Со опстојувањето на пелазгиско-древномакедонската етнија во континуитет продолжува еволутивниот процес на етногенородната група Древномакедонци, а со тоа и името на Македонците продолжува да егзистира како име на најстарите жители од Македонија, населувајќи, цивилизирајќи и облагородувајќи простори од Европа, Азија и Африка.кои пак како народ од „етногенородната пелазгиска група Анти го добиваат и името антички свет“. Исклучителен артефакт за Пелазгите, Антите, Венетите, Феникијците, Древномакедонците и Склавините кованицата за Словените, дава македонскиот историчар Jordanes (528-588 година, н.е.), кој вели дека „Венетите ги населувале териториите помеѓу Дњепар, Дњестар и Црноморското крајбрежје... до IV-от век од н.е. големата Словенско-Античко-Венетска заедница се распаднала на три дела, Западни Венети, источни Анти и Јужни Склавини...“[1], имено, „Вандалите и Венедите биле еден ист народ од Полска до Далмација и на Венедите им се припишуваат многу културни дејанија во Франција и Шпанија, и во Африка...“[2] и... „Словените и Вандалите се еден ист народ ... исто како што Германците различно ги именуваме со Германи, Теутони, Алемани...“[3], всушност „предците на современите Словени биле Пелазгите“.[4] „Со својата древна писменост, култура и традиција, оваа најстара цивилизација во Европа, облагороди многу земји и народи, опсипувајќи ги со првите цивилизациски плодови...“[5]
Сето досега покажува дека „Овие еднородни, еднојазични народи... од самиот почеток на историското време ги наоѓаме растурени на огромен простор и поделени на истородни нации, од кои повеќето го заборавиле своето потекло“,[6] и дека овие народи, „Анти, Венети, Македонци, Скити и други пелазгиски групи, со себе го носеле името на својата татковина Македонија“[7], а македонското влијание егзистирало дури и кај средновековни хроничари, кои забележале дека „византискиот император себеси се нарекувал Василиј Македонијан“.[8] Македонците се дефиниран Македонски идентитет, со своја територија, свој јазик, свое фонетско (гласово) писмо, свои обичаи, култура и етничко име-македонци и суштествуваат 11 милениуми на сопствена територија „Македонија, која е стара колку и самите македонци“.[9] Да напоменеме дека постојат многу хипотези, но античките извори децидно велат дека „Македонија е Венетско-Античко-Пелазгиска кованица што значи Рамна Земја“,[10] всушност Македоните живееле северно од Олимп и на земјата и го дале своето име Македонија, кое најпрвин било национално име и потоа станало историско-географски поим Македонија, вели археологот Pecas, така што македонците се „најстариот етнички супстрат Бриги (Фриги), во етногенезата на Античките древномакедонци“.[11] Македонија е аргументирана од многубројни историски научници од историско време, од кои и античкиот историчар Justin, кој вели: „Македонија претходно се викала Ематија (мајка)“[12] по божицата Ма,[13] и била позната по народот Пелазги, и Strabon кој вели: „Во Ематија (Македонија) живееле Илири и Епирци“, а „Ематија била нарекувана и Пеонија“,[14] што значи Пеоните (Древномакедонците), Антите и Венетите се браќа по род од Пелазгите и „Пеоните биле нарекувани и Пелагони“[15] (Пелагонија, денешна област во Р. Mакедонија), откаде „името Македонија пред сé било национален македонски за потоа да стане географски поим Македонија“.[16]
Пелазго-античко-венетско-македонско-словенските постулати биле центар на светската култура и цивилизација, а топонимијата, оронимијата и хидронимијата нивен востановен белег од Атланскиот до Индискиот океан, вклучувајќи го Сибир со областите Камчатка и Алјаска, во кои големи просторни широчини биле основани градови и држави од истите етногенородни народи со други називи: Феникијци; Фриги; Бриги; Етрурци; Пајонци; Траки; Скити; Келти(Кити); Трибали; Мизи; Илири; Милци; Московити; Мигдони; Сармати; Месопотамијци; Пафлагони; сите формирани во групи на етногенородни Пелазгиско-древномакедонси општества.
Античките историчари, Strabon, Pompej Trog, Markus Justinius… потврдуваат дека „Македонците во земјата Македонија се Древномакедонско-Пелазгиски народ во историската наука дефинирани како Протословенски (Прасловенски) народ“,[17] имено, „на тлото на Македонија суштествувала етногенородна и еднојазична Пелазгиско-Древномакедонска етнија“[18] која остава богат гласолошки супстрат, давајќи своја топонимија која и денес живо егзистира, со исто и силно јазично аргументирано значење кај современите македонци, со генетски и етно-културни посебности најнапред од „Пелазгите, Антите, Венетите и Древномакедонците, подоцна добивајќи го заедничкото име Словени“,[19] а во 6 век од н.е. современите „Словени се етногенородни потомци на Склавини, Илири, Гети, Трибали, Траки, Келти (Кити), Бриги (Фриги), Скити, Древномакедонци, Венети, Анти и Пелазги”.[20] [21]
Наведените артефакти ни покажуваат дека на просторите на Европа, Азија и Африка живеело етногенородно и еднојазично Пелазгиско-Античко-Венетско-Македонско-Словенско население, подоцна нарекувано по поделените групи на етногенородни ограноци, кои припаѓале на едно етногенородно стебло и биле поклоници на сонцето, кое претставувало и симбол за генородот македонски од првобогот ‘Македон’ по кого Македонците на земјата на која живееле и дале име Македонија. Најстарите податоци за името на Македонија посочуваат на името Ематија... „Ематија е позната по народот Пелазгиски“,[22] вели и Polub-„земја каде живееле еднороден и еднојазичен народ“, различно нарекувани но од ист род, и Strabon вели дека на територијата Матија (Ематија) порано нарекувана Пеонија, истото го велат и Polybius i Plinius, дека Пеонците се нарекувани и Пелагонци, и „во Епското дело ,,Илијада“ Пеонците и Пелагонците биле сојузници на Троја“.[23] [1] во De origine actibusce Getarum ( Getica), XXIII, Roma, 1986,p. 43, [2] Albertus Grantzius, Vandalia, lat.,Hamburg, 1519, н.е. [3] Thomas Kantzov, Cranik von Pommern, 1535, н.е. [4] Г.С. Гриневич, Праславјанскаја писменост, Ресултати дешифроски, Москва, 1993 година, н.е. [5] Stevan Verkovic, Veda Slovena, Zagreb, 1861 година, н.е. [6] Аdolphe Pictet, les origines indo –europennes on les Aryas primitifs, Essai de paliontologie Linguistigue, Tome premier, Paris, 1877.p.9. [7] K.Jiricek, Die Heerstrasse von Belgrad nac Constantinopol und die Balkanpasse, Prag.1877.p.94, bel.55. [8] Georg Hamartolos, Annales, Ed, Bonnae.1915.p.724. [9] А. Иширковь, Македония, во: ‘,, Македонски прегледь’’, година III, 1. София. 1927 [10] J.Ph.Fallmerayer, Greschichte der Halbinsel Morea, 2. Bal. Stuttgart-Tibingen. 1830. P. 8. [11] O.Haas, Die phrygischen sprachdenkmaler, Lind. Balc. [12] Ibid…, B14.226. [13] Маргарита Китан Ивановска “Букварот”2009, стр.16-17 [14] T.Liv., XI.40 Види и: Polub., XXIII.4. [15] Marcus Inuianius Justinius, Historiae Philippicae, Lib. VII.1,1. [16] J.R. Ellis, Philip II and Macedonian imperialism, London,.1976 p.44 [17] Josephe Kostrzevski, Les origins de la civilization dolonaise, prehistoire-protohistoire, Paris. 1949. p.9. M. Vaultier, Bulltetin des Sciences historique, antiquites, Philologie, Tome IV, Paris, 1825, pp, 396-397 Emile Burnouf, Essai sur la Véda, Paris, 1863, p.57. [18] M. Ch. Fittboten. De Pelazgis, De comentario historica et eritica, Frankfurt. 1862 pp.11-23 [19] F. Sebastiano Dolci, De Illyricae…, p.IX. [20] Jordanes, De origine actibusce Getarum(Getica), Lib. XXIII, Roma, 1986, p.43 S. Kutar, Kako vaznost ima “Jordanis” za slovensko zgodovinopisje, Ljubljana, 1880.p.86 [21] Маргарита Китан Ивановска “Букварот”2009, стр.13-14 [22] (Marcus Iunianius Justinius, Historiae Philippicae, Lib,VII. I.I.), [23] Homer, Illiad., II, 849, 850 |