|
||||
Македонски артефакти (4 дел) |
„Македонија е постојана населена територија во Европа од 6.620 година п.н.е“,[1] и претставува јадро на најстарата светска цивилизација, која со плејада македонски умови и “со своите цивилизациски вредности, култура, писмо, јазик“[2] ја облагородува Европа. Македонија, благодарение на автентичниот еднороден народ “во неолитот имала свое организирано автохтоно еднородно население, со длабоки корени во најдалечното минато“[3] и била ”место на многубројни еднородни кралства“.[4] Пелазгиските гранки на народите Анти, Венети и Древномакедонци, биле познати градители на Европа, Азија, и Северна Африка и културно го облагородиле тогашниот свет, а од таму и термините-Античка култура, “Антички свет..., кои ја изградиле Вавилонската кула“,[5] која претставувала симбол на култот кон сонцето кон универзумот и го носела името Зигура, со значење на древномакедонски Ѕвездена, и на современ македонски со исто значење Си-гура пат кон ѕвездите, и спаѓа во седумте светски чуда. Хомер (IX век п.н.е) споменува Ематија (Матија) име за Македонија, и вели ”Македонецот Tukidid, не ги користел етниконите и на други народи“, македонецот Stefan од Бизант запишал ”Матија прво име на Македонија“, лингвистот Autenrieth, што го дал првиот речник на Хомеровите зборови (глоси) вели “Ематија е античко име за Македонија“, T. Livius вели ,,пред појавата на името Матија, територијата на Македонија била нарекувана Пеонија“, во античкиот период имаат древномакедонска лексичка форма, етимологија и карактер. Легендарниот древномакедонец Хомер (Homer) заслужува особено внимание, бидејќи своето епохално дело „Илијада“ (Iliad) го напишал на Пелазгиско-Античко-Венетско-Древномакедонски јазик, каде дава драгоцени податоци за древномакедонската популација која оставила свои неизбришливи вредности во развојот и осовременувањето на тогашниот свет во најширока смисла на зборот, основајќи ја првата прочуена Егејска култура во Европа и светот, што покажува дака древномакедонците ги поставуваат и темелите на светската цивилизација. Современата македонска наука за етимолошкото толкување на “епосот Хомеров „Илијада“ зборува дека терминот Илијада е од изворно Пелазгиско-Античко-Венетско-Македонско-Словенски зборови, од коренот ‘Илиј’ со значење ‘Сонце“[6] и придавката ‘ада’ со значење ‘земја’ заедно ‘Сончева земја’ со исто значење и во современиот македонски литературен јазик, затоа Сонцето денес за современите македонци е симбол за етногенородот и потврда за идентитетот македонски во ‘Сончевата земја’ Македонија, со артефакт 8 крако сонце старо 4.000 години најдено на карпа во Кратовско, а денес симбол на државното знаме на Република Македонија. Стотици лингвисти од целиот свет научно докажуваат дека прасловенскиот јазик е протословенски, односно древномакедонско-пелазгиски, а”феникијско-етрурското писмо во целост е идентично со древномакедонското-пелазгиското фонетско (гласовно) писмо“,[7] за што Diodorus вели ”соларно-космографската оставштина, епиграфско-нумизматичките извори, древната митологија, древната религија и легендите се пишувани на пелазгиски јазик“,[8] односно древномакедонскиот. Со пелазгиско-древномакедонски јазик и писмо се служел Македонецот Хомер и неговиот учител Пронапид, поради што поемата „Илијада“ обилува со зборови кои денес во современиот литературен македонски јазик живо егзистираат во своите архаизми, древните историчари Тамир и Лин пишувале на истото писмо и јазик, а и сета древна митологија од тлото на Македонија била напишана на фонетско (гласовно) пелазгиско-древномакедонско писмо и јазик. Словените како етногенородни потомци на Пелазгиско-Древномакедонската етнија и во јазична смисла биле поврзани, од каде во подоцнежен период пелазгиско-древномакедонскиот јазик добива име илирски или словенски јазик со ”пелазгиско-древномакедонски фонетски (гласовен) систем на писмо од знаци со “црти и рески” факт кој го потврдуваат историчарите Tacitus и Diodorus констатирајќи дека творци биле Венетите (Феникијците)“,[9] но зачудува и фактот дека денес во Македонија постои лингвистички и друг доказен материјал стар најмалку 25 000 години кој претставува идентична основа на современото македонско писмо и јазик, што го содржи кодот за дешифрирање на минатото, и токму тоа денес го чинат современите македонски научни дејци Аристотел Тентов и Томе Бошевски. Познатите авторитети Ramberti; Fresne-Canay; Lichtensten; Nelezschitz; Burnoff; Hammond, со одбрани зборови го величат древномакедонското царство, додека името Тракија Herodoth и други го третираат како географски, а не етнички поим, бидејќи на целиот тој простор живеело еднородно древномакедонско население од родот на Венети, Анти и Пелазги. Откриените наоди на македонско тло од времето на неолитот зборуваат за: македонска форма на државно уредување наречено зетување (организиран систем на најстар светски облик на државно уредување); јазични (фонетски) и знаковни (графиски) натписи, ”македонско автохтоно население со длабоко регистрирани корени во најдалечното минато“,[10] и артефактот керамички печат од 6.000-та година п.н.е. најден во село Говрлево - Скопско и денес на територија на Р. Македонија, каде е пронајден натписот “Сл с Бо с`м”, што значи “сал со Бога сум” - со истото значење и денес во современиот македонски јазик кој укажува на државност со свој печат, свое писмо и свој јазик... Античките наративни извори можат да се потврдат со артефакт oд тлото на Македонија, за што пример е натписот од селото Осенчани од периодот помеѓу 7-от и 6-от милениум п.н.е. каде стои: “Еа зет е Трак”, што значи “Овој зет е Тракиец” и укажува дека Пелазгите, Антите, Венетите, Древномакедонците, Бригите, Мизите, Пајонците, Пелагонците, Илирите, Траките, Дарданите, Трибалите, Сарматите... И уште повеќе од дваесетина истородни еднојазични групи биле нарекувани со заедничко име Македонци.
Државата Мaкедонија е посведочена на артефакт од македонскиот археолошки локалитет село Градешница, периодот од 5.862-та година п.н.е. каде “Зетот Пир Македонски” се титулирал (назначувал) со назив кој читан од десно на лево, начин на кој пишувале и читале древномакедонците што покажува дека македонското фонетско (гласово) писмо од раниот неолит значајно не се разликува од денешното современо македонско писмо, така наречено ,,кирилично” туку е осовременето од Св. Кирил и Методија и егзистира како во Македонија исто така и кај останатите древномакедонски народи во VI-от век од н.е. преименувани во Склавини (Робови), кованица (измислица) за Словени со толку навредливо име. БЛАГОЈ ТРАЈКОВ[1] R.J.Rodden. Proceedings Prehistory Soc.,28.1962.p.267 [2] Prof.d-r Harald Haarman, Early civilization and literacy in Europe –edit.: Mouton de Gruyter-Berlin-New York, 1996 [3] Fritz M. Heichrlheim A. Yeo, History… p. 480 [4] Prof. Harold Albert Lamb. Alexander of Macedon: The Journey world,s , New York, 1946 [5] F. Sebastiano Dolci, De Illyricae vetustate et amplitudine, Venetis, MDCCL, во,, Desertatio historiko-chronologico-critica’’ , Venice , 1754.p.IX. [6] Херодотова историја...,т. I, стр. 419. [7] Diod., Siculi, Lib.V.p.7 Tacit, Anallji. Lib.XII.p.14 [8] Diod., Siculi, Lib.III.p.67,4. [9] Васил Иљов, Нови сознанија за писменоста..., 84. [10] Fritz M. Hichrlheim and Cedric A. Yeo, History…, p. 480. |