|
||||
Антон Николов Попов од село Игуменец - денес Гега, Пиринска Македонија |
Антон Николов Попов е еден од основачите на Македонскиот литературен кружок, формиран во 1938 година. Антон Николов Попов (Попово маало, село Игуменец (денес Гега), Пиринска Македонија, Бугарија, 20 октомври1915 - Софија, 23 јули1942) бил македонски револуционер, публицист, писател, познат активист на БКП и учесник во илегалниот отпор против фашистичкиот режим во Бугарија. Неговиот прадедо поп Стојан се доселил од Берово. Тој, како соборец на Иљо Малешевски и учесник во Кресненското востание, бил убиен од Турците. Истата судбина го снашла и дедо му Костадин Попстојанов, војвода на чета во Горноџумајското востание, заедно со неговите двајца браќа. Татко му, учителот Никола Попов, зема активно учество во револуционерните борби, и во 1922 г. бил обесен од разбојниците на Алеко паша. Основно образование завршил со своето родно село, потоа продолжил во гимназијата во Самоков. Заради учество во ученички марксистички кружок и ширење на марксистички идеи сред учениците на гимназијата бил исклучен и принуден да го продолжи своето средно образование во Неврокоп, каде и го завршил во 1933 година. Не можејќи поради материјални тешкотии да продолжи на факултет, станал учител во Гега и за кусо време создал интернат за 100 сиромашни деца во селото. Немајќи можност да ги разгрне своите интелектуални сили во својот крај преминал во Софија. Таму работи како новинар. Тој е еден од основачите на Македонскиот литературен кружок, формиран во 1938 година. Во тоа време ја напишал статијата „Дали постои македонска нација“, во која дава образложен позитивен одговор. Антон Попов бил член и на Бугарската комунистичка партија (БКП). На почетокот на мај 1941 година е мобилизиран во 25 пешадиски полк на Беломорието. По нападот на Германија врз СССР заедно со Никола Вапцаров стануваат членови на Воениот центар кај ЦК на БКП, каде пројавил вонредна активност. Двајцата се провалени и уапсени од бугарската полиција, осудени на смрт и стрелани на 23 јули1942 на софиското гарнизонско стрелиште. Цитати ”Беснееја на македонската земја разни господари. Срби, Турци, Грци, Бугари... Тогаш, од македонската нива сите тие береа. До денеска само на еден правото не го признаа. Правото на Македонецот да ја ора својата земја и единствено тој да го бере плодот од својата нива. Стариот господар на таа земја, правото на големиот македонски дух-не беше признат. Историјата на човештвото е полна со неправди... ...Кој ги инспирира настојувањата да се избрише македонското сознание, македонското име,- да не го признаваат правото на македонскиот народ да биде господар и чувар на својата родна земја?... Кој ги поттикнува нивните свирепи мерки, нивното цврсто решение? Кој ги поддржува и оправдува нивните настојувања-плен на угнетување да бидат нивните славјански браќа?” (Извор: Антон Попов „Дневник“, Млада Македонија, 1938 г.). |