|
||||
Македонски артефакти (6 дел) |
Хомер во „Илијада“ ја опишува Тројанската војна, и никаде не споменува Хелени, но исклучиво древномакедонски племиња, и упатува дека Хеленското учество не е засновано на релевантни историски факти, а и Англичаните Bjury и Migs, кои се сметаат подржувачи на грчката неегзактна “наука” велат: „Веќе е поставено прашањето, дали воопшто некогаш се случил поход на Грција на Троја...“? [1] Грешката во сите области од светската наука, настанува кога “научници” од 19, 20 и 21-от век од н.е. во своите терминологии употребуваат термини кои не постојат во целокупната ера до периодот од 19-от век, имено, во овој труд се расветлува и разоткрива грешката создадена при употребата на терминот Грција за било каква научна област од праисторијата до 19-от век, всушност, територија, нација и држава Грција за прв пат во светската историја се појавува во 1829 година од н.е. По царот Пердика I до крајот на VI век п.н.е. постојат факти за уште повеќе владетели од македонската царска династија: Аргеј; Филип I; Аероп; Алкета; Аминта; (434-413); Архелај I (413-399) кој ја пренесол македонската престолнина од градот Ајга во градот Пела; Аминта III (390-370); Птоломеј; Филип II Македонски (359-336) кој ја зацврстил, проширил и реформирал македонската држава и го формирал првиот светски сојуз на држави, издигнувајќи ја Македонија на светскиот пиедестал. Епонимот Македонија и етнонимот Македонци суштествувале од праисторијата во кој временски период Македонија добива политичко и етничко значење, кога многу цареви до сопственото име го додавале патронимот македонски, и кога на територијата Македонија се случува обединување на древномакедонските етнички ограноци, така што по зетот Пир Македонски, Македонците подоцна ги обединил царот Каран Македонски (808-878 година, п.н.е.), а помеѓу VIII и VII век п.н.е. дошло до промена на царските династии од Темениди во Аргеади, кои пак го носеле старото македонско име Макета (Ематија-Мајка) и Китим, а суштествувале уште пред X милениум п.н.е. Кралевите на Македонските племиња, Пеони и Пелагони од областа Пелагонија која денес егзистира со истото име во Р. Македонија со свои соплеменици се бореле кај Троја каде учествувале и кралеви на бригиските етнички гранки, предводени од Дардан и биле Венети, со називи и Енети (Венети) вели (Homer, Illid) по борбата со Ахајците за Троја, а по паѓањето на градот Троја, следи масовно иселување кон централна и западна Европа и Скандинавските земји на исток се` до Алјаска, Камчатка и Владивосток каде била востановена пелазгиска древномакедонска топонимија. Синтезата на името на Божицата на земјата Ма (мајка) и именката Матија (матица), Макета (Македонија), претставува едно исто име, и ни дава информација дека старото име на Македонија е Макета (види, P.W. Real-Encyclopadie der cllassichen Altertumswissensohaft, t.XVI \ I, stuttgart, 1937), а синтезата на коренот ил има значење во Евилска земја (Hav-i-lah land); терминот вилает (место земја); Илина гора; Илија (име); Илиј (првобитно име на Македонскиот град Троја); Илијада-Хомеровата поема со коренот илиј, што значи Сонце и придавката ада со значење-Земја, заедно –Сончева земја (Македонија). Култот кон Сонцето Македонците го нарекувале Илиј, и потоа етничките бригиски групи што го населувале Јадранскиот брег биле нарекувани Илији, подоцна модифицирани во Илири кои се простирале сé до северна Етрурија (Италија) во провинцијата Илирик, каде живееле еднородните племиња Анти, Венети т.е. Древномакедонци, за што повеќе од стотина еминентни автори велат „илирскиот јазик бил исто што и македонскиот“,[2] a „царот Филип II Македонски (359-336), проширувајќи ги границите на Македонија ги обединил сите македонски племиња на север“,[3] кои биле нарекувани илирски со кои тој војувал во 359/8-та и 356-та година п.н.е. поради локалистички сваќања, и за фактот дека: „Тој, Филип стана господар и владетел на повеќето Илири“,[4] „сведочи и илирското кралство Бардиљис со македонски крал Дасарет“.[5] Феникијците (Венетите) односно древните Македонци го изградиле градот Вавилон за време на Венетскиот крал Набуходоносор (694-562 година п.н.е.), и „жителите од градот Атина биле Пелазги и се нарекувале Кранејци, а за времето на кралот Кекроп се нарекувале и Кекропиди, потоа власта ја презел Ерехтеј, но по војсководителот Јон го добиле името Јонци“[6] и „градот Атина и Акрополот го подигнале Пелазгите“.[7] Генерации Македонски Цареви ја промовираа доктрината да се стави крај на ропството, пљачкосувањето и убивањето во светски размери, која идеја Македонскиот цар Александар III Македонски (336-323) п.н.е. ја реализирал, оставајќи им ги храмовите, јазиците и признавајќи ги религиите на народите во сиот свет, но исто така го реализирал и сонот на својот татко, го освоил светот, ги обединил народите, поседувал мултиетничка војска, се заложил за мултиетнички бракови и мултикултура, со што всушност, Македонија станала прва обединителна држава на светот за прв и единствен пат во досегашната историја на суштеството човек“.[8] „Обидот на Александар III Македонски да создаде светска држава не можел да успее, бидејќи таа треба да произлезе од потребите на луѓето, но неговиот поход и замисла ги освои срцата на луѓето, прогресивно го осовремени светот и тогаш најразвиената држава Македонија се наметна со македонските постулати во хумано-духовно-културни и материјални влијанија врз светското цивилизациско наследство“.[9] Александар III Македонски повеќе сакал да се одликува со возвишено знаење отколку со светска слава, покажувајќи го тоа на смртната постела, кога високите македонски придружници и генерали го прашале: Александар, на кого му го оставаш македонското светско царство? Умирајќи тој вели: „на...најсилниот...ако може да биде Бог“, правејќи разлика помеѓу земното и Божественото, признавајќи ја својата и воопшто човечката слабост. БЛАГОЈ ТРАЈКОВ[1] (Џон Багнел Бјури- Расел Мигс, Историја...,67.) [2] G.Bonfante , Il Macedone. Atti della Assademia sei lincei, vol, XL II\ 5-6, pp.83-85. [3] Polyaen, IV. 11. 4 [4] Isokrat.., Phil., во 346 година п.н.е. [5] P. Cabanes, Les Iliries..,p. 130 ana 157 [6] Herodoth ., Historia (Urania). VIII.44. [7] Herodoth, Historia (Uranija). VIII.41. [8] Види пошироко Слово за Царот Александар III Македонски, Благој Трајков [9] Ibid. |