Среда, 09 Октомври 2013    PDF Печати Е-пошта
Македонски артефакти (7 дел)

artefakti1

По смртта на Александар III Македонски, македонците го поделиле светот на четири региони Индија, Азија, Египет и Македонија со кои управувале владетели од македонско потекло наречени дијадоси-древномакедонски збор кој се` уште во современиот македонски јазик егзистира, со истото значење јадос-и, јад-осите, јадосани-те, кои со јад во душите од големата загуба од смртта на Александар III Македонски, значително ја ослабнале македонската држава до процес на распаѓање, завршувајќи го своето управување со создавање на нови држави, со кои управувале владетели од македонско потекло во периодот од 281-221 година п.н.е. се` до тешките пустошења на Галите и до македонскиот владетел Антигон (227-239год п.н.е.) кој ги потиснал Галите и основал династија Антигониди, а останал да владее до трите Македонско-Римски војни.

Римјаните во 168 година п.н.е. ја парчосале и поделиле Македонија на четири области (провинции) наречени меридии збор кој уште во Македонија егзистира со истото значење (мери-рид, мери-ридови) и во буквална смисла се однесува на луѓе што шетаат по ридовите, прогонети од своите градови и татковински древни огништа, без никакви меѓусебни политички, духовни, културни, економски и други врски, репресирани, силно експлоатирани, прогонувани, иселувани, убивани, кое трае се` до крајот на антиката IV век од н.е. кога Македонија повторно доживува голгота и кога била повторно парчосана на две провинции-Мацедониа Прима- со главен град Солун, и во V и VI век н.е. се споменува и Мацедониа Секунда- со главен град Стоби.

Своевидно сведоштво за воените судири помеѓу Древномакедонците и дојденците кои доаѓале да освојуваат македонска почва, обединети во новоформирани полиси (градови-држави) дава хроничарот Diodor кој вели: „македонските победи завршувале со масакри од илјадници мртви новодојденци“, кој истовремено прави разлика за етногенородноста на македонскиот народ со сопствена територија, династичко-централистичко владеење, антрополошки различни од новодојденците.

Под раководството на македонскиот цар Александар III Македонски (336-323 п.н.е.) Македонската империја“[1] успеала да воспостави свои системи за единствено државно светско управување од кои причини значително ослабува и сопствената држава Македонија и кое резултирало со загуби од Римјаните во 168 година пред Исус Христос, по што Римјаните ги покоруваат Македонците, ги убиваат на брутален начин, пљачкаат и уништуваат сé што цивилизациски припаѓало на Македонците, презирајќи ја славната македонска историја уништуваат пишани артефакти, како и сите материјални добра и многубројниот пишан книжевен фонд од македонски автори, кои денес аргументирано би расветлиле многу нешта.

Миграционите движења оставиле бројни карактеристични траги во имињата на безброј населени места и градови на пример: Варшава во Полска е аналогно на Варсова од Пелопонез; Москва во Русија од групата Московити; Венеција во Етрурија (Италија); Виена од  Виндона во Австрија; Берлин во Германија по името Бер (син на Македонскиот цар Македон); во Шпанија државата Келтика (celtica); по името на Венетите, “Венетите се познати и под името Келти”;[2] а царот Александар III Македонски (336-323 п.н.е.) во Азија основал 70 градови од кои 17 со името Александрии, и Египетскиот цар Птоломеј I, брат на царот Александар III Македонски во 290 година п.н.е. го изградил Светилникот кај градот Александрија, конструиран од македонскиот архитект Сострат Книдски и спаѓа во седумте светски чуда, во тој период македонската царска династија Аргеади (365-310 година п.н.е.) и подоцна во времето на македонскиот цар од династијата на Селевкедите – Селвек I, близок роднина на Александар III Македонски биле изградени повеќе градови во Персија и Сирија, и го носеле името Селевкидија.

Македонскиот хроничар Стефан Визант изложува дека етнички Македонци пишувале Истории за ‘Македонија и Македонците’; Валагрос Македонец, напишал книга ‘Македонска историја’ во дванаесет книги; историчарот, Таген Македонец напишал ‘Историја на Македонија’ во десет книги; Антигон Македонец, напишал  ‘Македонски патешествија’ во осум книги; Diodor изложува уште пишувачи, Марсија Периандров IV век п.н.е. од Пела (престолнина на македонската царска династја, напишал ‘Историја на Македонија’ во десет книги и ‘Историја за воспитувањето на Александар’ во пет книги; Неард  Андротимов IV век п.н.е. од Антифон, напишал хроника, ’Paraplous’ (Продирање); Марсија Критаденов II век п.н.е. од Филипи (Драма) напишал ‘Историја на Макединија’ во шест книги, ‘Археологија’ во дванаесет книги и ‘Збирка легенди’ во седум книги.

Германските етниколози од XIX-от век, O. Abel и K. Beloch, ја исконструираа наводната „Карпатска теорија“ ја создаваат збрката во историската наука со погрешни насоки кон вистината и научната мисла, извртувајќи ги фактите, за кои подоцна други Германски научни умови се оградуваат од O. Abel и K. Beloch.

А германскиот научник Veigand, со релевантни историски факти ги демантира грчките обиди за ширење на неегзактна наука, односно искривување на историјата на светот, и во 1924 година сугерира на големите европски сили да ја исправат грешката од 1913 година н.е. за која вели: „со исправување на таа грешка, ќе му се врати честа и достоинството на најстариот народ во Европа“, види пошироко (Gustave Weigand, Ethnography of Macedonia, Leipzig, 1923.pp.9-21 and 29-82), кој вели: „современите Македонци се посебна Пелазгиско-Древномакедонска народност (националност)“.

Името Македонија го носеле и многу други територии на пример во Египет во времето на владеењето на македонската династија Птоломеи од Пелагонија (Македонија) заклучно со Клеопатра VII, областа околу градот Александрија била нарекувана Македонија, територијата во Сарматија, денешна Украина и Русија била нарекувана Македонија, но останува фактот дека „генетските и етно-културните врски на Пелазгите, Антите, Венетите и Древномакедонците кои подоцна во VI век од н.е. го добиле заедничкото име Словени“,[3] како генетски континуитет на Древномакедонците односно Пелазгите.

Етнонимот Словени бил и е предмет на научно интересирање и толкување,  историчарите Kinder и Hilgemann заклучиле дека „Словените името го носат од најстари времиња“ по зборот “Слово” што на древномакедонски и современ македонски значи “Глас”, “Збор”, “Буква” и дека Словените се главна гранка во индоевропското семејство на народите, а особено важен индикатор за посведочување на етногенетската врска меѓу древните и современите Македонци претставува Ономастиката (наука за лични имиња), со сите особености и карактеристики кај Древномакедонците и современите Македонци.

Терминот Индо-европски, првобитно Виндо, од етнонимот Винди, Венди, Енети или Венети, од кој произлегува и терминот “Winden” за современите Германци со значење “Славен”, посочува дека станува збор за Виндски (Венетски), односно Древномакедонско-пелазгиски јазик и писмо, со единствена незначајна буквено-јазична разлика, но подеднакво практициран термин и со исто значење во Словенските, Англосаксонските и Романските јазици, и не треба да зачудува фактот што современите Македонци се во состојба на својот современ македонски јазик со леснотија да ги дешифрираат најстарите древни јазично-писмени артефакти.

Истражувањата во палеоархелогијата и палеолингвистиката на тлото од Република Македонија покажуваат дека знаците од Пелазгиско-античко-венетско-древномакедонска азбука со “Глоси” (зборови) од фонетското (гласовно) писмо се стари меѓу 35 000 и 50 000 години пред Христа и штичката од древната наколна населба од Костурско езеро со утврдена старост Ц 14 од 5260-та година пред Христа, која глаcи Ш`пел VII кол ште, говори дека на современ македонски литературен јазик гласи Шупел, VII колиште, (Шупливо седмо колиште).

БЛАГОЈ ТРАЈКОВ

[1] Х.Џ. Велс, Историја света..., 187

[2] Strabo., The Geographi. XII.3.8.

[3] F.Sebastiano Dolci, De Illyrikal…,p.IX.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.