Среда, 16 Октомври 2013    PDF Печати Е-пошта
Македонски артефакти (8 дел)

artefakti1

Библискиот збор дух што го среќаваме во македонскиот јазик,  застапен во Библијата, во книгата генеза (позната и како Битие) 1:2 од еврејскиот збор руах, преведен на современ македонски како воздух, здив, дах, однесувајќи се за живототворниот дух Божји и рајската градина во која Бог ги создаде Адам и Ева, истиот збор руах (дах) означува енергија чиј Господар е Бог, применет низ целата Библија како Дух Господов, Дух на Божјата вистина или Свети Дух... Етимолошки синтезата помеѓу еврејскиот или хебрејскиот збор руах и македонскиот дах, имаат заеднички корен и со исто значење што е евидентен показател за патот по кој современата наука би можела да разоткрие на кои јазично-говорни и писмени корени лежи прастарото комуницирање на суштеството човек.

Апостол Павле во 50-те години од н.е. престојувал два пати во Македонија, кога Македонците ја формираат првата црковна општина во Европа ,,образец за сите верници (христијани) во Македонија и Ахаја”[1] кој во Светото Писмо ја нарекува ‘Македонија’ и пишува: „Со нас беше Аристарх, Македонец од Тесалоника“.

Ширењето на христијанството во Македонија непосредно од Исусовиот ученик апостол Павле кој два пати претстојувал во Македонија и каде го оставил соученикот македонецот апостол Лука, апостол на Исус Христос, евангелист на Светото Писмо  како старешина на штотуку формираната Македонско-христијанска црква и прва христијанска општина во Европа.

Во второто доаѓање на апостол Павле во Солун дознаваме дека нашол организирани христијански општини, кои успешно се справувале со гонењето од римската власт и со жалење можеме да напоменеме дека мајката прво-христијанска Македонска црква во Европа, егзистира до наши дни со името Македонска Православна Црква, која 2 милениума после Исус Христос е се` уште непризната како самостојна од поновонастанатите сестрински христијански цркви во светот.

Христијанското крстење во Европа започнува од Македонија, со кој традиционален верски чин се назначува име на личноста, кој факт во историјата е премолчан сé со цел да се пресече континуитетот на македонската писменост, и да се обезличи македонското (хумано-духовно-културно) богатство, кое егзистира повеќе милениуми, создавајќи сопствена историја, култура, јазик и писмо базирани на македонските древности, а македонскиот народ бил принуден да го изучува сопственото како туѓо, но на тој начин пак,  македонското (хумано-духовно-културно) богатство останало чисто во своите древносни стадиуми, и добро е што е така, добро е!

Македонските христијански свети мислители ја негувале тезата дека светот и животот треба да се запознаат во внатрешната суштина, и така создавале житија, слова, беседи, поуки... дела со пишана македонска реч за животот во даденоста Божја, како задача и цел за комплементарно посовршено живеење-владеење со висока творечка имагинација и рационализација во рамките на Христовото учење, затоа сé друго што се одвивало надвор од тоа учење доведувало до конфликти меѓу Рим и Цариград, со крајни консеквенци на човечка оттуѓеност од реалниот живот.

Застарениот свештенски наметнат ред во општеството, за што постојат и сведоштва дека свештенската хиерархија го забранувала и читањето на Библијата, само за да се исклучи инспиративното интелигентно размислување од што е изроден и спорот на Тројството, таканаречен Исихастички спор за што се расправало и губело драгоцено време цели пет века, низ седум црковни собори значително го уназади македонскиот народ.

Непобитен е фактот на изразената древномакедонска традиција во современомакедонските правописни и јазични норми, што го привлекуваат вниманието на најразлични проучувања (текстолошки, лингвистички, книжевни, литерарно-историски, палеогравски, литургиски и музиколошки), бидејки раскошот и правописните норми своевремено не случајно прераснуваат во  еволутивниот процес потврден со артефакти откриени во Македонија (13.000 до 11.000 п.н.е.) и во Франција во пештерата Mas de Azil (25.000 п.н.е.), српскиот археолог Радивоје Пешић и Иван Томазић стојат на гледиште дека „архаичноста на словенскиот јазик, неговата споредливост со санкритските и венетските натписи, како и документираното постоење на Винчанското писмо, се доказ за непрекинат континуитет на словенскиот етнос на европските простори...“

Повеќе од значајно е што македонското фонетско (гласово) писмо е прво светско буквено, а не симболично изразување на мислата на суштеството човек, кое сведочи за постоењето на македонската хуманост, духовност, култура, уметност, книжевност, јазик ,писмо, националност, територија, црква и писменост како стожер на цивилизациско постоење со одлики на државност, градејќи ја сопствената историја, бидејќи македонците се живи сведоци што ја искажуваат, пренесуваат, осовременуваат и глорифицираат сопствената но и светската историја и денес се свесна нација, која со жалење и презир гледа кон сите учесници во милениумската голгота врз Македонија, Македонците и Македонското (хумано-духовно-културно) богатство.

Споменатите дела и многу други артефакти за славното минато на древна Македонија од страна на агресорите и окупатори Римјаните биле немилосрдно уништувани и пљачкосувани, а византинскиот историчар Sozomen IV –V век од н.е., во времето на византискиот император, Константин I Велики (324-337), пишува дека: „Македонците и Илирите без страв ја проповедаа ‘Исусовата вера’ oвде терминот е во етничка смисла како засебен етнос, а не географски поим, и истото го потврдува историчарот“,[2] дека „Солун е голем и многунаселен град, кој му припаѓа на македонскиот народ“, го поткрепува и Јован Каменијат, пренесувајќи ја изјавата на македонецот Антипатар Солунски (412-468 н.е.): „Солун е мајка на цела Македонија“.[3]

Кризата на Римската империја во III и IV век од н.е. се манифестира и во Македонија, со зачестени напади и инвазии на Визиготите и Хуните се до масовното продирање на таканаречените Словенски племиња, кои биле древномакедонски повратници од многу области во светот и кои во целост ги прифатиле сопствените дамнешни македонски постулати и продолжиле да егзистираат на прататковските огништа како Македонци, а не Славомакедонци како што некои народи милуваат да ги нарекуваат, односно да ги прекрстат Македонците.

Македонецот Јустинијан I (Управда Истинијан) (527-565) основоположник на Римското право, бил владател на римскиот престол, кој ја вратил старата слава на Римската империја, роден во Таврисон (Таор) во непосредна близина на Скупи (Скопје, Р. Македонија), каде изградил град наречен Јустинијана Прима, а неговото владеење всушност претставува последен политичко-правен процут на Римското царство, за кого историчарот Dolci вели: „Македонците се здружуваат со Траките и Илирите, водат постојана војна и со секојдневната употреба на своето оружје, ги плашат своите соседи, зацврстувајки ја својата слава...“ аргумент кој децидно ја демантира теоријата на преименување на Македонците во Словени, бидејќи зборува за присуство на Македонците на Македонскиот полуостров, подоцна преименуван во Балкански.

За одвојувањето на Македонската црква од Константинополската и Римската црква, постојат голем број на документи во многу архиви ширум Европа и Светот, до кои може да се дојде, на пример документот од 448-та година н.е. со потпис од Скопскиот архиепископ Урсинус (Урфинус), и подоцна од Скопските архиепископи Јован, Католиан, Бононат и Јован (591-602 година н.е.), после кого седиштето на Македонската централна архиепископија за Македонскиот полуостров, во Јустинијана Прима во Скопје, во кој град управувал врховниот царски администратор за Илирик и Италик, била преселена во Лихнид (Охрид), а од средината на петтиот век од н.е. исто така постојат документи дека во тој период има низа други епископии ширум Македонија со што се потврдува раното развиено Христијанство.

БЛАГОЈ ТРАЈКОВ

[1] Ив. Снчгаров, Исторически поглед..., 1-2.)

[2] Teodorit Kirski (372-438 н.е.)

[3] Иоан Камениата, ,,Две византински хроники X век, Н.Е., издание АН СССР, Москва 1959, 214, бел. 2.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.