Среда, 23 Октомври 2013    PDF Печати Е-пошта
Приказна за Ахил

 

prikazna-za-ahil

АХИЛЕ, ДЕТЕ МОЕ МИЛО, РАСНИ И ПОРАСНИ, ЈУНАК ДА СЕ СТОРИШ, ЗА ГОРДОСТ НА МАКЕДОНИЈА.

Мирмидонците, славно племе од Македонија, беше си имале крал по име Пелеј со царски двор во Фтија. Откако младиот крал и фрлил око на една од Нереидите - Тетида, богинка на морињата, беше ја грабнал од изворот каде што се капела со другарките. Потоа направил царска свадба со бегалката за која добил благослов и подароци од боговите, музите и народот. Оттогаш и денеска постои обичај во Македонија момчиња да си земаат невеста бегалка за да се сродат и помират фамилиите.

Од бракот на Пелеј и Тетида се родил Ахил, најбрзиот човек во светот. Мајка му го избањала во една света река за да добие бесмртност, заборавајќи во водата да ја потопи и петицата за која што го држела. Така Ахиловата петица останала негова слаба точка и ја задржала смртноста.

Ахил растел и се воспитувал според македонските кралски обичаи, со кралски другари и придружба во учењето, игрите и борбите. Исто така, растел и учел и Александар во Пела. Судбината на Ахил се сврзала со тие настани уште на свадбата на Пелеј кога Ерида ги скарал богинките, фрлајќи златно јаболко за најубавата. Парис или Александар, принцот од Илион или Троја ја избрал Афродита за најубава меѓу убавите. Таа пак му ја ветила за

жена Елена, сорпугата на кралот Менелај од Микена, којашто Парис ја грабнал. Тогаш пред портите на светиот сончев град Илион пристигнале силни војски за десетгодишната борба како што се опишани во Илијадата. Рушењето на градовите, пленот, убиствата, палењето, не стивнуваат и до денес, на истите места и со истите народи. Микенските кралеви Менелај и Агамемнон ги собрале корабите и војските за да ја вратат Елена, ќерката на Лета и сестра на Диоскурите. Ахил се судрил со Микенците од морални

причини при поделбата на пленот. Микенската војска се разболела од колера, а лутиот Ахил не попуштал. Тој не сакајќи да се бори, му ја дал својата воена опрема на својот најверен другар Патрокло. Хектор го убил Патрокла и му ја одзел Ахиловата опрема: штитот, шлемот, копјето и градникот што Хефест ги исковал за сончевиот син, исти кај сите борци.

Кога Ахил разбрал за смртта на својот најдобар другар и врсник отрчал без опрема на боиштето и толку силно рикнал од болка што сите се разбегале. Тоа била истата болка како онаа кога Гилгамеш го изгубил својот пријател Енгиду. Така војните ни даваат материјал за убави епови, опишувајќи ги силните херои. Во Илијадата преку Ахил се кршат сите дилеми и со него се поврзани сите жртви. Уште кога се родил се знаело дека ќе има краток и славен век. Стрелата го погодила Ахила во петицата.

Не му помогнала ниту снагата, ниту брзината, ниту борбата за етичките принципи.

Воената опрема на Ахил и Александар била иста како и нивната судбина. И двајцата биле синови на сончеви народи. И двајцата се украсуваа со шеснаесеткракото сонце на градите и со менада на македонскиот штит.

Ангелина Маркус
 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.