Беловишка река е шарпланинска река која извира под врвот Пирибег, тече низ тетовското село Беловиште и заврзува во Вардар. Позната е по своите водопади кои се едни од најголемите на Балканот.
Најголемиот водопад се вика Беловишка Скала и се наоѓа на месноста Долна Цкала. Има пад од 43 m. До него се стасува со големи напори, по околу 4 часа пешачење по тешко пристапен предел. Овој водопад, иако е поблизок до селото отколку Горна Цкала, до која треба да се изодат 2 часа, сепак е пооддалечен поради многубројните кривулести патеки низ карпите и шумите. Трите извори на Беловишка Река, која никогаш не пресушува во текот на годината, со сета сила на големата водна маса кај Долна Цкала паѓаат од височина од околу 40 метри врз каменлива подлога. Низ самиот тек на оваа река, по должината на кој се наоѓаат водопадите, водата е принудена да минува 100-тина метри долго корито од камен и карпи, формирајќи удолу повеќе витли. |