|
||||
Приказна за македонците во Русија |
Во XI и XII век, кога во Македонија постоеше единствена автокефална црква, Охридската Архиепископија, таа беше единственото просветно жариште за многу народи што во тоа време го прифатија Кирилското писмо, а со тоа и христијанството и воопшто македонското влијание на пошироки простори преку Киев и Москва. Во тоа време се покрсти царицата Олга и го доби светото име Елена. И кнезот Владимир се покрстил и оженил во Охрид, синовите Роман и Давид биле канонизирани како светители Борис и Тед со јурисдикција на Охридската Архиепископија. Влијание се вршело и преку Св. Гора од манастирот Св. Катерина. Изградбата на киевската Кирилова црква од XII век во првата апсида наречена македонска сала има зографисано 25 македонски светители и целата градба со мозаици, фрески икони го отсликува македонското влијание во Русија. Постоела силна преписка во православните цркви и Русија го возвраќа влијанието на Македонците со помагање на покорените православни земји. Од XIV век Руската православна црква станува покровител по укинување на Охридската Архиепископија во 1767 г. Руските цареви копнееле по Охрид и ги прифаќале сите Македонци кои се населувале во Русија, бегајќи од теророт што го вршеле Турците во Македонија по Карпошовото, Разловечкото и Кресненското востание и Илинден. Во Украина, Екатерина II во 1752 г. формира православни полкови од доселени Македонци со свој грб и знаме, според архивите проучени од д-р Матковски. Македонските доселеници биле заведувани како Македонци припадници на македонската нација. Трагите на Македонците од тоа време ги сретнуваме во топонимите како Македони, Кумановка, Кратовка, Скопиевка и полковите од 1773 г. наместо македонски ги добиле имињата според градовите како на пр. Нови Полошки полк итн. Тие траги траат не само во топонимите, имињата, писмото, јазикот, туку во целокупната македонска култура останата таму и од XIX век со школувањето на македонски студенти. Во Москва, Петерсбург, Киев, Одеса… работеле голем број македонски учители, учебникари, преведувачи и воспитувачи на царските деца, како Анатол Зографски, кум на Николај I и учител на царските деца, брат му Партение Зографски, Рајко Жинзифов и Андреја Петковиќ биле руски конзули во Турција и Австрија. Браќата Миладиновци, Григор Прличев, Ѓорѓија Пулевски, Крсте Мисирков, Димитрија Чуповски и многу други македонски преродбеници битката за слободна Македонија ја воделе на културно поле од Русија. Откако соседите по Балканските војни си ја поделија Македонија како и народот, јазикот, црквите, териториите, под покровителство на големите сили, прогласиле дека во Македонија немало еднороден јазик и народ, си создале свои еднородни држави со Македонците внатре, не признавајќи ништо наше. Турското ропство го заменија со христијанско. И по 100 години тврдат дека македонското писмо било нивно, дека македонската земја, црква, народ, име им припаѓа ним, на еднородните Грци, Срби, Бугари, Албанци... Под ноктите на грабливците ѕирка македонството што не можат да го сопрат со ништо. Македонскиот дух живее на руска територија како сродност со Македонците и идентичност во соседството – Македонство. Ангелина Маркус |