|
||||
Болоњски псалтир |
Болоњскиот псалтир иако е пишуван во с. Рамне, Охрид, славистите го вбројуваат овој ракопис во битолското ракописно наследство, од причини што се смета дека во Битола се користел овој псалтир. За потребите на црквите во рамките на Охридската книжевна школа, а и подоцна до XV век биле создадени броjни богослужбени книги. Голем броj од ракописите од освоjувачите се однесени од Охрид во Болоња, Москва, Софиjа, Белград, Загреб, Прага, како и во други центри. Особено е значаен Болоњскиот псалтир - значаен македонски книжевен ракопис коj денес се наоѓа во Августинскиот манастир во Болоња - (Италиjа) уште од почетокот на 18 век, по што го добил и името. Во него има 264 пергаментни листови (270/200мм). Книгата jа напишале книжевниците Белослав, Јосиф и Тихота од селото Рамне - Охридско, во периодот од 1230 до 1242 година. Ракописите од тоа време обично биле пишувани со рака на пергамент, а биле и богато украсени со орнаменти и позлата. Болоњскиот псалтир се цени дека е еден од наjубавите ракописи од XIII век. Редакциjата е македонска, а правописот карактеристичен за Охридската книжевна школа. Македонски споменици со глаголско и со кирилско писмо. Составувачи: Илија Велев, Лилјана Макаријоска, Емилија Црвенковска. Скопје: Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“, 2008 ISBN 978-9989-640-82-7 |