Среда, 25 Декември 2013    PDF Печати Е-пошта
Македонската софтверска компанија iVote победник на престижен европски натпревар

 

Македонската софтверска компанија iVote е победник на престижниот европски инвеститорски натпревар (en. European Venture Contest EVC 2013).

evcТоа е најголем бизнис настан во Европа каде на брзорастечките, просперитени и иновативни компании од цела Европа им е дадена шанса да го презентираат својот бизнис потенцијал пред стручно жири составено од еминентни инвеститори и бизнис ангели од целиот свет.

Повеќе од 800 европски компании во раст имаа аплицирано за учество на натпреварот во 2013 година. Преку 12 регионални квалификации, 400 еминентни инвеститори и бизнис ангели избраа 120 компании да презентираат на финалниот самит во Дизелдорф, Германија. Компанијата iVote како победник на балканскиот инвеститорски форум беше поканета да учествува во финалето. Натпреварот беше во организација на Europe Unlimited.

Бизнис потенцијалот за понатамошна експанзија на интернационалните пазари и иновативните решенија на iVote беа оценети како стабилни, ветувачки и перспективни од страна на стручното жири и тоа придонесе iVote да биде прогласена за победник на европскиот инвеститорски натпревар во категорија на ИКТ компании.

Критериумите според кои се оценуваа учесниците беа поделени на 7 категории:

· Бизнис потенцијал на компанијата;
· Професионалното искуство на тимот;
· Технолошки достигнувања;
· Конкурентност на пазарот;
· Привлекување на инвестиции;
· Квалитет на производите и услугите;
· Бизнис презентација на компанијата пред стручното жири.

Проф. Љупчо Антовски, ко-основач на iVote: „Учеството на европскиот инвестициски натпревар ни даде одлична можност да се поврземе со потенцијални партнери и инвеститори со чија помош ќе обезбедиме брз развој и проширување на меѓународните пазари. Оваа награда е признание за правилниот пристап што го имаме кон освојување нови пазари и ја одликува посветеноста на секој член од семејството на iVote“.

Македонска компанија iVote е лидер за софтверски решенија за управување со изборни процеси, избирачки списоци, електронско и корпоративно гласање. Продуктот iVote Demokra овозможува менаџирање на изборните процеси и обезбедува високо ниво на безбедност и транспарентност. Повеќе од 107 милиони гласови ширум светот досега се обработени од страна на
iVote Demokra што придонесе за навремени, транспарентни и веродостојни изборни резултати во многу земји во светот.

Превземено од http://cooltura.mk

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.